Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.808
Поени од реакции
42.442
Expendables 3

Мислам дека до сега немам изгледано полош акционен филм, најозбилно, филмот е крш кога ќе појде човек од сценарио, глума, актери... снимен е у бугарија у некој напуштен магацин. Едноставно го нема тоа чувство на амерички акционен филм. Актерскава група крш, па и Харисон Форд и Антонио Бандерас кој глуми мајмун ги убациле да дозаебат се. Едноставно само пукање од почеток до крај. У филмот нема ни трошка хумор, што го прави едно од најдосадните филмски остварувања.

2/10

Sex Tape (2014)

Не знам дали ми беше глуп ради тоа што го гледав у празно кино али едно знам, филмов е една голема реклама на ејпл. Како да гласи: ''Купете го нашиот најнов ајпад и снимајте се додека се клецкате но немојте да го аплоадирате на облакот'' Кој е облакот? Никој не го разбира облакот. :facepalm:Имаше хумор не велам не, но повеќе како да гледав некое софткор порно отколку комедија. Клецкање на сите страни, по библиотеки, дома, секаде. И поминува време и доаѓаат децата и тогаш нема време за клецкање. Досадно е се па дури и сексот и ај да се снимиме ќе ни биде појако и ајде се снимаат и на крај токмакот го прикачува по грешка на облакот и сите го добиваат на кои им раздавал ајпади како бонбончиња што ми нема смисла ама ете на режисерот му има и го бараат порното да го избришат... Глуп филм со некои смешни делчиња.

4/10
 
Последно уредено:

Cymbaline

Wallflower
Член од
14 август 2014
Мислења
323
Поени од реакции
1.281
The stoning of Soraya M.

Иако не сум миленик на филмови кои имаат дури и најмали исламистички елементи во себе, го имав симнато филмот одамна, па конечно му дадов шанса и ми се допадна. Малку глупаво е да кажам ми се допадна, поради суровиот приказ на грдотијата што ја содржат тие закоравени традиции на едно сосема друго парче земја.
Филмот прикажува случка во Иран, ја објавува новинар откако ја дознал од тетката на главниот лик Сораја, која се заколнала дека светот ќе дознае за неправдата која Сораја ја има претрпено.
Како што кажува и насловот, се работи за каменување на жена, која не е ни грам виновна во себе, но сепак го остава животот, остава две деца позади себе кои под влијание на околината го менуваат мислењето за неа. Сето тоа, заради огромната моќ што си ја препишува мажот во исламистичките општества.

На толку реален, нехоливудски начин е прикажан секој елемент, секоја емоција што ја доживува оваа жена, што уште еднаш ме потсети за среќата која ја имам како девојка. Не сум закоравена феминистка, но ако треба тоа движење да промени нешто, е токму ваквиот начин на третирање на жената во речиси половина свет.

ИМДБ оцена: 8
Лична оцена: 10
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.135
Поени од реакции
13.261
Некако ми тргна само добри филмчиња да си гледам, па за арно нека е, цел живот добри филмчиња да си пуштам, да не налетам на тапа нешто. Сите надоле наведени вреди да се погледнат и се одлични филмови, секако нели од одличен до одличен има разлика ама вреди да им се посвети време, па ако некој од овие доле немате гледано обавезно да го гледате. :D

1. The Pursuit of Happyness (2006)


Значи стварно прекрасно филмче, што ќе ви го исполни срцето. Филм со поука дека секогаш работите ќе си дојдат на свое место, дека коцките секогаш некако ќе се наредат и дека се што е наше ќе си дојде. Со Вил Смит во главна улога како татко на Крис, кој во реалниот живот е стварно негово дете. Тој се разведува од жената, и запаѓа во длабока финансиска криза, проблеми со кирија, работа, луѓе и дотогашни пријатели. Кога ништо не му оди, тој не се откажува и продолжува да се бори, за да обезбеди топол дом за синчето. Одличен филм, можете и со најблиските дома да го погледате, супер е за со фамилија да се погледа. Топла препорака 10/10

2. The Green Mile (1999)


Немам доволно епитети за да опишам колку е само феноменален филмов. Нема нешто што не е добро во филмов, одлична глума предводена од секогаш одличниот Том Хенкс и Мајкл Данкан, одлична приказна што стварно ќе ве остави без зборови за супер моќите на Џон Кофи (како кафето само не се пишува така :giggle:), премногу е тажно па ако не сте погдотвени да бидете потресени и толку допрени што ќе ви биде тешко да станете од креветот не го гледајте одма, не бе се зезам, гледајте го. Секоја минута од тие 3 саати вреди и се исплати да се гледа. „Тоа што се случува на зелената милја, останува на зелената милја„ Најзаслужена 10 (y)

3. Bruce Almighty (2003)


Супер филмче со Џим Кери, Морган Фриман и Џенифер Анистон во главните улоги, добра екипа а :icon_lol:. Така малку посериозно филмче комедија со Џим, повеќе драма отколку комедија, со добра приказна и идеја, доста интересен филм. Филм во кој Морган е господ, и му дава моќи на Џим да раководи со светот, да види колку е тешка неговата работа и со колку проблеми и молби ширум светот мора да се соочи. Доста легендарен е делот со кучето и неговото мокрење. Добро филмче има и моменти за смеење, јас го гледав одамна, го барав многу време како се вика, и ми излезе кога и барав филмови на Џенифер (хмм) и одма го гледав пак, топ филмче. 9/10
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
Locke (2013)



Ова е мој прв пост на темава, па се недавам нема да разочарам :P

Како за филм во кој се појавува само еден глумец и неколку гласови на други, мене ми се допадна доста. Во ниеден момент не ми беше досаден и нестрпливо чекав да видам што ќе се деси понатака. На кратко, Ivan Locke (Tom Hardy) е шеф на градилиште во градежна фирма и семеен човек. Приказната почнува со тоа што Иван излага од работа и влегува во кола. По некое време возење се јавува дома (каде што го чекаат жената и децата да гледаат утакмица на нивниот тим) да им каже дека нема да може да дојде поради многу сериозна работа .... и понатака ќе си гледате. Искрено филмов може на доста луѓе да не им се допадне (само поради фактот дека има само еден глумец), но доколку тоа не ви претставува проблем јас би ви го препорачал. Јас му дава една солидна 8ца :) ....

PS: се надевам добар сум за прв пост на оваа тема :D
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.576
Clay Pigeons
Озбилно кој ги дава категорите на ИМДБ треба да се запраша како филм како овој влегол во жарн комедија/ крими:tapp:. Настрана тоа за приказната Клај и Ерл се пријатели кои додека пукат со пиштолите во шишиња Ерл ќе му каже дека знае дека тој спие со неговата жена и дека ќе го убие. Немајќи храброст за тоа тој ќе се самоубие, а Клај ќе побара помош од жена му за што да прави. Тој ќе го притаи убиството, но вдовицата Аманда не го остава на мира. Во еден бар тој ќе го запознае Лестер Лонг кој е се освен обичен дечко... Ми се допадна ја би го ставил како некој тежок психопатски филм со мали недостатоци.7/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Поради тоа што ова ми е прва рецензија, please don't be harsh on me fellows. :D
Филмов се вика Shoot 'Em Up и најверојатно повеќето од вас не ни слушнале за него. Самиот наслов кажува дека се работи за пуцаљка, ама од што е лошо снимен станува смешен, барем на мене.
Имено главниов лик, некој си младич трениран од некоја тајна служба ка'о ФБИ, ЦИА наидува на млада мајка со бебе, која што бега од некои мафиози и јбг загинува, ама ликов и го спасува детево и сега прашањето за 6 милиони долари е зошто толку сакаат мафиозите да го цврцнат бебушов. Ако сакате да дознаете зошто, погледнете го филмов.
Тоа што е смешно у филмов е начинов на кој ликов е мешавина од Џејмс Бонд, Рамбо и сите остали акциони херои, па никад не промашуе, а кога утепа некој крвови прскаат како у сериите на ХБО. Сцената со која убива еден тип со морков у глава беше пресмешна, а да и типов е најголемиот морковојадец што сум го видел досега, дури и у џеб изгледа морков си носи.
Улогите ги играат Клив Овен (ликот што ненормално ми личи ко да му е брат на последниов Џејмс Бонд), Мон'чето Белучи, бебушот и мафиозите шо го кркаат.
Доколку сте љубители на лесни пуцаљки, смешни дешавки и циците на Мон'чето, ова е филм за вас.
Моја оцена - 6/10
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
The Book Thief

Конечно да налетам на нешто што вреди да се изгледа до крај. Не можам да кажам дека филмот е нешто невидено, но сепак си носи некоја нишка на суптилност и топлина која го прави посебен (ко и секој филм во кој Џефри Раш глуми). Kо приказна што можеби ќе му ја раскажеш милион пати на дете а тоа пак ќе сака да ја слушне, што значи до нараторот ќе да е. :) Ме импресионираше гратчето каде филмот е сниман и генерално како изгледаше целиот филмски сет, девојчето во главна улога е неодоливо слатко и совршено си ја заврши работата. Филмов би го нарекол и романтистичен со некои настани кои прилично ми се допаднаа во однос на тоа на каде треба да иде приказната (можеби не толку како тоа е во пракса спроведено), но кога ќе размислам уште еднаш само на тој начин ваков тип на филм би ја постигнал целта кон која нишани. Можеле и на германски да го снимат кога веќе сакале да одат со некаква автентичност, наместо да слушам German English што повеќе ми звучи ко broken English. Така да задоволен сум, 7.5 - 8.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Montevideo, vidimo se (2014)



Продолжението од југословенската авантура, за мене најдобриот дел и од серијата и од све што постои во врска со оваа приказна. Сите знаеме, во филмот е опишано патот на Југославија низ СП во Уругвај 1930. Се симннуваат од бродот и очекуваат пречек со музика и одење во луксузен хотел, но по пристигнувањето ги очекуваше многу подруго. Ги пречека само еден обичен возач на автобус, сите репрезентации беа сместени во луксузен хотел, а Југословенците ги сместија во хотел во кој немаше ниту струја. Беа тотално разочарани од самиот пречек.

На ждребот им падна тежок противник, немаа желба да играат, но на теренот се беше подруго, и после натпреварот беше многу, многу подруго. Во трибините беше еден од најдобрите скаути во светот, Хочкинс кој после првиот натпревар запиша во тефтерот неколку играчи на кои им нудеше многу пари за турнеја и веќе вториот натпревар сите играа за себе, а не за тимот, освен некои поединци.

Во последниот дуел ги очекува неправда, инаку, можеа да стигнат многу повеќе од тоа што го остварија, сепак крајот ме исполни, солзите на младиот Станое...

Препорака! Повеќе зборови не се потребни, да не ве спојлерисам не ви кажувам ништо повеќе, но фудбалските фанови мора ова да го погледнат! Vidimo se!

 
W

wicked_1

Гостин
Begotten (1991)



Го гледав одамна, али го пуштив пак и зажалив.
Експериментален црно/бел, без наратор/дијалог/монолог/, филм на Елијас Мериџ во кој "се обидува" да ја портретира креацијата на животот и циклусот што следи потоа. Го прави тоа на доста брутален и расипан начин да прикаже уствари што од што сме дошле до денес да сме хомо сапиенс. Приказната е едноставна, "Бог" залепен на стол, си го отвара стомакот со нож, од утробата што паѓа на земја се раѓа Мајка Природа, таа го зима семен-от од "Бог -от" - забременува и го раѓа Синот на Земјата - кој е ретардиран и изгубен у просторот (може го отсликува денешниот глуп човек, незнам).
Филмот продужува со репететивни сцени каде овој е малтретиран од група канибалисти, накрај го убиваат заедно со Мајката Природа и тоа е замислата на режисеров за "Genesis"-oт.

Кинематографијата, звукот и темпото се срање, што уствари тоа сакала да го долови екипата што работела на филмов - темна, напорна за гледање атмосфера за полесно да си ја прикаже идејата на нихилизам, деструктивизам, насилство, омраза, алчност итн. што се денес трејдмарк на нашево општество. Темпото е пребавно и кадрите се повторуваат како и звуците од природата, одново и одново идат без некоја поента или да имплицираат на нешто скриено во целава приказна, туку онака чисто да се одржи гадната атмосфера, пошо толку му е креативноста на режисеров.
Заради неколку прикажани брутални снимки се напраи фама околу филмов, тотално незаслужено, може јас не ја гледам поголемата слика, али ова е далеку од кино, не Америчко, не Унгарско , Македонско или пак Јапански Нох театар, зборам за секое кино.

Во некои рецензии се форсира дека тоа е целта на филмот, да се испровоцира гледачот, да го разгневи, да го исфрустрира демек тоа е суровата вистина за Креацијата и после, дека розевата утопија која ни е прикажана за "Genesis"-oт, е нешто што треба да го елиминираме, ок фала.

3/10.​
 

chimera

୧༼ಠ益ಠ༽୨
Член од
17 август 2014
Мислења
39
Поени од реакции
91
One Hour Photo (2002)
http://www.imdb.com/title/tt0265459/

Не ми требаше. Nuh-uh. Не после тоа што се случи.
Според краткиот опис, очекував некоја луда, динамична, психо улога, не дека со паузи и кнедла во грло ќе го догледам филмов. Штета што е потценет, вреди да се ѕирне.

Сај е само обичен работник кој развива слики во локален маркет. И тоа е воглавно целиот негов живот. Човек без семејство, цел и иднина, без место во општеството или барем еден, единствен пријател.
Тој веќе со години има опсесија кон семејство кое се постојани муштерии. Семејство кое го смета ко идеално, па и негово. Но, кога ќе му се срушат идеалите, работите излегуваат од контрола.
Еден од оние филмови кои ја доловуваат мрачноста на самотијата и човековите демони од агол поинаков од монструозниот кој ни го претставуваат обично во медиумите.
Прекрасна, емотивна глума.
Тешки за варење беа оние осамени, депресивни сцени...мислам нема потреба од дообјаснување.
8/10, ми доби некако на тежина.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.492
Поени од реакции
87.401
Штотуку го изгледав на Синеманиа. Стариот добар Сталоне овојпат во четвртиот дел од легендата на филмската индустрија и аркадните игри на МАМЕ.... Рамбо 4 !!!
Негде 20-на години по случувањата во Авганистан, Џон Рамбо живее мирен живот во Тајланд продавајќи змии. Но сепак каде што е Рамбо, таму е и невољата... Тајландскиот офицер со својата војска ги тероризира локалните села, а на Џон му е дадена задачата да префрли едни хуманитарци до едни од погодените села со своето кајче без платно. И ајде биднува што биднува, ги префрла луѓево до саканата дестинација.... по пат за загревање убива неколкумина и се враќа на својата стандардна работа, продавајќи змии. Но сепак хуманитарците се киднапирани од лошиот Тајладски офицер... Кога дознаваат што се десило со луѓето, пастирот на Хуманитарците решава да го прати Рамбо и уште неколку ботови да ги спасат хуманитарциве од канџите на лошиот офицер. По пат ботовиве почнуваат да се заебаваат со Џон Факинг Рамбо , додека овој ги префрла со кајчето до посакуваната дестинација. Одкако ќе слезат на копното ботовите тргаат на јуриш, додека Рамбо чека некое време додека да го уклучи AIM читот и да се фати на работа :cool: .... Останатото не се опишува со зборови... тоа мора да се види и да се слушне

Класика филмче, во кое додека го гледаш Џон Факинг Рамбо како ги пердаши војниците, ти се крева нагло адреналинот :vozbud:. Штета што овие актери остареа, па се поретко гледаме вакви филмови за "опуштање". Ако ништо друго, ќе можеме пак да го погледнеме во 2015 кога ќе се снима CS Рамбо 1.5 :cool:

IMDB Оценка - 7,1/10
Моја Оценка - 10/10

Пред се заради што вакви филмови во денешно време се вистинска реткост.... (Не ми го спомнувајте Експендиблс ви се молам... греота е Рамбо да го споредиш со тоа срање кое публиката го гледаат заради плејадата на познати актери)
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.576
Love Potion No. 9
Една романса е филмов со поента тоа што го бараш е пред тебе. За приказната една бубалица ќе добие напиток од една гатачка за привлечност и успех кај жените. Со неговата другхарка ќе го испитуват дејството и моќта која тој ја има. Што знам онака за тепање време 7/10.
Saving Silverman
Дарен е обично момче кое се дружи со Вејн и Џ.Д од секогаш па дури имат и бенд, но тоа ќе се промени кога тој ќе ја запознае Џудит која целосно ќе го контролира. За да го спасат ќе ја киднапират Џудит. Што знам добар за тепање време не е некоја страшна комедија ама ај 6/10.
Mickey Blue Eyes
Е јак филм е нема што Мики е вработен во аукциска куќа , а истовремено излегува со Аманда која е ќерка на мафијашко семејство. Кога ќе ја побара за жена таа ќе побара да не прифаќа никаква помош од нивното семејство ... Добар стварно 8/10.




 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.576
Intolerable Cruelty
Добро филмче мора да признам има само неколку дупки :) Мајалс е адвокат чија работа се разводите т.е предбрачните договори и досега нема изгубено случај. На едно судење ќе ја запознае Мерлин која нема да и остави ниту денар , но ќе се заљуби во неа , а таа пак има план за него... Искрено мала ми е замерката околу она кинење на документи и демек само еден примерок потпишуваш и тоа е тоа :) 7/10,
Stakeout
Крис и Бил се просечни детективи кои ќе добијат задача да наблјудуваат куќа на девојка по имеМарие очекувајќи да ја посети затвореник кој е во бегство , а таа е негова девојка. Во главно тоа е приказната филмов е одличен со солиден хумор се надевам дека вториот дел е исто толку квалитетен 8/10.
So I Married an Axe Murderer
Очекував јака комедија по насловов ама филмов невреди да се гледа еден од најглупите што сум ги гледал во последно време. 1/10
 
W

wicked_1

Гостин
The White Ribbon

Го изгледав конечно по препорака на @turvior . Ме измачи некако, Хaнеке обработил еден тежок период од историјата - животот пред Првата Светска Војна - време на апатија, депресија, болести, бруталност т.е падот на човештвото како резултат на постојаните репресивни режими на управување.
Во селото кај што е дејствието, е опишано општество на екстремна патријахалност и зависност да се биде у контрола, каде е доста добро претставен и екстремниот протестантизам. Во филмов има поставено бариера помеѓу возрасните и децата, возрасните во филмот се доста брутални по природа, и филмов како да е прикажан од аспект на малите деца и нивната положба на немоќ, од нивен аспект тие се осеќаат должни на своите родители и би направиле се за да им удоволат, но некои знаат како да вратат за монструозните постапки и овде започнува и завршува филмот, со децата.
Главниот лик кој е на еден начин Пастор, е најдоминантен карактер, многу комплексен и прекрасно е изглумен како и нараторот на филмот кој е учител и има лоша фризура. Нараторството потсеќа на Dogville и на Turin Horse и дефинитивно ја доловува атмосферата и дава мали индикации на што да се фокусира гледачот.
Хајлајтот за мене е глумата од децата, неверојатно колку на високо ниво, од 5 до 14 годишна возраст глумеа без грешка, посебно најмалите - детето на Пасторот и детето на Докторот, кои се единствена светла точка на филмот, и означуваат мала искра надеж у мртвото општество.
Сценариото е едноставно, има три точки на свртување но не е завршено, филмот нема завршница и Ханеке остава гледачот да одлучи на крајот.
Кинематографијата - перфектна.
Фалеше добра музика у филмов, чисто да ја следи атмосферата.:)
Темпото во филмот варира, не е постојано и си бара упорност, но последните 20 минути се маестрални.
Филмов од почеток до крај завршува со свртувања у негативен правец, несреќи, мачења, инцест, убивања, неверство, војна, кое асоцира на зло или зачетоци на зло односно на апсолутите и екстремите кои водат до асоцијални однесувања, дехуманизација и на крајот војни.
8.0
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
The People vs Larry Flynt

Автобиографска приказна за живтотот на основачот на порно гигантот Хаслер кој го толкува Вуди Херелсон и неговата борба со судот.
Филмот обработува приказна за почетокот на Лери флинт кој од неколку стриптиз барови направил порно империја, љубовната врска со жена му (Кортни Лав) и неговата борба со судот за право на говор што е загарантирано во првиот амандман.
Приказната е добро изработена со одлична нарација само имам една мала забелешка околу главниот лик (Лери Флинт) кој е представен намерно многу хероично за да се сервисира на масата, има недостаток на реалност но ок, интелигетно изработен е ликот иако не е реаленo представен. Јаки реплики виреат во филмов.
Вуди Херелсон перфектен, Кортни Лав како жена на Лери Флинт која е џанки исто така одлична а како и да не биде во таква улога :D Едвард Нортон во улога на адвокат на Лери Флинт повеќе од солиден.
8.5/10
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom