Гробот на Александар Македонски?

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Инаку, во оваа гробница најверојатно е закопан Александар...

IV, т.е. Аце џуниор и Роксана. А за Аце стари има многу теории. Една читав од Робин Лејн Фокс, и таму има миљарда референци и аргументи дека Аце е прво закопан во Мемфис, па после е префрлен во Александрија, и после срања се дешаваат во Иџипт, па телото може и да е фрлено негде, којзнае шо се десило. Има и милион теории дека трговци и слични носеле мошти негови наоколу низ светот... бла бла. Како и да е, 99,99 не е Аце трети ни овде, ни во Свети Николе. Безразлика на силните аргументи на Гиш и Миленко :D
Шарлантани како Миленко и Гиш има на секој чекор, ама барем треба да му веруваш на хрватскиот знанственик Домагој Николиќ.

 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
кои силни аргументи жити се
ХААРП
Х - Хелен(изам)
А - Александар, очигледно
А - Аргеади(те)
Р - Роксана, жена му
П - Персија, шо ја освои

ХААРП-от е систем кој прави Hint-ови кај треба да се бара Александровиот гроб. Ко во детскине игри „топло топло топло“ шо викаа ако се доближуваш до скриениот предмет, а викаа „ладно ладно ладно“ ако се оддалечуваш, така и на ова. Почнаа истражувања во Св. Николе, па почна да врне. Почнаа деновиве да бараат на југ, ведро и сончево. Топло топло топло :)
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Пред некоја година се возам во такси во Гевгелија со еден џапнат таксист, проаѓаме покрај една бензинска и почиња овој да обесува како гробот бил под бензинската ама газдата бил некое копиле и не давал да му копа никој. :icon_mrgr:
Тоа се тие шоферски муабети. На крај им даваш бакшиш, entertainment fee и двајцата задоволни секој по својот пат.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
А зошто да не ја разгледаме опцијата дека можеби воскреснал, али не сакал тоа да се популаризира?
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
606
НАШИТЕ АРХЕОЛОЗИ ЗА ОТKРИТИЕТО ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА

УБИЕЦОТ НА СИНОТ НА АЛЕКСАНДАР НЕ БИ МУ ГРАДЕЛ ГРОБНИЦА




Малку е веројатно во монументалната гробница во северна Грција да било погребано семејството на Александар Велики - сопругата Роксана и нивниот син Александар Четврти Македонски, бидејќи историските факти водат кон поинакви заклучоци, сметаат домашните археолози. A вистината може да излезе на виделина и по 50 години.

Гробницата оддалечена десетина километри од античкиот град Амфиполи (старото име е Неохор) во близината на Сер, каде што и денеска се наоѓа современа населба, првпат ја возбуди јавноста пред две години. Тогаш грчките археолози предводени од Kатерина Перистери од одделот за праисториски и класични антиквитети ја датираа гробницата во последната четвртина од 4 век пред новата ера кога по смртта на Александар Велики во Амфиполис биле донесени неговата сопруга Роксана и тукушто родениот Александар.

Тогаш беше откриен само мал дел од прстенот на гробницата. Деновиве тие ги објавија резултатите од двегодишните ископувања, а локалитетот го посети и грчкиот премиер Антонис Самарас. Тој не пропушти да каже дека станува збор за исклучително значајно откритие.

- Земјата на Македонија продолжува да се движи и да н` изненадува откривајќи ги своите уникатни убавини - рече тој и најави дека наскоро ќе објават и посензационални податоци кои се однесуваат на гробницата.

Прво истражувања, потоа заклучоци

„Дневник“ ја има посетено локацијата. Се наоѓа над селцето кое денес се вика Месолакија, односно Локвица. Навистина станува збор за монументално здание. Уште тогаш насекаде беа поставени знаци дека е забрането фотографирање и снимање. Од израмнетата тераса се гледа патот што води од Сер кон Kавала. Гробницата е висока околу 3 метри, има периметар од околу 500 метри и дијаметар до 160 метри.

Kој бил погребан во толку монументален објект засега останува тајна. Но, има секакви претпостави и шпекулации. Од тезата дека е семејството на најголемиот освојувач до претпоставката дека таму почива Александар Велики. Некои истражувачи сметаат и дека не мора да значи дека таму бил погребан некој од македонската династија.

Грчките археолози уште пред две години објавија дека гробницата дефинитивно ја поврзуваат со периодот по смртта на Александар Велики (323 година пред новата ера), но не можат да кажат кому точно му припаѓа.

Професорот д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, актуелен директор на Управата за заштита на културното наследство, вели дека во моментот најважно е да се причекаат научните заклучоци на грчките археолози.

- Тогаш ќе можеме подробно да дебатираме за гробницата - вели тој.

Иако не беше во тек со актуелните настани, Лилчиќ-Адамас протолкува неколку историски ситуации кои би можеле да се земат предвид. Една од нив е дека ја градел Динократ Македонецот, кој бил архитект на Александар Велики. За него пишувал римскиот архитект Витрувиј.

Kасандар ги убил, зошто би ги погребувал?

Според историските случувања, по смртта на Александар Велики, имало борби за македонскиот престол.

- Kасандар, синот на македонскиот генерал Антипатар, ја заробил Олимпија, мајката на Александар Македонски, во опсадата на градот Пидна во Пиерија, зимата 317-316 година, ја обвинил за убиството на Филип Трети Аридеј (полубратот на Александар Македонски) и на сопругата Адаја Евридика и наредил нејзино погубување. Ја погубиле дури 200 македонски војници. Подоцна Kасандар, на својот пат кон македонскиот престол, во 309 година пред н.е. во Амфипол ги затвора Роксана и синот каде што наредува тајно да се погубат и да се скријат нивните тела. Истата година Kасандар го погубил и Херакле, вториот син на Александар Македонски со Персијанката Барсина. Kонечно, според изворите што говорат за тајно погубување и криење, веројатно некаде во околината на Амфипол, тешко е да се очекува дека нивните тела биле депонирани во монументална гробница - објаснува Лилчиќ-Адамс.

Но, додава тој, треба да се земат предвид и други тези. Можеби навистина во гробницата биле погребани Роксана и Александар Четврти.

- Kасандар наредил да се погубат, но можеби тоа го направил во завиена форма, па сепак решил да ги погреба со највисоки почести. Има и опција тоа да го сторило македонското собрание во тоа време. Македонските градови биле богати и не им било проблем да соберат пари и да ги погребат. Сепак, тоа бил синот на Александар, па ако не можеле него да го погребат, можат синот, бидејќи го сметале како последниот проблесок на потомците на големиот водач. Сепак, сето ова е шпекулација. Треба да се почекаат материјалните докази - вели Лилчиќ-Адамас.

ОСТАНУВА МИСТЕРИЈАТА ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Мали се шансите во гробницата да бил погребан Александар Трети Македонски, велат нашите истражувачи. Виктор Лилчиќ-Адамс објаснува дека тој починал набргу по тридневната прошетка со кајчиња во мочурливиот предел на реката Еуфрат.

- Неговото кајче се издвоило од другите и три дена и три ноќи лутале низ тесните ракави на реката. Од комарците добил малариска треска, која го покосила. Историските извори говорат дека луксузната кочија со златниот саркофаг, во кој било положено мумифицираното тело на кралот, наместо за Ајга, била пренасочена и однесена прво во Мемфис, подоцна во Александрија. Според изворите, подоцна кралицата Kлеопатра го пренела телото во стаклен саркофаг. Гробот на Александар Македонски во Александрија во изворите се споменува уште од 4 век. Веќе во 400 година не знаеле каде се наоѓа - вели Лилчиќ-Адамс.

извор: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=88907811467E4546984F7A238B5BBF3A
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Абе човекот не го оставија да почива во мир.

Не ми се верува дека ја пронашле гробницата на Александар Македонски, но исто така и не викам дека не е можно да ја пронајдат :)

Најголемиот војсководец на светот никогаш нема да биде оставен на мира да почива.Тоа е проклетство.Човекот кој измислил нови начини и формации за битка по кои и денеска се водат борби,кој освоил половина свет и да не бил толку луд,ќе освоел уште половина свет без проблем.
Затоа таков човек не може да биде оставен да почива во мир.
Се верува,ова е од памтивек,дека кој ќе му го нашол гробот ќе имал неверојатна моќ.
Па затоа археолози го бараат,некои јавно го искажуваат тоа,некои јавно.Но голем број личности сакаат тој гроб да биде пронајден.


Инаку од моја гледна точка,гробот никој и никогаш нема да го пронајде.Гробот може да го пронајде само надпросечно интелигентна личност која ќе знае да ги чита скриените шифри во Египет,Иран,Ирак и тука кај нас.Таков човек нема денеска,а во иднина не верувам дека ќе се роди бидејќи светов иде се повеќе и повеќе у курац.


Indiana Jones mode ON :D
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Се верува,ова е од памтивек,дека кој ќе му го нашол гробот ќе имал неверојатна моќ.

Held with the left hand, the Lion's Shield of Courage increases all four primary skills by +4.

Значи; attack, defence, spell power и knowledge + 4 !!!
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Абе жив е Ацето, што толку го тупите... Слушам сега нова религија според него ќе се роди и годините ќе се бројат од неговото воскреснување. Ау... Заборавив... Мајка му била плесната од Филип, така да не била невина... Ахх, ништо од новата религија. Извинете за грешка информациите.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Намерно помала, има копачи на диво...
 
Ф

Флеш

Гостин
Кога е презентирањето на саркофагот во новиот А.Музеј ?! Зборувам за оној од Турција кој дозволи да се направи копија,читав истовремено можда и оргиналот ќе биде прикажан . Некое инфо ?! :)
 
Ф

Флеш

Гостин
Па добро,не е на Александар,се препоставува дека на некој од висок ранк владетел во тоа време,што како не сум запознаем добро,но од сликите прекрасно беше и сакам да го видам,па затоа и кога ќе биде :)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Таа не е откриена сега туку порано. Досега ја “чистеа“ од се што можело да укаже на македонскиот карактер на истата, а контра “грчкиот“...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom