Формула 1 - сезона 2014

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.982
Поени од реакции
14.769
Магнунсен е казнет бидејќи го истурка Алонсо во тревата со скоро половина болид.А тоа се случи на брзина од околу 320 км/ч,и плус во следните кривини неколку пати ја менуваше тркачката патека.

 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.412
Поени од реакции
2.753
А да те прашам тебе @Black Knight го гледаше Британското ГП? Како тогаш Алонсо го затвораше Фетел, и му вртеше кога беа тркало до тркало? Тогаш викавте Фетел е плачко? Епа во овој случај Алонсо излага плачко. Епа затоа паметниот Алонсо нека си добива на секоја 3-та трка казна од 5-10 секунди и нека ги губи сите вакви дуели. Тогаш Фетел ја доби битката со Алонсо, сега Алонсо ја изгуби битката со Фетел, Батон, Магнусен...[DOUBLEPOST=1408909836][/DOUBLEPOST]
Какво копиле е Розберг ако стварно удрил во Хамилтон намерно како што Хамилтон изјавил дека Розберг признал на состанок дека го удрил за да покаже дека е во право...
Толку од слободно тркање меѓу Розберг и Хамилтон, им дошло преку кур на Тото Вулф и компанија, највероатно од наредна трка ќе гледаме тимски наредби во Мерцедес.
Море и двајцата без уши треба да ги остават.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
А да те прашам тебе @Black Knight го гледаше Британското ГП? Како тогаш Алонсо го затвораше Фетел, и му вртеше кога беа тркало до тркало? Тогаш викавте Фетел е плачко? Епа во овој случај Алонсо излага плачко. Епа затоа паметниот Алонсо нека си добива на секоја 3-та трка казна од 5-10 секунди и нека ги губи сите вакви дуели. Тогаш Фетел ја доби битката со Алонсо, сега Алонсо ја изгуби битката со Фетел, Батон, Магнусен...
А, како тоа Алонсо плачеше освен што ја крена раката? Не плачеше ни по трката ни за време на трката на тимското радио. Очигледно не ти е омилен Алонсо, ама Алонсо секој што прати Ф1 и има разбирање ќе ти каже дека Алонсо е многу подобар возач. На било кое поле.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
2014 БЕЛГИЈА ГП: КОГА ДВАЈЦА СЕ КАРААТ, ТРЕТ КОРИСТИ!!! ДАНИЕЛ РИКИАРДО ЈА ЗАБЕЛЕЖА ТРЕТАТА СЕЗОНСКА ПОБЕДА!!!


Даниел Рикиардо ја забележа својата трета победа во оваа 2014 сезона, како директна последица на контактот помеѓу тимските колеги на Мерцедес АМГ веќе во вториот круг од Големата Награда на Белгија што се возеше денес на легендарната СПА-Франкоршамп. Инцидентот донесе дупната гума за Луис Хамилтон, падна на последното место за конечно да се откаже од трката во 39 круг. Нико Розберг претрпе штета на предното крило, но на крајот го обезбеди второто место. Валтери Ботас по четврти пат на подиумот со третото место пред Кими Раиконен од Ферари, кој го забележа својот најдобар резултат на сезоната.

Пред стартот на трката, проблеми со болидот на Фернандо Алонсо. Болидот на Шпанецот сè уште беше на дигалки, а членовите на неговиот екипаж се уште беа на патеката по објавувањето на знакот за 15-секунди до почеток на формацискот круг. Подоцна тоа му донесе казна од пет секунди мирување во бокс. Со гасењето на црвените светла Луис Хамилтон имаше добар старт и го искористи киксот на Нико Розберг за да го превземе водството уште по првата кривина. Истото му успеа и на Себастијан Ветел, но кога се обиде да го претекне и Британецот тој се префорсира, излезе надвор од патеката и се врати повторно зад Розберг.

Драматичниот старт со тоа не заврши. Веќе во следниот круг Нико Розберг се обиде да го претекне неговиот тимски колега, но Хамилтон добро затвори и се случи можеби очекуваното, контакт помеѓу двата болида, со претходно споменатите последици по трката за двајцата возачи. Британецот се упати назад кон боксот по ново тркало, додека на Розберг му беше кажано да остане на патеката да видат како ќе се развиваат работите.

Позади нив Даниел Рикиардо беше во свој елемент, па прво го претекна Алонсо на Les Combes, а потоа и својот тимски колега, кој направи грешка при свиокот Pouhon. Австралиецот потоа тргна по Розберг, кој пријави дека болидот не се однесува како што треба поради штетата на предното крило. Рикиардо се доближи на една секунда зад Розберг, па во Мерцедес АМГ донесоа одлука да влез во бокс, по ново крило и нови гуми. Возачот на Ред Бул го презеде водството.

Добро напредуваше и Валтери Ботас, го помина Алонсо, кој при првото влегување во боксот ја издржа и казната од пет секунди мирување. По првата серија на промени на гуми, редоследот беше Рикиардо, Кими Раиконен, Ветел, Розберг, Ботас, Магнусен и Алонсо. Хамилтон беше 16-ти и не можеше да напредува напред, со темпото како што го правеше тоа не некои од минатите трки.

Во 16 круг Розберг се обиде да го претекне Ветел за третото место, но излезе надвор од патеката, со што му овозможи на Ботас лесно да го претекне со помош на ДРС-от. Розберг тогаш пријави со тимот дека чуствува значајни вибрации од предните гуми и тој беше принуден повторно да влезе во боксот во 19 круг, повторно на медиум гуми. Се врати на 11-тото место, но наскоро беше 9-ти. Раиконен го направи својот втор пит-стоп од второто место при 21 круг, а неговиот пример го следеа и Ветел, Рикиардо. Водството во тој момент го презеде Валтери Ботас, кој имаше само едно застанување во бокс, пред Розберг кои веќе ги имаше два. Но, Финецот веќе во следниот круг влезе по замена на своите гуми, со што Розберг се врати на првото место.

Со 10 круга до крајот Розберг и Ветел влегоа во бокс по нови меки гуми, со цел искористување на побрзо темпо за напредување во поредокот. Розберг се врати на четвртото место и многу брзо ги претекна Ботас и Раиконен, но беше огромни 22 секунди зад Рикиардо Тоа беше премногу голема разлика за да се стигне до победата, иако неше за нешто над 2 секунди побрзо по круг. Зад него Раиконен се обидуваше да го задржи третото место, но неговите гуми не издржаа и беше поминат од Ботас за последнот скалило на подиумот.

Раиконен беше безбеден на четвртото место, но гледавме драматична битка за петто место, помеѓу Магнусен, Алонсо, Батон и Ветел. Германецот во Ред Бул ја доби таа битка, благодарение на поновите гуми. Магнусен беше шести пред Батон и Алонсо. Но, не помина се како што треба за Магнусен, кој заработи казна од 20 секунди по завршувањето на трката, поради истуркувањето на Алонсо надвор од патеката.

Напред, Рикиардо смирено и под контрола стигна до третата Победа во својата Ф1 кариера, па сега има 156 поени, само 35 зад Хамилтон, кој останува на 191 поен. Розберг, пак, стигна до 220 поени на првото место во генералниот пласман на возачи, со 29 поени предност пред следната трка во Монца.
Голема Награда на Белгија, СПА-Франкоршамп
44 круга, 308.052км., Време: Сончево.

ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Даниел Рикиардо Ред Бул 1ч24:36.556 25
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 3.383 18
3. Валтери Ботас Вилијамс + 28.032 15
4. Кими Раиконен Ферари + 36.815 12
5. Себастијан Ветел Ред Бул + 52.196 10
6. Кевин Магнусен Мекларен + 54.262*8/0
7. Џенсон Батон Мекларен + 54.580 6/8
8. Фернандо Алонсо Ферари + 1:01.162 4/6
9. Серџо Перез Форс Индија + 1:04.293 2/4
10. Дањил Квјат Торо Росо + 1:05.347 1/2
11. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:05.697 1
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:11.920
13. Фелипе Маса Вилијамс + 1:15.975
14. Адријан Сутил Заубер + 1:22.447
15. Естебан Гутиерес Заубер + 1:30.825
16. Макс Чилтон Марусија + 1 круг
17. Маркус Ериксон Катерам + 1 круг
18. Жил Бјанки Марусија + 5 круга
*плус 20 секунди казна, што го носи на 12 место

НАЈБРЗ КРУГ: Нико Розберг - 1:50.511

БЕЗ ПЛАСМАН:
Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 39
Роман Грожан Лотус 34
Пастор Малдонадо Лотус 2
Андре Лотерер Катерам 2

Генерален пласман по 12 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 220 1. Мерцедес АМГ 411
2. Луис Хамилтон 191 2. Ред Бул 254
3. Даниел Рикиардо 156 3. Ферари 160
4. Фернандо Алонсо 121 4. Вилијамс 150
5. Валтери Ботас 110 5. Мекларен 105
6. Себастијан Ветел 98 6. Форс Индија 103
7. Нико Хулкенберг 70 7. Торо Росо 19
8. Џенсон Батон 68 8. Лотус 8
9. Кевин Магнусен 37 9. Марусија 2
10. Фелипе Маса 40
11. Кими Раиконен 39
12. Серџо Перез 33
13. Жан-Ерик Верн 11
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 7
16. Жил Бјанки 2

http://mkformula1.blogspot.com/

ЛУИС ХАМИЛТОН ПОЛУДЕ, ПСИХОЛОШКАТА ИГРА НА РОЗБЕРГ ГО ИЗЛУДЕ


Хамилтон ја губи психолошката војна со Нико Розберг. Како по обичај почна со изнесување на приватните работи на Мерцедес АМГ тимот.

По неговите изјави кои ги пренесоа агенциите дека судирот бил намерен, се појави потреба да излезе Тото Волф со демант на оваа изјава на Британецот.

Тото Волф: "Нико чувствувал дека е потребно да ја задржи својата линија. Според Луис, тој не требало да биде возачот што ќе внимава во овој дуел. Тој инсистира дека оставил доволно простор, а според Нико, Луис не му оставил доволно простор. Така да тие се согласија дека не се согласуваат меѓусебно во многу жестока дискусија, но дека тоа беше намерен судир е нонсенс. Тоа е глупост."
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.412
Поени од реакции
2.753
А, како тоа Алонсо плачеше освен што ја крена раката? Не плачеше ни по трката ни за време на трката на тимското радио. Очигледно не ти е омилен Алонсо, ама Алонсо секој што прати Ф1 и има разбирање ќе ти каже дека Алонсо е многу подобар возач. На било кое поле.
Точно, одличен возач е, ама како човек не е. Се нервира, прави она, прави ова, сака да биде #1 возач во тимот... Поради тоа нешто не го сакам.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Точно, одличен возач е, ама како човек не е. Се нервира, прави она, прави ова, сака да биде #1 возач во тимот... Поради тоа нешто не го сакам.
Темпераментноста го прави возач каков што е, одличен. Врати се во времето кога имаше по солиден болид во Рено, а еве и во Ферари кога има можност истото го прави. Претежно сите бараат добра локација за претекнување и никогаш не мислат за наредната кривна, а Алонсо секогаш плански претекнува и никогаш не се мисли дали да оди или да чека подобар момент. Проблемот што е таков темпераментен (мое мислење) е дека е поради тоа што цела кариера има просечни болиди кои неможат да му овозможат титула и поради тоа е таков, а и самиот е свесен дека има квалитет.

За таков возач 3 титули се малку. Се надевам догодина у друг тим ќе иде, се молев да отиде у Ферари, сеа се молам да си отиде.
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.412
Поени од реакции
2.753
Темпераментноста го прави возач каков што е, одличен. Врати се во времето кога имаше по солиден болид во Рено, а еве и во Ферари кога има можност истото го прави. Претежно сите бараат добра локација за претекнување и никогаш не мислат за наредната кривна, а Алонсо секогаш плански претекнува и никогаш не се мисли дали да оди или да чека подобар момент. Проблемот што е таков темпераментен (мое мислење) е дека е поради тоа што цела кариера има просечни болиди кои неможат да му овозможат титула и поради тоа е таков, а и самиот е свесен дека има квалитет.

За таков возач 3 титули се малку. Се надевам догодина у друг тим ќе иде, се молев да отиде у Ферари, сеа се молам да си отиде.
Погрешно мислење си имал за Ферари. :P:cool::D Сакаш у Мекларен да иде?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Сеедно каде, никогаш не навивам за тимови само Алонсо и многу одамна Шуми. Само да има конкурентен болид да им парира на Хамилтон, Ветел, Рикиардо и останатите. Ред Бул/Мекларен/Мерцедес па и Вилијамс :D
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Морам да признаам дека кога ја гледав во живо трката ова на Магнусен и Алонсо изгледаше како нормален тркачки дуел, али не го забележив ова кога го одбацил у трева, и со право е казнет, веројатно ради безбедносни причини.

Инаку добро е што се разгорува ситуацијава во Мерцедес, барем да стане малку интересно :sneaky:
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Инаку добро е што се разгорува ситуацијава во Мерцедес, барем да стане малку интересно :sneaky:
Не да се разгорува, стигната е до точка на вриење, но ќе ги смират со тимски наредби... Но, од друга страна дали е стигнато време кога нема да се почитуваат од возачите...
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.412
Поени од реакции
2.753
Не знам дали приметивте, ама Мерцедесите сезонава у 8 брзина воопшто не ни шалтаат!? Гледам Ботас на 310km/h префрла у 8, а Мерцедесите у 8-ма јок бре. Е на Монца мислам ќе мора.[DOUBLEPOST=1408914839][/DOUBLEPOST]
Не да се разгорува, стигната е до точка на вриење, но ќе ги смират со тимски наредби... Но, од друга страна дали е стигнато време кога нема да се почитуваат од возачите...
Па Хамилтон у Унгарија не почитуваше.
 
Член од
22 февруари 2013
Мислења
322
Поени од реакции
303
Ако не сакаат да ги изгубат речиси освоените Титули, ќе мора да ги оладат...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Сосема со право е казнет Магнусен, затвараше каде што треба и не треба, си има правила за бранење позиција.
Јас лично поштувам агресивна вожнња, али треба да се има тајминг кога и како, нешто што Алонсо го прави перфектно.
Но Магнусен е многу далеку од Алонсо, премногу е зелен, има време да си го гради стилот и да се гради како пилот општо, и поради тоа не го критикувам толку многу. Но, или ќе научи или ќе стане ботлак ко Малдонадо.

Ако не сакаат да ги изгубат речиси освоените Титули, ќе мора да ги оладат...
Ќе биде интересно ако Хамилтон нема да сака да ја проголта гордоста и да попушти, што е можно сценарио :D
А гледам и Розберг станал многу потемпераментен и агресивен, ривалствово со Хамилтон изгледа го смени :)
 
Последно уредено:

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.967
Најлошото што може да се случи сега е уфрлување на тимски наредби...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom