Завршија предсезонските подготвителни дуели, па на ред е да ги споделиме очекувањата за новата сезона.
Без трофеј во ПЛ или ЛШ, сезоната ќе ја сметам за неуспешна.
Моментално имаме тим за сите фронтови. Единствено малку ме плаши нападот. Коста ќе ни биде прв избор, но Торес и Дрогба, не знам колку тие ќе бидат адекватни негови замени. Од Торес колку може да очекуваме знаеме, а кај Дрогба годините ме плашат најмногу, и колку може да се носи со темпото во ПЛ на тие години. Единствено ни останува да се помолиме Коста да биде фит цела сезона.

На секоја друга позиција располагаме со по два квалитетни играчи.
На голманската дури и жално е некој од Куртоа или Чех да грее клупа, но што е тука е.
Во дефанзива, на штоперската позиција, Зума и Кристенсен можеби и не се адекватни замени за Тери и Кејхил, но во нив е иднината на клубот и право време е да почнат да се развиваат, а за секој случај тука е и Иванович. На бековските сме супер покриени, Аке супер игри прикажува, а и редно време беше некој од академијата да добие шанса во тимот.
Во средината со Фабрегас го искачивме тимот едно ниво погоре. Ни фалеше ваков играч и минатата година, а во тандем со Матич ќе имаме страшен среден ред. Матич ми е...не знам како да го опишам, не ми доаѓа збор моментално...но толку доминантен играч во средината не беше ни Есиен во најдобра форма. Го има буквално насекаде по теренот. А тука се секако и Микел, Ван Гинкел и Рамирес(редно време е да ја врати формата од пред 2 сезони).
Од офанзивците по крилните позиции сите најмногу очекуваме од Хазард. Се надевам само дека нема да има толку падови во формата како минатата сезона. Очекувам и многу повеќе голови и асистенции од него. Истото го очекувам и од Шурле и Вилиан. Редно е и Оскар да изигра цела сезона на ниво. Првата полусезона мината година ни беше можеби и најдобар играч со Хазард, но после Нова година, не знаеше кај тера. Единствена 10ка ни е во тимот, и нема никаква конкуренција, па можеби тоа е и причината за слабите игри после НГ и продажбата на Мата. Салах ми е едно ниво под овие горе, така да и очекувањата од него не ми се којзнае колку големи.
Малку околу новите засилувања...
Коста се прилагоди на тимот пребрзо, а и тимот на него. Од него сезонава очекувам најмалку 25 гола во сите натпреварувања. А доколку е фит, убеден сум дека ќе постигне и повеќе. Добивме напаѓач каков што секоја екипа би посакал. Само нека ја пренесе формата од минатата сезона и од предсезонските натпревари и на коњ сме.
Фабрегас ти е елеганција во движење. Диктатор на игра. Со Матич во средината, засега делуваат ептен компактно и сигурно. Фабрегас за 27 милиони фунти во најдобри фудбалски години ти е еден вид фудбалска кражба.
Фелипе Луис засега покажа најмалку од претходните двајца горе. Сеуште некако не опуштено делува, но набрзо очекувам да го видиме најдоброто и од него. Има многу фубал во него.
Направивме добри трансфер зделки летово, и тоа во најкраток можен рок. Ги пополнивме најкритичните позиции со класа играчи. Реално е и очекувањата на сите да пораснат. Редно е да го вратиме ПЛ трофејот на мостот. Така да и очекувам освојување на ПЛ. Како најголеми конкуренти не можам да издвојам една екипа, по што и Арсенал и Ливерпул се добро покриени на сите позиции, а прикажуваат и доминантен фудбал, за Сити муабет да не правиме, а Јунајтед со Ван Гал и тоа како ќе се вмеша во трката за титула, но ги ставам чекор поназад од другите, по што сеуште не се добро покриени на сите позиции.
Во ЛШ, конкуренцијата од година на година станува се појака и појака. Најголемата опасност ја гледам од Реал, Дортмунд, Баерн и Барса. За Реал нема потерба да трошам тастатура, Дортмунд го загуби Лева, но се надополнија со Рамос и Имобиле, па барем засега не им е пречка да прикажат доминантен фудбал. Кај Баерн најголем недостаток може да им биде тврдоглавоста на Пеп и форсирањето на играчи вон позициите и новата формација 3-6-1. Но знаеме со какви индивидуалци располагаат, и затоа никогаш не треба да се отпишуваат. Барса на имиња го има и најмоќното трио моментално во фудбалот. Ги пополнија дупките во тимот, така да сега и со нов тренер ќе гризат кон секој можен трофеј. Па со малку среќа и избегнување во раната елиминациона фаза на овие екипи, сметам дека можеме до финале, па таму што биде биде.
И стандард за крај идеалниот состав.
Куртоа
Иванович/Азпи - Кејхил - Тери - Луис
Матич - Фабрегас
Вилиан/Шурле - Оскар - Хазард
Коста