Прашање за Христијанството III

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не можам да дефинирам таков поим и битие, или, како што вели еден денешен грчки (?) теолог: кој израз да го употребиме за да Го опишеме Бога, ќе згрешиме, оти човековиот речник нема таква способност.
А да по појасниш тој поим (или да го разглобиш, на пример). Како духовно суштество кое се знае, кое е семоќно, креатор на материјалното и на духовното, теоретичар......:)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Веќе имам напишано, ама ајде, „ше енкрат„:

1. Господ=господар на(д) се‘ што е створено и над Кого нема „виша инстанца„,
2. Бог=„Се‘ озознавам, се‘ опфаќам, низ се‘ продирам„.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Веќе имам напишано, ама ајде, „ше енкрат„:

1. Господ=господар на(д) се‘ што е створено и над Кого нема „виша инстанца„,
2. Бог=„Се‘ озознавам, се‘ опфаќам, низ се‘ продирам„.
Во ред.
Ајде да речеме дека го создал целиот универзум пред 11.000 г. (ова е само пример). Каде бил односно каде опстојувал пред тие 11.000 г. и уште поважно од што го создал тој универзум? Затоа што од ништо, не може да се создаде нешто. :)

И ако осознавањето е процес, која нормално крајната дистанца е сезнаењето, како логички е возмошно да се има знаења за се и за секого. Логички треба да си компјутер за такво нешто. Но ни компјутер тоа не го може затоа што да речеме дека има 8 милијарди луѓе на планетата земја, и уште толку нека се мртви. Каков компјутер би бил тој што за се и за секого би знае баш се? Покрај тоа, треба да се има и мозок (како орган) кои ќе раководи со тој компјутер односно ќе ги внесува тие податоци. Јасно е дека само материјалното (да речеме дека има и духовен свет) може да има мозок т.е. може да размислува. Дали сепак можеме да дојдеме до заклучок дека тој Бог е материјално суштество, и со простите правила “никој не може да знае се“ и “се си има свој крај“, дека сепак на крајот ние сме тие Богови што знаеме се за нас, и дека ако изумре една уникатна религија со уникатни/ен Бог/ови, и тие односно тој Бог/ови ќе престанат да постојат?... :)

Но сите религии имаат нешто заедничко, некаква поврзаност со небото. Зошто мислиш дека тоа е така? :)
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.627
Поени од реакции
9.241
Пред создавањето на универзумот не постоел простор и време.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Пред создавањето на универзумот не постоел простор и време.
Да просторот и времето настанале задно. Но како и каде живеел тој креатор?
Нема простор, нема светлина..., или кратко- нема ништо. :)
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.627
Поени од реакции
9.241
Не, не постоела. Ако постоела, тоа би била згодна можност за еволуционистите, со која би докажале дека животот настанал постепено, а не одеднаш.
Oрганската материја не постоела во Рајот и Адам имал нераспадливо тело. Како и зошто нераспадливото тело имало физиолошки потреби? Хипотетички, што ќе се случело со Адам ако не јадел?

Второто прашање ми е дали во Рајот владееле истите физички закони и хемиски реакции како што ги познаваме ние после човековиот пад или воопшто не постоеле.

И дали пред човековиот пад постоеле истите фундаментални сили (јака нуклеарна, слаба нуклеарна, електромагнетна, гравитација) и честички (кваркови, лептони и бозони) како што ги знаеме денеска или целата Вселена пред падот била уредена на сосема поинаков начин?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во ред.
Ајде да речеме дека го создал целиот универзум пред 11.000 г. (ова е само пример). Каде бил односно каде опстојувал пред тие 11.000 г. и уште поважно од што го создал тој универзум? Затоа што од ништо, не може да се создаде нешто. :)
Ние човеците, како створени, ограничени и смртни битија, сме ограничени и немаме искустевно сознание кое вели дека од „ништо„ може(ме) да створиме „нешто„.

Но, за Бога, се‘ е можно па Он Светов го привел од небитие/непостоење, во битие/постоење, и тоа „од ништо„, или како се вели, "ex nihilo".
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ние човеците, како створени, ограничени и смртни битија, сме ограничени и немаме искустевно сознание кое вели дека од „ништо„ може(ме) да створиме „нешто„.

Но, за Бога, се‘ е можно па Он Светов го привел од небитие/непостоење, во битие/постоење, и тоа „од ништо„, или како се вели, "ex nihilo".
А дали е возможно да живеел безпросторно и безвременски? :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И ако осознавањето е процес, која нормално крајната дистанца е сезнаењето, како логички е возмошно да се има знаења за се и за секого. Логички треба да си компјутер за такво нешто. Но ни компјутер тоа не го може затоа што да речеме дека има 8 милијарди луѓе на планетата земја, и уште толку нека се мртви. Каков компјутер би бил тој што за се и за секого би знае баш се? Покрај тоа, треба да се има и мозок (како орган) кои ќе раководи со тој компјутер односно ќе ги внесува тие податоци. Јасно е дека само материјалното (да речеме дека има и духовен свет) може да има мозок т.е. може да размислува. Дали сепак можеме да дојдеме до заклучок дека тој Бог е материјално суштество, и со простите правила “никој не може да знае се“ и “се си има свој крај“, дека сепак на крајот ние сме тие Богови што знаеме се за нас, и дека ако изумре една уникатна религија со уникатни/ен Бог/ови, и тие односно тој Бог/ови ќе престанат да постојат?... :)
Еден од Светиите вели вака: „....Ако некој мисли дека знае, нека се спореди со Божјото сезнаење. Ако некој мисли дека знае, треба да знае се‘ за секоја честичка во Вселената...„.[DOUBLEPOST=1407780726][/DOUBLEPOST]
Но сите религии имаат нешто заедничко, некаква поврзаност со небото. Зошто мислиш дека тоа е така? :)
Тоа што сите религии се стремат кон Небесата, тоа е знак деак сите народи го зачувале сеќавањето на Рајот и нивната желба и намера да се вратат во него. Е сега, кој е патот кон Рајот, тоа е дискутабилно и токму тоа ги чини религиите различни една од друга.[DOUBLEPOST=1407780857][/DOUBLEPOST]
А дали е возможно да живеел безпросторно и безвременски? :)
Да: Он битисувал без посторно и без временски.

Светиите велат дека Бог, пред да го стври Светов, се созерцувал самиот себе и од тоа „незадоволство„ решил да створ се‘ што е видлив и невидливо. Но, Он има и други прични за тоа творење.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Еден од Светиите вели вака: „....Ако некој мисли дека знае, нека се спореди со Божјото сезнаење. Ако некој мисли дека знае, треба да знае се‘ за секоја честичка во Вселената...„.
Еден мудрец вели вака “кога доаѓаш во ситуација да мораш да донесеш одлука, треба да го направиш тој чекор, да ја донесеш одлуката и да живееш со последиците од неа. Не можеш однапред да знаеш какви ќе бидат последиците.“

Тие светии малку избрзале. Тоа што сметаш дека Господ Бог знаеш се, грешиш. Веќе постирав пост каде што го наведов тоа. За потсетување цитати од самата Библија за тоа дека Бог не знае баш се. :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Oрганската материја не постоела во Рајот и Адам имал нераспадливо тело. Како и зошто нераспадливото тело имало физиолошки потреби? Хипотетички, што ќе се случело со Адам ако не јадел?
Адамовото безгрешно тело воопшто немало потреба од храна, како што ја има нашево огревовено тело, на кое храната му служи за материјален опстанок, за да не умре пред време.

На Адама, храната од дрвјата му служела не за наситување на стомакот, туку за примање на Бога во себе; односно, преку јадењето плодови од дозволените дрвја, Адам ја примал Божјата енергија. Во Рајот, Адам немал физиолошки потреби, како што ги има отпаднатиот човек, кој живее во отпаднатиов Свет.[DOUBLEPOST=1407781257][/DOUBLEPOST]
Второто прашање ми е дали во Рајот владееле истите физички закони и хемиски реакции како што ги познаваме ние после човековиот пад или воопшто не постоеле.

И дали пред човековиот пад постоеле истите фундаментални сили (јака нуклеарна, слаба нуклеарна, електромагнетна, гравитација) и честички (кваркови, лептони и бозони) како што ги знаеме денеска или целата Вселена пред падот била уредена на сосема поинаков начин?
Свешеникот Тимотиј вели дека денес познатите закони од физичкиот Свет се истите оние кои постоеле и пред падот Адамов, со таа разлика што денес, тие закони се разбиени, со само еден Адамов грев. Разбиен е и целиот примордијален поредок од почетниот Космос, но Божјата промисла не допушта истиот целосно да се распадне.

Така, можеш да сметаш дека фундаменталните сили и честички се истите оние, како во почетокот од Светот.[DOUBLEPOST=1407781425][/DOUBLEPOST]
Еден мудрец вели вака “кога доаѓаш во ситуација да мораш да донесеш одлука, треба да го направиш тој чекор, да ја донесеш одлуката и да живееш со последиците од неа. Не можеш однапред да знаеш какви ќе бидат последиците.“

Тие светии малку избрзале. Тоа што сметаш дека Господ Бог знаеш се, грешиш. Веќе постирав пост каде што го наведов тоа. За потсетување цитати од самата Библија за тоа дека Бог не знае баш се. :)
Што е тоа кое Бог не го знае?
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Што е тоа кое Бог не го знае?
Прво не знаел каде се Адам и Ева (нели ги барал). Потоа го прашал Каин зашто ја променил гримасата и го прашува каде е брат му Авел. Но и исто така еден светец од стариот завет кои напишал дека имал контакт со Бог (чудно ми е како Мојсеј морал да носи марама да го скрие личето и нековиот лик бил променет, а кај оваа личност тоа не се случило односно не било потребно) тој истиот Бог не знаел да и ја предвиди иднината. Знаеш ли зошто е тоа така?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ние човеците, како створени, ограничени и смртни битија, сме ограничени и немаме искустевно сознание кое вели дека од „ништо„ може(ме) да створиме „нешто„.

Но, за Бога, се‘ е можно па Он Светов го привел од небитие/непостоење, во битие/постоење, и тоа „од ништо„, или како се вели, "ex nihilo".
Мики, што вели абиогенезата за постанокот на животот?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.627
Поени од реакции
9.241
8. И го чуја гласот на Господа Бога, кога Он одеше низ рајот во приквечерината; и се сокрија Адам и жена му.
Не требале да се кријат туку веднаш да му признат на Бог што направиле
9. Но Господ Бог го повика Адама и му реча: „Адаме, каде си”?
Mу дава можност на Адам да се покае и да моли за прошка, но овој и понатаму се крие
10. А тој одговори: „Го чув гласот Твој во рајот кога врвеше, па се уплашив, оти сум гол, и се сокрив.”
Адам се крие од Бог, наместо да му признае и да го замоли за прошка
11. И Господ рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?”
12. Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев.”
Односно, не ме обвинувај мене, туку жената што ми ја даде Ти, таа несреќа што ми ја натовари на врат, таа ми даде од дрвото. Адам Го обвинува Бога наместо да се покае
13. Тогаш Господ Бог ѝ рече на жената: „Зошто го направи тоа?” Жената одговори: „Змијата ме измами, и јас јадев.”
Не ме обвинувај мене, туку змијата што ја создаде Ти. Ева го обвинува Бога наместо да се покае.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Адамовото безгрешно тело воопшто немало потреба од храна, како што ја има нашево огревовено тело, на кое храната му служи за материјален опстанок, за да не умре пред време.

На Адама, храната од дрвјата му служела не за наситување на стомакот, туку за примање на Бога во себе; односно, преку јадењето плодови од дозволените дрвја, Адам ја примал Божјата енергија. Во Рајот, Адам немал физиолошки потреби, како што ги има отпаднатиот човек, кој живее во отпаднатиов Свет.[DOUBLEPOST=1407781257][/DOUBLEPOST]

Свешеникот Тимотиј вели дека денес познатите закони од физичкиот Свет се истите оние кои постоеле и пред падот Адамов, со таа разлика што денес, тие закони се разбиени, со само еден Адамов грев. Разбиен е и целиот примордијален поредок од почетниот Космос, но Божјата промисла не допушта истиот целосно да се распадне.

Така, можеш да сметаш дека фундаменталните сили и честички се истите оние, како во почетокот од Светот.[DOUBLEPOST=1407781425][/DOUBLEPOST]

Што е тоа кое Бог не го знае?
Какво ширење на дезинформации,кога свештеник ќе ги толкува основните физички закони,3 Њутнови,теоријата на релативноста,законот за термодинамика итн. и во нив ќе го бара гревот.Тоа е мешање на баби и жаби.Што мислиш ,дека Космосот бил поинаков пред 7000 години,хипотетички од појавата на Адамовиот грев?Пријателе најголемата мистерија се случила пред 15 милијарди години,после Биг Бенгот.Уште поголема мистерија е тоа што останало сокриено за Библијата и Куранот,а Ведите и Тибетанските списи тоа го знаеле неколку илјади години порано .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom