Јас се вратив од Дубаи после една година работа во ресторан на позиција главен келнер.
Сместувањето беше многу далеку во провинција во пустина каде нема ни улици асфалтирани кога газиш чевлите ти се полнат со песок, нити канализација, изметот го чистат со камиони кои шмукуваат и смрди во дијаметар од 1 км. Многу од светски познатите брендови синџири на ресторани и продавници тука ги сместуваат своите вработени во истата провинција. Само Д од Дубаи ќе видите! Се работи од 12 до 00 h на вечер немаш слободно време ама ич.
Бакшиш има многу малку затоа што арапите не оставаат воопшто иако се капат во пари.
А храната од компанијата многу лоша...
Ако размислувате да одите, пред да замините убаво истражете каде одите за да не очекувате мечка а да добиете глушец!
Good Luck!
Ако нешто плус Ве интересира слободно прашајте ќе Ви одговарам!