Не мора да биде прашување, ни суптилно. Доволно е што ќе јадат хамбургери и пици за на девојката да и` кликне во мозочето. Најчесто девојките си бараат удобен живот. Кратко речено, освен ако типката не е нешто необична и нема некои посебни критериуми, како што најчесто е случајот со мнозинството, тогаш, кај неа може да успее секој убав, добар младич кој може да и` овозможи елементарно удобен живот.
Ако тоа не е така, зошто воопшто не гледаме поекстремни примери во нашето секојдневие, од типот на девојка од скопје која заминала да живее во село со 5 житела заедно со дечко и` кој е невработен и без добиток.
Ова е стереотипизација. Хамбургер и пици значи дека нема да има удобен живот? Демек ако кога е сингл и јаде пици и хамбургери нема удобен живот?
Поентата на врската, откако таа ќе се стабилизира и ќе прерасне во нешто сериозно е двајцата заеднички да градат живот. Пред 70-80 години кога жените не работеле, мажот бил одговорен за обезбедување на удобен живот, а жената за да се грижи за домот и децата. Денес не е така. Заеднички се гради иднина. Освен оние кои исклучиво сакаат материјална благосостојба и да одат на шопинг по цел ден, останатите просечни, обични девојки самите работат, градат кариери и се грижат за обезбедување на удобен живот.
Не гледам зошто мажот би требало да обезбедува удобен живот во една заедница во време кога жените подеднакво се способни и имаат шанси да придонесуваат за тој удобен живот. И јас не знам која е таа обична, просечна девојка која очекува дека мажот треба било што да и обезбеди. Иднината заеднички се гради. Еве еден куп свадби има во последно, нормални, обични парови каде двајцата подеднакво придонесуваат за домот и живеат релативно нормален живот (за македонски услови).
Просечниот дечко и просечната девојка, бараат некој компатибилен во карактер и со кого ќе се сакаат и ќе градат фамилија ЗАЕДНО. Останатите форми постојат, но тие не се просекот. Има девојки кои до 50 години сакаат да седат по сепариња и да пијат на туѓа сметка. Има мажи кои се удомуваат во богата фамилија и ја користат жената. Има се и сешто, но тоа се отстапки, а не правила.
Се разбира дека ти оди муабетот кога се запознавате,се прашувате кој каде завршил,каква музика слуша,каде излегува,кој каде живее,кој што работи,колкави му се примањата,каков мобилен има во џеб или на маса,ако ги извади клучевите на маса се гледа по клучот името на автомобилот па се прашува кој модел е,од која година е а кога ќе се исполни очекуваното доаѓа моментот на љубовта и се разбира продолжуваат со излегувањата
Кога јас бев ерген машките трчаа по девојки,сега по децата гледам дека тоа е обратно и вообичаена практика
Кој побогу прашува кој какви примања има?
Да, кога се запознаваш прашуваш основни прашања од типот на кај учеше, каква музика слушаш, некои смешни анегдоти, ама за примања некој да прашува, тоа прв пат слушам. По мобилен? Сериозен си?

Во денешно време мобилен некој гледа? Да, ако некој има 14 години, можеби. Никој не го интересира кој каков мобилен има. Клучеви на маса? Кој става клучеви од кола на маса? КОЈА ДЕВОЈКА БРЕ ПРАШУВА ЗА МОДЕЛ НА КОЛА?

Прв пат слушам за ова, ама тип да извади клучеви од кола на маса за да се покаже као мангЛуп, не ми делува на човек што има два грама мозок и сигурно ќе си најде некоја слична на него. А нормален, просечен дечко, такви глупости не прави, исто ко што нормална девојка не и е гајле каква кола има дечкото.
Пак ќе кажам, јас вакви појави немам во околина, околу мене знам милион парови и ниту еден од нив со вакви глупоштини не се замарал, ниту проаѓал низ тоа.
Првите излегувања и почетоците на врската се за забава, излагаш, убаво ти е и тоа е тоа, никој тогаш не мисли на сериозни работи, ниту се замара со тоа.
Ако врската премине во малку посериозна, тогаш нормален дечко и нормална девојка заедно прават планови и заедно градат иднина. Нема што едниот или другата да прават работи од интерес или да очекуваат само едниот да носи товар на грб коа станува збор за иднината.