

На мене моментално никој неможе да ме спречи да одам во дневната , и да ја искасапам баба ми на фотелјата кај што си гледа индиски серии. Да постои смртна казна , ќе немам шанси после 20 и кусур години да и го направам истото на некоја друга баба , со тоа што автоматски и се зголемуват шансите да го изгледа крајот на малата невеста.
Смртната казна е баш за вакви како овој Џурич , кои не покажуваат ни трошка каење за тоа што го сториле , и шансите да го повторат делото ако излезат од затвор се големи. Баш од архивата на Србија излегоа повеќе случаи кои ја разбрануваа јавноста , личности кои пред 20-25 години искасапиле некој , па биле пуштени и за неполна година дена го повториле делото. Да имаше смртна казна , повторените дела немаше да се случат. Баш тоа е улогата на смртната казна , превентива од повторување на делото.