питачи на раскрсници, до кога?

  • Креатор на темата Креатор на темата alekso.mk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Локација
Skopje
На секоj сопственик на автомобил му се случувало да застане во центарот на градот на семафор и да му доjде еден или повеке питачи, под некоj предлог како бришење стакла или друго. Ги има наjвеке по партизанска, каj нова македониjа раскрсницата и по капиштец чат пат.

Значи ова работа нема никаде низ светот, како прво го загрозуваат сообракаjот како друго тоа не покажува како некоjа питачка земjа, за гостите што ни доагат како трето ова едноставно не смее да постои и полициjата и општините морат да се борат со тоа. Значи ова е тотална мизериjа и многу ме нервираат кога ми доагат на прозор и ми jа чепкаат колата.

Некои идеи како да се крене свесноста за овоj проблем на градот да се напише во весник или интернет портал некоj?
 
У право си. Дај ќе се поливаме со ладна вода да кренеме свест за питачите на расксрници!

Те номинирам тебе, патем треба да земеш еден питач и да го храниш и чуваш како твој до крајот на животот.

Имаш 24 часа.
 
Збориш како да не сме питачка држава :icon_lol:

Не се само ромите во последно време не е ретка глетка и македонци по контењери да гледаш.

Тебе многу те нервираат што ќе ти ја замажат колата која за 100 - 200 денари можеш да ја испереш, а нив ги нервира што немаат кај да јадат и спијат. Што да речам секој со своите маки :facepalm:
 
па нека застанат до владата тие имат наjвеке пари и барат од нив, зашто стоjат на семафори. А ке згазиш некоj од нив ке одиш во затвор. Зашто ако поминуваш улица не на пешачки можат да ти лупнат казна а овие на црвено стоjат сред раскрсница, каде е полициjата?
 
Не им давајте пари и ќе ги снема. Чисто економска логика.
Не сум баш сигурен дека тие живеат од тоа што ќе го испитачат. Претпоставувам дека повеќето се на социјална помош, а питањето им е бонус.
 
па нека застанат до владата тие имат наjвеке пари и барат од нив, зашто стоjат на семафори. А ке згазиш некоj од нив ке одиш во затвор. Зашто ако поминуваш улица не на пешачки можат да ти лупнат казна а овие на црвено стоjат сред раскрсница, каде е полициjата?
Полицијата лупа казни на тие што имаат пари. Што може да им направи полицијата на нив? Да ги пикне в затвор? Казна да им пише?

Решението е социо-економски развој ама на територија на Македонија тоа е научна фантастика.
 
Решение:
Вози стара кола и никој ништо нема да ти бара.

Тоа не е решение на проблемот туку бегање од него. Аjде да го укинеме сообракаjот поради питачите скроз тогаш. Сите пешки и на точаци.

Доста ги толерираме по контењери да шетаат и низ кеjот по кафичите и по центарот на градот.
Ти да го загзиш тоj питач што не вреди ништо ке одиш во затвор 7 години поради овие идиоти и владата што не сака да го признава проблемот и да направи нешто.

А и повекето од раскрнички питачи се или мали деца (!!каде се детски домови, ако не се способни да го хранат детето државата мора да го одземе и да се грижи сама за него) или возрасни здрави цигани што можат да идат да градат, копат или така натаму да си наjдат физичка работа ако не ги бива за друго.
 
Не сум баш сигурен дека тие живеат од тоа што ќе го испитачат. Претпоставувам дека повеќето се на социјална помош, а питањето им е бонус.

Обратно е, живеат од питачење а социјалната помош им е бонус.
Тебе може ти изгледа чудно, ама тие питаат по цел, некој ќе им фрли 5 денари, некој 10 или 20 и до крајот на денот се собира една солидна дневница.
Сеа ми текна, има една кратка приказна од Дојл, во која главен лик е човек за кој сите мислат дека е успешен трговец, а он уствари преку ден се маскира во питач и на тој начин заработува солидна сума на пари.

Инаку мене лично најмногу ме нервира што добар дел од питачиве знаат да бидат дрски и безобразни ако не им дадеш ништо, ми се има случено да налетам на неколку мали Ромчиња и на едно од нив му ги дадов ситните пари што ми се најдоа во џеб и другиве почнаа да ми јадат вафли што не сум им дала и нив.
Да не зборувам дека некои од нив паралелно со питање се занимаваат и џепарошење.
 
Последно уредено:
Полицијата лупа казни на тие што имаат пари. Што може да им направи полицијата на нив? Да ги пикне в затвор? Казна да им пише?

Решението е социо-економски развој ама на територија на Македонија тоа е научна фантастика.
Баш неодамна читав http://www.faz.net/aktuell/wirtscha...hen-gegen-agressive-bettler-vor-13106486.html
Питачи ги има секаде, еве во германиjа се воведува закони за казните за питачите до 750 евра, незнам што сакаат нека им прават - нема пари да плати казна - оди во затвор 30 дена, мене поентата ми е дека тие го загрорзуваат сообракаjoт и мора да се отстранат од раскрсниците!
 
Моите симпатии се на страната на сиромашните
Погледајте го филмот Светецот од Форт Вашингтон, со Дени Гловер и Мет Дилон. Филмот зборува за двајца кои мијат прозорци на коли
http://en.wikipedia.org/wiki/The_Saint_of_Fort_Washington

Но можно е нешто друго. Постоење на криминалци кои ги доведуваат овие луѓе точно на таа и таа раскрсница и кои обезбедуваат да никој друг не го прави тоа на исто место, така да најголемиот дел од парите завршува кај криминалците
 
Баш неодамна читав http://www.faz.net/aktuell/wirtscha...hen-gegen-agressive-bettler-vor-13106486.html
Питачи ги има секаде, еве во германиjа се воведува закони за казните за питачите до 750 евра, незнам што сакаат нека им прават - нема пари да плати казна - оди во затвор 30 дена, мене поентата ми е дека тие го загрорзуваат сообракаjoт и мора да се отстранат од раскрсниците!
Абе ок си е тоа ама не е решение. И 100 евра да е па и 50 евра и помалку они немаат пари или и да имаат им се под перница така да сигурно нема да платат казна.

Затворот е само привремено решение и плус ја кошта државата пари таму фактички имаат кров на глава и храна каква таква на сметка на државата и после 30 дена они пак ќе се вратат на истото место.[DOUBLEPOST=1408807168][/DOUBLEPOST]П.С Еве и во твојот линк/артикл пишува дека казните немаат никаков ефект на луѓето „во позадина“ т.е криминалците.
 
Последно уредено:
Обратно е, живеат од питачење а социјалната помош им е бонус.
Тебе може ти изгледа чудно, ама тие питаат по цел, некој ќе им фрли 5 денари, некој 10 или 20 и до крајот на денот се собира една солидна дневница.
Сеа ми текна, има една кратка приказна од Дојл, во која главен лик е човек за кој сите мислат дека е успешен трговец, а он уствари преку ден се маскира во питач и на тој начин заработува солидна сума на пари.

Инаку мене лично најмногу ме нервира што добар дел од питачиве знаат да бидат дрски и безобразни ако не им дадеш ништо, ми се има случено да налетам на неколку мали Ромчиња и на едно од нив му ги дадов ситните пари што ми се најдоа во џеб и другиве почнаа да ми јадат вафли што не сум им дала и нив.
Да не зборувам дека некои од нив паралелно со питање се занимаваат и џепарошење.
Ќути не ти се десило група циганчиња во парк да ти се соберат и да ти бараат пари, а ако не им дадеш, ти се заканувааат дека ќе те плукнат. :) Пошто и такви работи се дешаваат.
Во секој случај, јас не верувам дека успеваат да заработат толку многу....

Како и да е, питачењето на јавно место, колку што знам јас е прекршок против јавниот ред и мир, што значи полицијата треба да преземе мерки.

А баш ме интересира како би реагирале ако се јавиш да пријавиш питачење :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom