Надворешни односи на Македонија

Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Пан-османизмот нема врска со претпоставената (од страна на тебе) пан-муслиманска агенда.
Баниран си, ама ај кога ќе се вратиш.

Еве ги православниве браќа, ќе те спасат од "калифатот".



Во Грција, земја членка на ЕУ, грчките војници учат како да им ја пијат крвта на Турците, Скопјаните и на Албанците (ВИДЕО)



...грчката армија скандираше дека ќе „направат облека од кожата на Скопјаните“.



 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Баниран си, ама ај кога ќе се вратиш.

Еве ги православниве браќа, ќе те спасат од "калифатот".


Во Грција, земја членка на ЕУ, грчките војници учат како да им ја пијат крвта на Турците, Скопјаните и на Албанците (ВИДЕО)


...грчката армија скандираше дека ќе „направат облека од кожата на Скопјаните“.



Не знам од кога станале православните Арванити претопени во Грци наши браќа?

Еве ги нашите православни браќа:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931

Нели Ти (и компанија) сакате со оваквите да се дружиме во НАТО, наши деца да гинат додека робовски ги војуваме војните на САД?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Нели Ти (и компанија) сакате со оваквите да се дружиме во НАТО, наши деца да гинат додека робовски ги војуваме војните на САД?
Не туку сакаме да станиме рамноправни или во подобра позиција од вакви како што се нашиве околни соседи.

А со Русија во партенерство ќе 'напредуваме' како Србија, до пред неколку години.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
Каде реков дека сакам „партнерство со Русија„?

Како за "on the record" не сакам Македонија да има било каков воен сојуз со Русија. А кога сме кај тоа, уште помалку учество во НАТО (или било каков воен сојуз со САД).


Не ми е јасно како не можете да разберете дека најголемите опасности за оваа држава се декларирани како внатрешни фактори и НАТО нема никаква основа за помош на членка, за решавање на внатрешните проблеми. Ниту пак имаат било каква намера и желба да ни помогнат, со оглед на нивното стратешко партнерство со нашите најголеми внатредржавни фактори за дестабилизација.
Згора на тоа, ако ништо не научивте од нашите досегашни искуства со НАТО... нема ништо што јас можам да ви помогнам. (што секако нема да ме спречи да ви се потсмевам на глупоста и неукоста) :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Каде реков дека сакам „партнерство со Русија„?

..нема ништо што јас можам да ви помогнам. (што секако нема да ме спречи да ви се потсмевам на глупоста и неукоста) :)
За тебе незнам, ама друг погоре тоа го заговара.

А за тоа што си безобразен, не си ти крив, туку модераторите кои не те санкционираат во твоето глупирање.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
Хаха... верувам дека имам повеќе избришани мислења отколку што имате Ти и компанија заедно.

Впрочем каков е овој Ad hominem „аргумент„?
Коментирај и спори ги моите ставови и мислења, а стилот на изразување ако не ти се допаѓа тоа е твој проблем. Јас лично сметам дека сум неспоредливо помалку вулгарен од тебе.

Или можеби сметаш дека е навреда што отворено квалифицирам нечии ставови?
Во тој случај треба да си го преиспиташ знаењето за поимот „навреда„. Или да си ги симнеш малку очекувањата за количина на „влакна на јазикот„ од соговорниците.



На страна ступидните дигресии, да го повторам мојот став за надворешната политика на Македонија:
- Никаков воен сојуз со НИКОЈ без претходно елаборирано подржување на македонските интереси.

Горниов услов засега НИКОЈ не го исполнил, никој ниту макар не најавил нешто полезно во однос на тоа. Напротив НАТО работеше, и сеуште активно работи против интересите на Македонија.
Исто и ЕУ, ако зборуваме за не-воени сојузи.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Горниов услов засега НИКОЈ не го исполнил, никој ниту макар не најавил нешто полезно во однос на тоа. Напротив НАТО работеше, и сеуште активно работи против интересите на Македонија.
Исто и ЕУ, ако зборуваме за не-воени сојузи.
Војната ни ја скроија Србија и Грција.

Да не беше НАТО ние досега не ќе бевме држава.

Тука е разликата, во моите и твоите разбирања.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Кој што ги прател работите на Балканот подлабоко од она што агентот Латас им го турал со лажица, знае дека тој конфликт беше припреман и спонзориран од Србија и Грција со помош на внатрешни помагачи.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677

 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И за да надовразаме на кого е било изгодно тоа еве и другите информации.
Еве после 31:20 и после 38:10 и после 42:29
Масите от бегалци не са случаjни и наполно сознателна.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Војната ни ја скроија Србија и Грција.
Да не беше НАТО ние досега не ќе бевме држава.
Тука е разликата, во моите и твоите разбирања.
Кој што ги прател работите на Балканот подлабоко од она што агентот Латас им го турал со лажица, знае дека тој конфликт беше припреман и спонзориран од Србија и Грција со помош на внатрешни помагачи.
Ова филмање со вашето имагинарно разбирање и пратење на работите оди во целосна спротивност со тоа што НАТО и Западот воопшто не се ни обидува да го демантира. Кажете колку пати треба да се постираат нивните изјави и официјални ставови?

Посебно во овој дел од светот ниту една војна па и од најмали размери не поминува без одобрување и логистика од големите сили. Почнете од каде сакате, од Украина, Косово, Грузија, Чеченија, Авганистан, Нагорно Карабах и Курдистан и додајте слободно се’ останото. Несериозно е да се мисли дека сите овие држави самите ја креираат својата надворешна политика без да биде тоа претходно договорено од некоја голема сила.

А тоа како НАТО ја спасувало Македонија, притоа сугерирајќи дека НАТО не успеал навреме да увиди како држави од типот на Србија и Грција(нивна членка) припремале на големо воени проекти без нивна согласност не треба да се коментира, веројатно само во вашата скудоумност тоа има некаква логика.

Досега во ниту еден пост не ги искоментиравте официјални ставови на САД за независноста на Македонија и постоењето на нејзиниот народ.
Игнорирањето на очигледните работи и упорното симулирање на “вишо разумевање“ на политиките и состојбите нема да ви помогне да го избегнете прашањето кое се наметнува за тоа чиви всушност интереси вие застапувате.

Имам повеќе разбирање ако кажете човечки дека сте песимисти и дека мораме безгласно да го прифатиме диктатот на западот, отколку да правите будали од останатите за тоа како многу ни пријало кога не ебале и да се обидувате да ги искупувате гревовите на Американците. Доволно е што ја имаме пропагандата од СНН, а ако сакате да се вработите таму можеме да ви средиме препорака.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Баниран си, ама ај кога ќе се вратиш.

Еве ги православниве браќа, ќе те спасат од "калифатот".


Во Грција, земја членка на ЕУ, грчките војници учат како да им ја пијат крвта на Турците, Скопјаните и на Албанците (ВИДЕО)


...грчката армија скандираше дека ќе „направат облека од кожата на Скопјаните“.



Има доста разлика од пеење песни на воени паради до убивање деца за Велигден, убивање деца за невелигден, сквернавење цркви, редовно претепување и сл.

А би имало и огромна разлика помеѓу претпоставената српско-бугарско-грчка инвазија и она што им се случува на Христијаните денес под калифатот (против кого Турција упорно одбива да презема било што). Да, доколку би имале само таков избор, сигурно јас, а и секој малку нормален би избрал окупација од соседите, одколку онаков калифат.

Сметам дека дури и ти ги приметуваш разликите.

Дури и Влатко ѓорчев почна колумни да пишува за тоа (додуше откако Американците почнаа да бомбардираат, никако пред тоа).
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
САД ќе дадат 4,5 милиони долари за „граѓаните“ во Македонија
http://dnevnik.mk/?ItemID=302BBB9C1B752847A0D298B1C7D90E43

САД ќе дадат 4,5 милиони долари за „граѓаните“ во Македонија



Околу 12,8 милиони долари во форма на финансиска помош за Македонија побарала администрацијата на Барак Обама во американскиот буџет за 2015 година. Според податоците за плaнираната финансиска помош што САД наредната година ја планираат за странски држави, а објавени на официјалната веб-страница „Форин асистенс“, Македонија најгoлем дел од овие пари, дури 35 отсто, е планирано да ги добие за поддршка на граѓанскиот сектор и невладините организации (околу 4,5 милиони американски долари). Парите, според податоците, во Македонија ќе стигнуваат главно преку американската агенција за поддршка и развој (УСАИД), која потоа ќе ги распоредува по невладините.

Владата на САД планира финансиска поддршка за невладините организации во Македонија секоја година веќе една деценија, а од 2010 година речиси константно се работи за околу 4 милиони долари. Но, ова е втора година едноподруго, сосе тековната 2014 година, во која Стејт департментот предвидува пари за Македонија само во два сектора: мир и стабилност и демократија, човекови права и добро владеење, каде што влегуваат и парите за невладините иако финансиска помош може да се дава и во други сектори (пример, за економскиот развој, за образование и социјала, за здравство...).

Имено, за од 2010 година до 2015 година, како финансиска помош за демократијата во Македонија биле планирани речиси 45 милиони долари. Приближно толку пари се планирале и за одбраната. До 2013 година, американската влада на Македонија ~ давала и финансиска помош во други сектори, на пример во 2013 година за економски развој понудила 4,1 милиони долари, во 2011 година - 2,1 милиона долари отишле за образование и социјала, а дури 8,3 милиони долари за економски развој. Најголема финансиска помош Македонија добила во 2010 и 2011 година, кога биле планирани по 28, т.е. 28,9 милиони долари.

За Украина најмногу

Македонија, според тоа што се бара како финансиска помош во буџетот на САД, влегува во топ-10 европски држави. Најмногу американски долари во Европа како помош за 2015 година се планира да добие Украина. Американската влада за неа бара Kонгресот да одобри 94,2 милиони долари, од кои 22 отсто државата, која е во воен конфликт, ќе треба да ги потроши за заштита од оружје за масовно уништување. Втора на листата е Грузија, со помош од 55 милиони долари, која исто така најмногу ќе може да се троши за одбраната и реформите во безбедноста. Она што е интересно е дека трета европска држава според финансиска помош од САД е Kосово. Северниот сосед ќе добие 48,1 милиони долари, кои треба да ги троши за економски развој. Следуваат Босна и Херцеговина, Ерменија и Молдавија со помош од 20 до 36 милиони долари, исто така главно наменети за економија.

По оваа група на држави, следуваат Србија, Албанија, Азербејџан и Македонија со годишна помош од околу 13 милиони долари. Заедничко за нив е што помошта им е наменета за развој на демократијата, човековите права и доброто владеење. Најмала американска помош, воопшто во светот, ќе добијат Грција, Малта и Португалија, за кои во 2015 година е планирана помош од само 100.000 долари.


Различни региони, различни износи

Американската администрација во различни региони предвидува различна намена на финансиската помош што ја нуди. Така, според барањата на Стејт департментот, најмногу помош во американски долари треба да добие Средниот Исток - близу 7 милијарди долари. Речиси целата финансиска помош на САД во овој регион од светот се наменети во секторот безбедност и воени реформи. Израел, кој добива 3,1 милијарди, ќе може сите да ги потроши за таа намена. Многу пари за мирот и безбедноста ќе добијат и Египет и Јордан. Сирија (за која се бараат 155 милиони долари) и Јемен (околу 100 милиони долари), пак, најголем дел од финансиската помош ќе треба да потроши за воспоставување систем на добро владеење во рамките на програмите за демократија и човекови права.

Во Азија најмногу пари ќе отидат за Авганистан - 1,5 милијарда американски долари, од кои дури третина треба да се потроши за воспоставување системи на добро владеење. Следуваат Пакистан (со 880 милиони долари помош) и Филипините (со 203 милиони долари помош), кои треба да ги трошат за одбрана и реформи во безбедноста. За северна Америка (Хаити, Мексико, Доминикана, Kуба, Бахами...) планирани се вкупно 400 милиони долари, кои главно ќе се трошат за проекти во врска со ХИВ/СИДА. Од оваа група држави, само Kуба (околу 20 милиони долари) би добила пари за демократија, човекови права и добро владеење. За средна и јужна Америка, помошта исто така изнесува околу 400 милиони долари, но таа главно се добива за секторот мир и стабилност. Најмногу пари би добиле Kолумбија (околу 280 милиони долари) и Перу (93 милиони долари), кај кои околу 80 отсто од помошта се наменети за справување со наркобизнисите. Африканските држави (Нигерија, Танзанија, Kенија, Етиопија...) помошта од неколку милијарди долари ќе ја добијат за превенција од ХИВ/СИДА .Од нив само Сомалија ќе добие пари за промоција на мир и стабилност.

Американската администрација на Обама веќе две години едноподруго, за фискалната 2014 и за наредната 2015 година не планира да даде ниту долар на Русија. Според податоците на „Форин асистенс“, последен пат САД на Русија ~ дале финансиска помош во 2013 година, кога биле планирани 20,1 милиони долари и тоа сите во секторот безбедност. Во 2012 година како американската помош за Русија биле планирани 101 милион долари, во 2011 година - рекордни 186 милиони долари и во 2010 година - 71,5 милион долари.

Но не е само Русија, исклучена од американска помош. Најголем дел од западноевропските држави исто така не се дел од оваа програма на американската влада. Главно финансиската помош на САД во Европа се сведува на државите од поранешниот источен блок (поранешните држави на СССР, источна Европа и југоисточна Европа). Kина, пак, е една од државите во Азија, која ќе добие најмалку пари иако за целиот овој континент се одвојуваат околу две милијарди долари, а таа е една од најголемите држави. Kина ќе се бара да добие околу 6 милиони долари главно наменети за образование и социјала.

Катерина Нешкова #
Добро направија во Руската Федерација кога со указ ги забранија петоколонашите од невладините организации. Оваква „помош„ САД редовно даваат на многу држави каде треба да го формираат јавното мислење. Така петтоколашите од НВО, добро платени, ја шират агендата на своите господари.


@demjan lacky ајде тука да ја префрлиме дискусијата (од прајват).
Еве ти од каде се плаќаат ликовите како Борис Камчев од соросоидниот портал Окно. Исто и целата таа друга багра, Милчин, Геровски, и останатите.

Нам САД ни продаваат „демократија„, а кај нив дома „демократски„ се справуваат со човековите права. Еве последново во Фергусон (и воопшто во Сент Луис), фршти демократија на сите страни. Пола ден (и цела ноќ) имаат полициски час, и цивили како муви паѓаат од полициски куршуми. Затоа што протестираат, а нели протестот е демократско право?

Но овде во Македонија, ни испраќаат претставници да не „караат„ за односот на полицијата кон бесна толпа која бара ослободување на убијци на деца (Смилковско езеро). За времето на војната овде, цело време ни бруеа за „неупотреба на прекумерна сила„ но сега истото (уствари 100пати поеклатантно), го игнорираат во Украина каде се употребува тешко наоружување и авијација (и забранети оружја како фосфорни бомби).

Двојни аршини насекаде, во зависност од тоа што одговара на политиката, на тие што ги контролираат САД.
Тешко нам, и на сите во светов што им „помага„ САД.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom