Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Без паника се прави место за Навас прв голман, ако останеше Диего...Икер ќе беше трет вака пак ќе биде втор :)
 
Толку малку беше кај нас, а кога го гледав, осеќав како 10 години да брани во Реал. Сигурен, стабилен, висок, одлично позиционирање, добар на нафрлувања. Речиси се' што моментално му недостига на Икер. Нека му е со среќа и секогаш ќе го памтам. :)
 
Толку малку беше кај нас, а кога го гледав, осеќав како 10 години да брани во Реал. Сигурен, стабилен, висок, одлично позиционирање, добар на нафрлувања. Речиси се' што моментално му недостига на Икер. Нека му е со среќа и секогаш ќе го памтам. :)
Па не би рекол дека малку време... беше и втор голман долго време :)
 
Со Диего можеше да се очекува после сезоната со Мурињо и квалитетот што го покажа во Реал,Икер да си остане на клупа во ЛаЛига,ама сега искрено не верувам дека ЕДЕН КАСИЉАС!!! Карло ќе го седне на клупа за да прв состав биде Кејлор или па може ќе си брани Навас во купот само додека овој лета во празно на нафрлени од некој третокласен играч.

Многу ми е криво за Диего,прво зашто изгубивме фантастичен голман кој можеше уште бар 2 сезони да биде во врвна форма,второ затоа што беше вистински Мадридиста т.е. парите не му беа приоритет.Ама тоа е,сега уште Ди Мариа да се продаде и скроз да го снема скелетот на тимот што го направи Мурињо и пак едно 3-4 години да идеме со оправдување не бе не се уиграни овие петорица сега дојдоа...
 
Па не би рекол дека малку време... беше и втор голман долго време :)

На пес6 ми бранеше на натпреварите против Гимнастик и Рекреативо. :pipi:
 
Карло Анчелоти

За Суперкупот: Суперкупот е битна утакмица за нас затоа што преставува една од целите за оваа сезона.

За Севиља: Севиља е добар тим кој својата добра игра ја круниса со освојувањето на Лига Европа, играчкиот кадар им се промени така да нивната игра во некои аспекти за нас е сеуште непозната.

За предходната сезона: Имавме добра сезона која ја крунисавме со освојувањето на Купот на Кралот и Лигата на Шампионите, посакуваме и оваа сезона да продолжиме во ист ритам, освојувањето на титули ја преставува филозофијата на Реал Мадрид.

За финалето во Лисабон : Тимот беше припремен физички и психички на највисоко ниво , ни еднаш не помислив дека можеме да бидеме поразени , и додека имавме негатива не ја губевме главата и верувавме во нас.

За Ла Децима: Таа е најважната титула како за мене така и за клубот , цела сезона ја одигравме на највисоко ниво и знаевме дека можеме да ја освоиме, Ла Децима ја преставува заедничката работа и тимскиот дух , таа не е поединечен успех.

За одбраната на титулата: По освојувањето на Ла Децима добивме самодоверба која ке биде од витално значење за наредната сезона , на крилата на Ла Децима ке се обидеме и оваа сезона да го повториме успехот.

Тајна на успехот: Не постои тајна на успехот, да се дојде до успехот потребно е да се има амбиција , посветеност и желба.
 
Еве ви распоред за цела сезона доколку некој веќе го нема во Bookmarks

http://www.rezultati.com/tim/real-madrid/W8mj7MDD/raspored/

Инаку да, си замина од тројцата најдобриот голман. Упм. Се изремети цела работа одкога се случија турските филмови со на Касиљас жена му, одтогаш формата му е падната инаку знаеме од пред тоа дека можеше да се смета на него.

Но Диего Лопез е покомплетен голман, голема штета што од поодамна не сме си го поставиле на голот али ете бар некоја сезона две беше стуб.

Останува да видиме дали Наваз е тоа што го гледаме на Youtube и дали Касиљас ке се врати фо форма.

Милан најдобро помина од сите.
 
Жално што замина Диего но уште пожално е еден од нив да грее клупа. Касиљас направи збрки што направи, но Мурињо со меѓусебната расправија со него и неговото медиумско влијание ја зацрни неговата кариера.
Касиљас ја загуби својата форма но ја загуби како и било кој играч кој би греел клупа, а после тоа што направи Мурињо критичарите чекаат и најмала грешка (која ја прави секој голман) да го критикуваат Касиљас, што пред оваа случка не ја ни забележувале или замерувале. Се надевам дека Касиљас ќе се избори за своето место и ќе ја врати довербата од навивачите, и ќе ја заврши кариерата како прав Мадридиста.
 
Quick question , Бејл и Кики, у кеш ги исплативте, у стил паре на сунце ?
Фала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom