Не е гроб,се препоставува дека е храм,Аристотел Тентов рече ,а иначе не знам на која археолошка локација моментално се работи,ќе престојуваат археолози 1 месец на лице место,била најдена гробница на Кралот на Пелагонците од 500 B.C.
Гробницата е солидно сочувана но ограбена уште многу одамна .... сигурно ќе дополни некој од членовите
Ако го слушаш Тентов далеку ќе стигнеш.[DOUBLEPOST=1407866504][/DOUBLEPOST]Еве еден натпис за гробницата во Амфипол објавена во Дневник пред неполни две години:
„ГРОБНИЦАТА“ НА РОКСАНА ЧЕКА ЕВРОПСКИ ПАРИ
С` уште е мека земјата близу селцето Локвица (Месолакиа) во Грција, каде што копале грчките археолози. Прерано е да се оценува нивната најава оти е можно да го откриле гробот на Роксана, една од сопругите на Александар Македонски. Израмнета е големата тераса. Гледаме дека во гробницата с` уште не чепнале
Забрането фотографирање и снимање, со големи букви пишува на приправената стражарница, која треба да ја чува монументалната гробница каде што во античко време, во денешна Грција, бил погребан многу важен покојник. Доцна попладне, пред залезот на сонцето, локалитетот е пуст. Стражарот не е на своето место. Шпекулациите дека таму почиваат Роксана, една од сопругите на најголемиот војсководец од антиката, и нивниот син Александар Четврти Македонски се доволна провокација да го посетиме локалитетот. Екипа на „Дневник“ тргна на пат кон Сер.
Замислата е многу полесна од реализацијата. Грчките археолози пред две недели го објавија новото откритие, близу античкиот град Амфипол. Го потрошија оскудниот буџет, раскопаа и го напуштија теренот. И денес таму постои мало село со името Амфиполи (Неохор).
Има околу 3,5 илјади жители и музеј со остатоци од античкиот истоименик. Го одминуваме музејот, кружиме околу цитаделата, барајќи свежи ископи во земјата. Наоѓаме нешто слично. Радоста дека ќе ја фотографираме гробницата набргу спласнува. Ископот е траса за нов пат.
Фактот дека не сме најавени како новинарска екипа во Грција го отежнува целиот процес. Гледајќи ги регистарските таблички на возилото, луѓето ни упатуваат љубопитни, не многу пријателски погледи. Доцна е, музејот е затворен, а и да беше отворен, понеделник е - неработен ден за музеите во целиот свет.
Сепак, имаме среќа, а ни ја носи пријателот од Сер, наш човек, Македонец, кој покомотно би се чувствувал ако не го спомнеме неговото име. Вели дека и така има доволно проблеми што се кажува Македонец. Во Неохор (Амфиполи) прашува на грчки јазик каде е гробницата, дали знаат нешто за големото откритие.
- Влегувајте в кола, не е тука, во другото село е - вели и ни покажува каде да го продолжиме патот.
На шест-седум километри од Неохор (Амфиполи) е селото Локвица (Месолакиа). Пријателот не сака да потпрашува поголема група луѓе.
- Ако ја забележат регистрацијата, додека зборувам со едниот, другиот ќе викне полиција. Така не е добро. Ќе прашаме некој што е сам - н` советува.
Додека поминуваме низ селото, постојано н` следат погледи. Тој излегува, прашува една жена за инструкции и со насмевка влегува во колата.
- Близу сме. Одиме кон ридовите. Жената ме прашуваше кои сме, што бараме. Мислеше дека сме диви копачи - кусо објаснува и ни го покажува саканиот правец.
На околу два километра - џек-пот. С` уште е мека земјата што ја ископале грчките археолози. Израмнета е големата тераса за да се олесни пристапот кон новоткриениот објект. Очигледно внатре с` уште не чепнале. Откриле околу една третина од прстенот во основата. Составен е од големи камени блокови, наредени во неколку реда, висок околу 2,5 метра. Еден дел од ѕидот е прекинат, изгледа како три скалила или е сронет дел од лакот.
Со ограда е затворен пристапот до фино издлабените мермерни блокови со кои бил обложен каменот. Најдолу се поставени правоаголни плочи, а над нив квадратни, детаљно изработени. Во расфрлената земја се гледаат керамички рачки и други фрагменти од садови.
Археолозите од 28-миот ефорат (одделение) за антиквитети во Грција го соопштија откритието. Тие претпоставуваат дека големата кружна гробница е висока 3 метри, има периметар од околу 500 метри и дијаметар до 160 метри. Раководителката на тимот Kатерина Перистери од одделот за праисториски и класични антиквитети ја датира гробницата во последната четвртина од четвртиот век пред новата ера, кога по смртта на Александар Велики во античкиот Амфипол биле донесени неговата сопруга Роксана и тукушто родениот Александар.
- Разбрав дека барале пари од државата да ја доистражат гробницата, но Атина не дава оти не сакаат да се види културата овде. Сега археолозите ќе бараат пари од Европската унија за да ги завршат истражувањата - вели пријателот од Сер.
Според археологот д-р Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за историја на уметноста и археологија при Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“, можноста телата на Роксана и на нејзиниот син да се откријат токму на трако-македонскиот брег и тоа во околината на античкиот град Амфипол се реални.
- Историските случувања за борбите за македонскиот престол по смртта на Александар Трети Македонски, накусо говорат за следниве настани. Kасандар, синот на македонскиот генерал Антипатар, ја заробил Олимпија, мајката на Александар Трети, во опсадата на градот Пидна во Пиерија, зимата 317-316 година пред новата ера. Ја обвинил за убиството на Филип Трети Аридеј (полубратот на Александар Трети Македонски) и на сопругата Адаја Евридика и наредил да биде погубена. Ја погубиле дури 200 македонски војници - објаснува Лилчиќ.
Подоцна Kасандар, на својот пат кон македонскиот престол, во 309 година пр.н.е. во Амфипол ги затвора Роксана и синот Александар Четврти и наредува тајно да се погубат и да се скријат нивните тела.
- Kонечно, според изворите што говорат за тајно погубување и сокривање, веројатно, некаде во околината на Амфипол, тешко е да се очекува дека телата им биле депонирани во монументална гробница - смета Лилчиќ.
Во истата година, Kасандар го погубил и Херакле, вториот син на Александар Македонски со Персијката Барсина. Тој бил убиен на западната граница на Македонија кон областа Тимфаја.
Според британскиот научник Николас Хамонд, Роксана и младиот Александар Четврти биле затворени во Амфипол. На 14 години, македонските момчиња добивале легитимитет на кралски пажеви, па Александар Четврти во август 309 година пр.н.е. станал опасен претендент за престолот. Тогаш Kасандар на командантот на својата гарда му наредил тајно да ги убие Роксана и нејзиниот син, да ги скрие (закопа) телата и никому да не каже што сторил.
ЕГЕЈОТ ПОЛН СО ДИВИ КОПАЧИ
Движењето низ Егејска Македонија евидентно покажува дека Грција не вложува многу пари во археолошки истражувања на тој дел од земјата. Исклучок се можеби веќе откриените антички македонски градови. Враќајќи се од Неохор (Амфиполи) кон Сер, во ливадите забележуваме многу неистражени тумби (тумули). Нашиот пријател од Сер вели:
- Се даваат пари за археологија, но сите одат во Атина. Горе, кај нас, не се истражува. Но, има многу диви копачи. Бараат злато.
извор:
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=D1FC6E1B1A2F5E4EA45B7846CAC866F6