Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Anima Mundi и сличните фауна либерали заслужуваат да бидат пикнати в зандана, 40 дена, само на леб и вода. Со своето куче.
 
Во Данска се веќе забранети 13 раси на кучиња во кои спаѓа и шарпланинецот...

Еве ја листата:

  • Pit Bull Terrier
  • Tosa Inu (Japanese Fighting Dog)
  • American Staffordshire Terrier
  • Fila Brasileiro
  • Dogo Argentino
  • American Bulldog
  • Boerboel (South African Mastiff)
  • Turkish Kangal
  • Central Asian Ovtcharka
  • Caucasian Ovtcharka
  • South Russian Ovtcharka
  • Tornjak
  • Sarplaninac
 
Изгледа нема да ја посетам Данска никогаш :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Не, нема потреба од закон.

Има потреба од тоа кога куче ќе те нападне, какво и да е, да го тужиш и да му ги земеш парите.
Има потреба од тоа кога некое животинче ќе биде отруено, да се покрене постапка, да се најде сторителот и да биде осуден парично или затворски.

А закони со кои со сила ќе се бориме против опасни животни, или закони за заштита на животни е куроклатница.
И тој активизмот на Анима Мунди. Човече. Па апелираат да не се трујат животните.
Нека платат неколку трујачи по 5-6 илјади евра казна отштета на семејството на кое му отруле маченце/кученце, и да видите дали пак ќе проба.

Ама се додека нема animal lawyers, ќе се дешава ова.
 
Треба да има по културна регулатива не како европскиве закони тотално да се забранат раси него да означат реално десетина раси кои можат сериозна штета да направат и еднаш годишно да подлежат на испит каде ке се гледа дали е кучето социализирано и агресивно, на луѓе и на други животни.
 
Не, нема потреба од закон.

Има потреба од тоа кога куче ќе те нападне, какво и да е, да го тужиш и да му ги земеш парите.
Има потреба од тоа кога некое животинче ќе биде отруено, да се покрене постапка, да се најде сторителот и да биде осуден парично или затворски.

А закони со кои со сила ќе се бориме против опасни животни, или закони за заштита на животни е куроклатница.
И тој активизмот на Анима Мунди. Човече. Па апелираат да не се трујат животните.
Нека платат неколку трујачи по 5-6 илјади евра казна отштета на семејството на кое му отруле маченце/кученце, и да видите дали пак ќе проба.

Ама се додека нема animal lawyers, ќе се дешава ова.
Доколку Анима Мунди имаше било какви сознанија за сторителите, не мислиш дека би реагирале веднаш?
АМ нудеа и парична награда за било каква информација што ќе доведе до откривање на идентитетот на барем еден сторител, но никој нема муда да истапи и да каже било какво инфо. Луѓе, кога не поседувате одредени информации, ве молам, ама ве молам, не ширете шпекулации.
 
http://www.yousignanimals.org/Man-e...the-wrong-breed-Against-BSL-in-Denmark-t-2403
Ова некои ќе го наречат глупавост, но замислете колкава е глупавоста на оној кој дал идеја за BSL. Мене искрено ми се насолзија очите од ова... Замислете член од фамилијата кој на мравка не стапнал да ви го одземат и го убијат само заради негово постоење. Данска е вброена во мојата листа на најкатастрофални држави.
 
Еве што може човек да го снајде од кучињата и дебилите што ги чуват

https://www.youtube.com/watch?t=10&v=MkiVWKKgHfQ
Не е до кучињата туку до сопственикот.
Питот може да се воспита помирен и од желка да биде.
А на видеово не се погодил некој што не се плаши и несака кучиња.
 
Не е до кучињата туку до сопственикот.
Питот може да се воспита помирен и од желка да биде.
А на видеово не се погодил некој што не се плаши и несака кучиња.

Па така де, никој не вели дека питовите не може да се добри кучиња - туку дека и тие, и многу други големи и крупни кучиња треба да бидат третирани како оружје. Треба да се дава дозвола за чување, и тоа само на одговорни луѓе, што не се осудувани за криминал и кои немаат документирани психолошки проблеми и болести.
Огнено оружје на сите ли им даваат без ограничување и контрола?

Се што се зборува на темава, не е да се забранат питовите, или другите крупни раси. Зборуваме за регулирање на тоа кој може да чува такво куче, и како треба да го чува, и како тоа да се контролира за ситуациите како таа на видеото - да не се случуваат.
Пошто да се разбереме, ако се работеше за пекинезери или пудлици немаше погоре да гледаме растргнување на луѓе.
 
Луѓе, ова е Тара. Ја најдов оставена, болна, со милион рани и лузни на себе, значи малтретирана и борена. Беше преплашена, нормално, реагираше агресивно и дефанзивно. Ја изгубила сета доверба во човештвово и тоа со причина. И беа потребни само 15 минути додека да се врати на себе и да стане тоа што е- маза!
Еве ја после цел месец- напоменувам борено и матретирано куче! ма да не знам ни зашто го напоменав тоа кога само еден поглед да и се фрли ќе се видат сите лузни...11987154_10206357103800429_3384663596823805817_n.jpg 11988654_10206357103560423_5652908213799665602_n.jpg

И пак, не не е потребна никаква легислатива!
Закони постојат за благосостојба и начин на чување. Наместо да бараме да се наметнуваат легислативи, можеби е време да се позаангажирате малце да се почитуваат законите што веќе постојат! Зашто воведувањето на нови, т.н. легислативи, нема да ја подобрат состојбата во која што живеат овие кучиња ама баш ИЧ!
 
@ZeenaK9 прoблемот е што таквите како тебе, на жалост сте многу поретки од идиотите кои ги злоупотребуваат тие кучиња - дури и да не ги борат, голем дел од нив едноставно не знаат како да ги социјализираат и воспитаат, за тие кучиња да бидат безбедни за околината.
Навистина не гледам никаков проблем во тоа криминалци, или психички болни, да не можат да поседуваат физички големи кучиња (како питбулите). Зарем нема да се согласиш дека она што се гледа во видеото погоре, е ужасно искуство кое може да му се случи на било кој?

Јас сеуште сметам дека некои раси се со поголем потенцијал за учество во беља со големи последици. Но се согласувам дека тој потенцијал е многу тешко емпириски да се измери, а е потецијал кој навистина го имаат сите кучиња што физички се доволно големи. Затоа ете, таквата легислатива не мора да биде за специфични раси, туку за сите доволно големи кучиња. Значи не забрана за чување, туку селекција кој се може да чува такви кучиња, и специфични правила и обврски за нивно безбедно чување.


Но секако ти си 100% во право за тоа дека џабе се било какви нови легислативи, кога ниту постоечките закони не се почитуваат. Најеклатантен пример: борбите со кучиња се реалност во државава, и се вртат многу пари во таа работа. Доволно пари за дел да завршат кај тие што треба да го спречуваат тоа, за да „замижат“.
Тара ете имала среќа ти да ја најдеш, но уште колку други такви кучиња има?
 
Луѓе, ова е Тара. Ја најдов оставена, болна, со милион рани и лузни на себе, значи малтретирана и борена. Беше преплашена, нормално, реагираше агресивно и дефанзивно. Ја изгубила сета доверба во човештвово и тоа со причина. И беа потребни само 15 минути додека да се врати на себе и да стане тоа што е- маза!
Еве ја после цел месец- напоменувам борено и матретирано куче! ма да не знам ни зашто го напоменав тоа кога само еден поглед да и се фрли ќе се видат сите лузни...Прегледај го приврзокот 128487 Прегледај го приврзокот 128488

И пак, не не е потребна никаква легислатива!
Закони постојат за благосостојба и начин на чување. Наместо да бараме да се наметнуваат легислативи, можеби е време да се позаангажирате малце да се почитуваат законите што веќе постојат! Зашто воведувањето на нови, т.н. легислативи, нема да ја подобрат состојбата во која што живеат овие кучиња ама баш ИЧ!
Како доказ од лично искуство можеш да си го документираш ова со едно убаво текстче и да го залепиш низ фб. Чисто како доказ за сите оние многуте кои веруваат дека секој Пит Бул е монструм... Секоја ти чест ова големо дело. Браво. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom