Адамовото безгрешно тело воопшто немало потреба од храна, како што ја има нашево огревовено тело, на кое храната му служи за материјален опстанок, за да не умре пред време.
На Адама, храната од дрвјата му служела не за наситување на стомакот, туку за примање на Бога во себе; односно, преку јадењето плодови од дозволените дрвја, Адам ја примал Божјата енергија. Во Рајот, Адам немал физиолошки потреби, како што ги има отпаднатиот човек, кој живее во отпаднатиов Свет.[DOUBLEPOST=1407781257][/DOUBLEPOST]
Свешеникот Тимотиј вели дека денес познатите закони од физичкиот Свет се истите оние кои постоеле и пред падот Адамов, со таа разлика што денес, тие закони се разбиени, со само еден Адамов грев. Разбиен е и целиот примордијален поредок од почетниот Космос, но Божјата промисла не допушта истиот целосно да се распадне.
Така, можеш да сметаш дека фундаменталните сили и честички се истите оние, како во почетокот од Светот.[DOUBLEPOST=1407781425][/DOUBLEPOST]
Што е тоа кое Бог не го знае?