Коцкарска рехабилитација.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Што ми кажуваше еден мој пријател, како било во Швајцарија. Таму луѓето не одат во казина за да заработат пари, туку за да потрошат. .
Ова.
Познавам човек кој си штрака по апарати и еднаш уз муабет ми вика, ја не сум дошол да зеем пари туку да ми пројде време.
Си иам месечен буџет на страна тргнат за коцкање и ако го потрошам тој буџет си идам дома и никого ништо.
Ама лошото е шо кај нас луѓето у коцкањето гледаат начин на заработка, што практично е невозможно.
 
Да, државата е крива што луѓето се слаби мочковци. Државата е крива за алкохолизмот, бидејќи дозволува да се продава алкохол, државата е крива што има силувања бидејќи дозволува полуголи жени по улици, државата е крива што брокери заработуваат големи пари бидејќи дозволила берза која е еден вид на коцка, и така, во бескрај.

Чаре, Саудиска Арабија.
Да државата е крива, кога во помалите градови има повеќе кладилници отколку колонијални дуќани, места каде порано имало салони за гардероба сега се кладилници. Знаеш дека кладилниците се место за заработка, а не за разонода. Тука е и главната разлика во тоа дали ќе стане некој зависен од коцка.
 
А демек ако немаше толку мн кладилници помалку коцкари ќе имаше... Кој сака да се коцка ќе се коцка, дали ваму или таму сеедно, исто како и сите други пороци...
 
Ова.
Познавам човек кој си штрака по апарати и еднаш уз муабет ми вика, ја не сум дошол да зеем пари туку да ми пројде време.
Си иам месечен буџет на страна тргнат за коцкање и ако го потрошам тој буџет си идам дома и никого ништо.
Ама лошото е шо кај нас луѓето у коцкањето гледаат начин на заработка, што практично е невозможно.
Возможно е да се заработи ама нема да заработат коцкари.Пишав во една друга тема воглавно околу кладилницата пошо играм редовно и знам дека може далеку од тоа дека неможе да се изгуби али со со она познатото ред,рад и дисциплина се добива само далеку од тоа дека се добиваат големи суми т.е може ама ке ризикуваш толкави суми и да изгубиш.

Коцкарите се посебен случај како шо пиша и членов погоре они ако сакаат да се кладат ке најдат начин и на што било ке се коцкаат па кога едно време ги затвориа кладилнициве имаше една во еден сокак не ја имаа најдено уште па тоа редици имаше пред неа буквално а кога и неа ја затворија имаше луге шо одеа по други градови за спортска да уплатат.
 
Мислам дека тешко се лечи, но зошто да не се проба?
Ако има некој кој е психолог или студира психологија можеби ќе објасни какви се можностите за лекување
Српскиот писател Лаза Лазаревиќ, напиша една прекрасна приказна за завсноста од коцкање
http://guskova.ru/~mladich/Laza_Lazarevich/prvi_put_s_ocem_na_jutrenje
 
'Some Parkinson’s patients taking the drug pramipexole, which replenishes the dopamine levels lost to the disease, turn into gamblers. Because dopamine also serves as “the main messenger in the reward systems” of the brain, imbalances in the chemical can trigger gambling, overeating and drug addiction.'

Цк, нема да ги „излечите“ ако им ги смените друштвата.

И нема да ги излечите ако некој забрани нешто. Ако е забрането, пак ќе постои, ама у соба со придушено светло и со спуштена ролетна.
 
Првите коцкари, алкохоличари и наркомани на планетава, можеби не ги знаеле последиците од нивните пороци и се нашле во бездната порано или подоцна, па нив можеби и не треба многу да ги критикуваме, како и да е.
Ама пичка му матер во 21ви век, луѓето сеуште да немаат доволно сознанија за опасностите од различните горенаведени активности и други од сличен карактер, треба да се дојдени/паднати од Марс или да се премногу глупави да заглавуваат со најчестите пороци на денешницата. Дали треба да си ептен цврст карактер за да не заглавиш или ептен лабилен карактер за да заглавиш, мислам второто. Глупоста е немерлива, па гледаш дека тонеш и тонеш, гледаш дека нема подобрување и упорно тераш со глава во ѕид во надеж дека ќе дојде Дедо Мраз и ќе ти поклони спас за решението...
Затоа државата не може да е толку крива за глупоста на поединецот, и овие педерски закони за непродавање на алкохол од толку до толку саат се најнепотребните и бесцелни мерки, по мое мислење.
Главниот проблемот е во човекот, а државата се храни од неговата глупост.
 
Незнам дали има ваква тема се извинувам ако темава се повторува :)
Значи се соочувам со еден сериозен проблем што од ден на ден станува се посериозен
проблемот е коцкањето...Спортска играм одамна ама никогаш не сум осетил завист значи се случувало и по 3-4 месеци да не уплатам лифче и не сум осекал потреба...НО...
Пред една година почнав да одам во казино нормално на шега со еден другар и шегата се претвори во кошмар секој ден губев пари и пари и веќе една година го живејам тој кошмар...
Уште не е сум го допрел дното значи уште одржувам некоја рамнотежа и не сум паднал во бездна но коцкањето како најопасен порок после дрогата не ми бега таков крај...
Затоа ги замолувам сите кој се искрени и дали од искуство лично или од некое искуство што го искусиле од некој близок да ми дадат некој совет некоја насока кај да побарам помош или како би можел да се разбудам од овој кошмар... Благодарам!
 
Да не го усложнувам и да не навлагам во неврологија, потребата да вложуваш пари за да добиеш нешто уште поголемо за возврат делува на системот за наградување на твојот мозок. Проблемот е во тоа што твојот мозок те лаже дека шансата да добиеш нешто е голема со што осеќаш потреба да вложуваш пошто првенствено ти требаат адреналинот и допаминот за да се осеќаш добро. Ти веруваш дека постои шанса да добиеш награда и тоа ти ја дава илузијата дека мора да вложуваш компулзивно барајќи ја наградата.
Најверојатно патиш и од мал степен на опсесисвно-компулзивно растројство или си склон кон хипоманија што ја прави твојата зависност полоша.

1. Фората лежи во тоа дека мораш да сфатиш дека статистички (што и да си читал/гледал и ти го кажувало спротивното е чиста фикција) никогаш не си во ќар. Значи мораш да го сконташ тоа, ама да да го укопчаш дека кога одиш во казино, одиш за да им подариш пари. Коцкарниците функционираат само и само поради верувањето дека постои шанса да добиеш повеќе пари. Тоа верување се поттикнува со лажни „финти“, шеми и алгоритми кои можат да те донесат кон поголема шанса за победа, но СИТЕ ТИЕ се базирани на сериозни статистички и математички грешки.
Веруј ми, статистички губиш, нема рационална поента да се коцкаш.

2. Вториот степен е да се справиш со опсесивно-компулсивната потреба да одиш таму. Ти треба долго време да се одвикнеш, со тоа што ќе се изолираш од такви места (а подоцна дури и ќе идеш без да се коцкаш за да се изложуваш на такви потенцијални „услови за порок“, а ипак да не ти влијаат), ќе дружиш помалку или ич со такви луѓе и ќе почнеш да си го преокупираш мозокот со различни активности (хоби, спорт итн...) кои ќе те прават да се чувствуваш исполнет и среќен поради тоа што си постигнал успех со свој труд, што веруј ми е голема награда и поквалитетно задоволство бидејќи ја заслужуваш наградата.

3. Почни да посетуваш психијатар, разговарај со пријатели и блиски луѓе за проблемот со кој се соочуваш. Не го криј и што е најважно почни да се едуцираш за тоа како ни функционира мозокот и кои се причините поради кои си зависен. Почни да гуглаш ствари како „gambling addiction“ и разгледај уствари како и зошто настанува проблемот.
Гледај отворено на тоа, нема потреба да се срамиш, евентуално потребата за таа активност ќе ти се намали ако не ти исчезне и скрос.

Знам дека во моментов ти изгледа како невозможно али постојат многу ефективни методи и техники кои се користат за тргање од такви зависности. Штом си решил да се откажеш со тоа што бараш помош веќе си на пола пат кон тоа да успееш. Само јако, не потклекнувај пред такви ствари, ако веруваш и си убеден, не постои жива сила која може да те спречи од тоа да се откажеш. Не му давај сила на порокот. Ти го храниш, го правиш страшен и невозможен. Мора да сфатиш дека тоа потекнува од тебе, и ако го смениш тоа верување, а можеш ако сакаш, ондак ништо не те запира. Мора да бидеш детерминиран.

Со среќа.
 
Последно уредено од модератор:
Да не го усложнувам и да не навлагам во неврологија, потребата да вложуваш пари за да добиеш нешто уште поголемо за возврат делува на системот за наградување на твојот мозок. Проблемот е во тоа што твојот мозок те лаже дека шансата да добиеш нешто е голема со што осеќаш потреба да вложуваш пошто првенствено ти требаат адреналинот и допаминот за да се осеќаш добро. Ти веруваш дека постои шанса да добиеш награда и тоа ти ја дава илузијата дека мора да вложуваш компулзивно барајќи ја наградата.
Најверојатно патиш и од мал степен на опсесисвно-компулзивно растројство или си склон кон хипоманија што ја прави твојата зависност полоша.

1. Фората лежи во тоа дека мораш да сфатиш дека статистички (што и да си читал/гледал и ти го кажувало спротивното е чиста фикција) никогаш не си во ќар. Значи мораш да го сконташ тоа, ама да да го укопчаш дека кога одиш во казино, одиш за да им подариш пари. Коцкарниците функционираат само и само поради верувањето дека постои шанса да добиеш повеќе пари. Тоа верување се поттикнува со лажни „финти“, шеми и алгоритми кои можат да те донесат кон поголема шанса за победа, но СИТЕ ТИЕ се базирани на сериозни статистички и математички грешки.
Веруј ми, статистички губиш, нема рационална поента да се коцкаш.

2. Вториот степен е да се справиш со опсесивно-компулсивната потреба да одиш таму. Ти треба долго време да се одвикнеш, со тоа што ќе се изолираш од такви места (а подоцна дури и ќе идеш без да се коцкаш за да изложуваш на такви потенцијални „услови за порок“, а ипак да не ти влијаат), ќе дружиш помалку или ич со такви луѓе и ќе почнеш да си го преокупираш мозокот со различни активности (хоби, спорт итн...) кои ќе те прават да се чувствуваш исполнет и среќен поради тоа што си постигнал успех со свој труд, што веруј ми е голема награда и поквалитетно задоволство бидејќи ја заслужуваш наградата.

3. Почни да посетуваш психијатар, разговарај со пријатели и блиски луѓе за проблемот со кој се соочуваш. Не го криј и што е најважно почни да се едуцираш за тоа како ни функционира мозокот и кои се причините поради кои си зависен. Почни да гуглаш ствари како „gambling addiction“ и разгледај уствари како и зошто настанува проблемот.
Гледај отворено на тоа, нема потреба да се срамиш, евентуално потребата за таа активност ќе ти се намали ако не ти исчезне и скрос.

Знам дека во моментов ти изгледа како невозможно, али постојат многу ефективни методи и техники кои се користат за тргање од такви зависности. Штом си решил да се откажеш со тоа што бараш помош веќе си на пола пат кон тоа да успееш. Само јако, не потклекнувај пред такви ствари, ако веруваш и си убеден, не постои жива сила која може да те спречи од тоа да се откажеш. Не му давај сила на порокот. Ти го храниш, го правиш страшен и невозможен. Мора да сфатиш дека тоа потекнува од тебе, и ако го смениш тоа верување, а можеш ако сакаш, ондак ништо не те запира. Мора да бидеш детерминиран.

Со среќа.
Фала пред се што издвои време и ме охрабри со овој текст значи проблемот не се парите значи имам пари немам долгови имам за убав живот проблемот е што јас не играм за да добијам туку едноставно да играм и колку и да добијам таму ги оставам пак ... Ама се надевам дека ќе успејам да го надминам овој порок цврсто сум решен со помош од вас,од психијатар и од најблиски се надевам дека ќе кажам збогум на ноќнава мора...
 
Ти си тогаш влезен во класичниот коцкарски стадиум. Тебе адреналин ти прави целата игра, целата шанса да изгубиш или да добиеш нешто. Е сега поголемата болка ја осеќаш секако кога ќе изгубиш и тука за момент свесен си дека тераш по лош пат, али нулата кога ќе ја фатиш на ебаниот рулет а си ја бркал цела вечер добиваш муда да извикаш, за ова се коцкам бре, ова е филингот! Добро де, може не играш рулет, ама да ја доловам поентата беше муабетот.
Дали мислиш дека нема друга работа што ќе ти создаде повеќе адреналин, занимација себеисполнителство и останати емотивно-егоистични благодети. Не мислиш ли дека има попаметни работи за правење отколку оддавање на овој порок и овој начин на добивање адреналин и чувство дека си жив. Запрашај се, размисли, полесно ќе ти биде да се тргнеш од овој прилично глупав начин за поебување на се што си изградил како личност.
 
Dodeka studirav imav eden cimer koj sho beshe isto ovaka zavisen noseshe u stanot ne livcinja, tuku toa bea ko smetki od evn. Uplakjase po 10 lista na den i spiese u kladilnici, se spasi od ova koa pocna da raboti. Idese na rabota od 8ipol do 4ipol, i postepeno si ja sredi psihata. Ako imas premnogu slobodno vreme, idi poraboti negde, da se defokusiras od toa.

Поминав време на работа во казино, па да дадам мое мислење :

Коцката како порок ја ставам на исто ниво со дрога. Ако завлезеш , се уништуваш и себе си и фамилијата.
Тоа што сум го гледал не пожелувам на никого.

Има само еден излез : ДА ПРЕСТАНЕШ ВООПШТО СО КОЦКАЊЕ. Ни казино, ни лото, ни спортска, ништо !
Што со изгубил, изгубил, едноставно СТОП и заборави. Ако можеш......

Самото казино функционира само на еден принцип: човекова лакомост. Каков андреналин, глупости, позадината на се е лакомост.

Теоретски секој може да добие пари. И добиваат луѓе, верувајте.
Проблемот е што никој ( или ретко ) кога ќе земе, пример, 1000 евра, не запира со игра и не си оди дома со парите. Човековата психологија бара уште, бара сега 2000 евра. Можеби и ке ги добие. Ама, понатаму ќе бара 4000 евра. Можеби и тие ќе ги добие, ама математички не е можно неограничено да се добива. Кога-тогаш, губиш

И да замине некој дома до добивка, најчесто утре/задутре повторно е во казино со желба за поголема добивка.
И најчесто вториот ( или третиот, без разлика ) пат, ја враќа назад целата добивка сосе неговите пари.
Па кога ќе тргне да се вади почнува целата интересна приказна.......

И знам случај за човек на кој татко му му оставил стотици илјадници евра, па на крај човекот да заврши со работа во сендвичара за плата.
Знам случаи како луѓе висат по неколку дена без престан на стол.

Инаку, поштувам луѓе со доволно цврст карактер ( а ги има ! ) кои на казиното гледаат само како забава. Имаат доволно пари, ама во казиното влегува со точна определена ситна сума кои планира да ги потроши ( внимавајте, ДА ГИ ПОТРОШИ, не влегува да заработи ). Поминува обична вечер, исто како да е во ресторан, повремено игра на ситно, поминува неколку часа што му се планирани, ги остава парите што ги планирал и си заминува.

И, да повторам стара мудрост : игри на среќа се данок за луѓе кои не знаат математика
 
И колку пари трошеше дневно на коцкање? 100 денари?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom