Се вратив пред 5 дена и си поминав супер, и дефинитивно ја препорачувам. Ние бевме со сопствен превоз, и сместување најдовме по 10 евра по човек и тоа дури вo 14h се сместивме а стигнавме во 9 негде но сегде беше полно. Бевме сместени на 5-10 мин до центарот и на 15мин до плажата, супер место тивко нема бучава од центарот а ни многу далеку. Најчесто идевме на плажата кај хотелот Аммом Зеус(мислам така се викаше) лежалки беа 5 евра за 2ца, ама ако сакате лежалки мора да одите околу 9 саат, после се е полно. Може со сопствени лежалки ама или на сонце или од сенка. На плажа има и млади ама и многу фамилии со мали деца. Водата е многу бистра, и најубава плажа е дефинитивно во близина. Бевме до Афитос и Полихрони, ама за разлика од Калитеа се повеќе со фамилии. Дискотеките се на 5 мин со кола, Pearl работи само за викенд влез е 10 евра и со тоа имаш гратис пијачка, а ако имаш резервација бесплатен влез и сам си плаќаш пијачка, ама вреди за парите дискотеката е предобра. Преку недела идевме во Aqua bar, на 2 мин од Pearl, мало местенце, добра атмосфера, журкички, ама пуштаат многу грчко, и има многу Грци таму. 5евра влез и си доплаќаш за пијачка 2е за пиво, 4е за мартини итн. Еднаш не ни наплатија влез па си плаќаш цела пијачка. По шеталиштето имаш добри кафулиња, и сите келнери/ки се многу фини. Гиро беше по 2,80. Лидл на 5 мин возење и стварно супер да си изнакупиш се. Вода се исплати да купуваш пакет така ти е 1,50 најмногу а шише од 1,5Л околу 80центи негде 1е. Не ми се свиѓаше само што немаше на плажа журки и дека нема историски места за посета, инаку се е супер.