Воведување на "такса влез" во супермаркети и продавници како и во Трговските центри

  • Креатор на темата Креатор на темата Keljav
  • Време на започнување Време на започнување
Уше од кога охриѓани ја имаа оваа идеја ехееееее пред неколку години сакаа да стават рампи и да наплаќаат влезарина-охридарина на влезот од Охрид.
Само напред добро смислено (y)
Нема више трте мрте, нема шетање по трговските и моловите.
Им било ладно ај ќе влеземе во рамстор,врнело ај во соравија,топло ај во сити мол има климатизација.
Сега на врата,
Каде бе ти ,влеазница имаш ?
Абе да видам нешо.
Шо да вииш бе копук! Ај да те нема клошариште скапано, да глеал така е тоа.
 
Ова се однесува на пешаците. Би било добро да има и ВИП оддел во МОЛОВИТЕ каде само оние со ВИП карти би можеле да влегуваат а таму би се наоѓале продавници од топ брендовите. Ова се нарекува "позитивна дискриминација" и има за цел подобрување на услугите во салоните, бензинските пумпи и други центри.. Убаво е да го има и на бензинските пумпи исто така. За да платиш во готово мораш да влезеш во пумпата и да си платиш "такса влез". Кога ќе си платиш за горивото тогаш ќе ти вратат дел од парите кога ќе купуваш следниот пат. Нема бесплатен ручек никаде !
1. Човече,ако си сериозен во ваквите свои размислувања,тогаш ти си идеален кандидат за новочовекот на 21 век,тоа е оној испегланиот и измесен човек по мерка на светските олигарси,уредно,послушно,тапоглаво човече!:гомце:
2. Меѓутоа,ако си несериозен,тогаш си идеален кандидат за трол на годината на Кајгана-форумот,како префинето си тролаш,мајко мила,секоја чест,ретко некој може да те осети! :свиркам:[DOUBLEPOST=1407778911][/DOUBLEPOST]
Колку ти е глуп и нелогичен постот - чудо едно. Телефон де купува со гледање на спецификации преку интернет??? Ај смени ја темата, ќе заглавиш на оваа
Постот му е троловски,зарем не приметивте дека ве трола,типичен интернет-трол,ќе пушти некое сосема нелогично мислење на тема која е чисто јасна а тоа е дека наплатување влез во трговски центри во Македонија е хипер-глупост и после ќе гледа сеир! Затворете ја темава затоа што веќе го заклучивме тоа,а и да нему текне на ќелавиот да истрола уште нешто,хахаха (y)
 
Последно уредено:
Темава е да се дискутира оваа идеја и да се видат предностите и недостатоците. Отворено мислење не значи тролање.
 
Постот му е троловски,зарем не приметивте дека ве трола,типичен интернет-трол,ќе пушти некое сосема нелогично мислење на тема која е чисто јасна а тоа е дека наплатување влез во трговски центри во Македонија е хипер-глупост и после ќе гледа сеир! Затворете ја темава затоа што веќе го заклучивме тоа,а и да нему текне на ќелавиот да истрола уште нешто,хахаха (y)

Премногу доверба имаш во луѓето и нивната интелигенција. Верувај дека е сосема возможно некој да е комплет сериозен околу ваквите ставови и да не е трол.
 
Не тролам туку отворам дискусија.
 
Темава е да се дискутира оваа идеја и да се видат предностите и недостатоците. Отворено мислење не значи тролање.
Во право си. Не сите се тролови. Некои и без да се трудат изгледаат како такви... :/
 
Нормално е дека преку интернет купувањето е поефтино кога ти нудат стока која била изложена и ја пипале или пак кондури кои стоеле во излог. Ако сакаш ново во продавница ќе си отидеш ко човек. Ова треба да го има и во салоните на мобилните оператори и на бензинските пумпи итн.
Далеку си ти од Запад.
Koga sme bas kaj konduri i drugi obuvki garantiram 100% deka sansite da kupis necepkan i neotvaran artikal se daleku daleku pogolemi ako kupues preku internet nego ako kupues vo prodavnica kaj sto moze bas tie obuvki so sakas da gi kupis prethodno 100 dusi so smrdlivi noze i corapi da gi probale. Istoto vazi i za raznorazna sportska oprema, pa i za mobilni telefoni i tableti.
 
И што ако јас платам да влезам во салонот на ВИП во Битола и ко стално ми речат ' Извини дечко го немаме тој телефон во Битола'. Kој ќе ми ја врати 'таксата' за влез мене и зошто само дел, кога на сајтот на вип пиши дека го има телефонот јас одам тие ми велат неможи го нема, не знајме дали можи да се порача и кога ќе стигни' ? - ова е онака само пример земено.

Ова тие еквивалентно на самоубиство, и не знам во која бензиска се плаќа влез или употреба на wc јас во УСА во 4 држави во ниедна бензиска не платив влез а цимерите мои тоа што отишле во WC па дури ни во New York.

Од оваа идеја ќе профитираат само малските продавници и никој друг
 
Потеклото ми е од Охрид. Имам охридска жичка а и кајче имам.
 
И сега ако одам да платам сметка во ВИП, да платам и за влез?
Два пати плаќаш за ништо значи.

А можит и да воведат ЕУ стандарди.Влегвење строго со пасош и 20 евра од сат - мораш да ги потрошиш, докажано со фискална на излез.Ако не фино лепо без пасош.Стандарди имаме или шо...
 
Добра идеја можеби за сметка над одредена сума би се враќал целиот износ на таксата влез.
 
На нашки ова се вика, чул ама не до чул.
Оваа такса знаеш каде ја има? Во продавници или трговски центри што располагаат со продавници од типот на Луи Витон, Армани, Версаче, Том Форд, Картие и т.н.
Бидејќи таму шетачите нема сигурно да поминат и да видат кондури што им се допаѓаат па ај ќе штедам за да си ги купам, а тие коштаат 5000 долари.
А јас можам да поминам и да видам патики од 6000 денари што ми се допаѓаат, да штедам 1 месец и да си ги купам. Сфаќаш?
А ако мислиш дека СитиМол ова ќе го имплементира или можеби Рамстор, Веро и т.н., ти си во голема заблуда другар, знаеш колкав процент од профитот им се базира на тоа не сум дошол ништо да купам, али ова ми се свиѓа па ај ќе си го купам па ако треба леб и ајвар ќе јадам само или пак претходно споменатото штедење.
Прво размисли логички и проучи на кој начин функционира конзумеризамот и маркетингот па потоа зборувај, конзумеризамот е овде за да те натера да го купиш и тоа што не го сакаш. А ултра луксузните брендови се овде само за одредена, многу мала на број - клиентела.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom