Трета светска војна има веќе само не е официјална и нуклеарна иначе ете блиски исток вире, украина вире, египет и либија врие така да има мн конфликти
Точно, но европските и северноамериканските држави не признаваат вооружен конфликт во глобални рамки доколку во колежот не се колат меѓусебно и европските држави.
Јапонија ја окупирала Манџурија, која била дел од територијата на Кина, уште во 1931 година, на чија што територија ја формирала марионетската држава Манџуко,
но светот молчел. Следувале неколку воени пресметки во наредните 6 години, но отворена војна помеѓу Јапонија и Кина започнала дури во 1937 година, кога Јапонија го освојува Нанкинг. Секаде каде што Јапонците поминале, локалното население било присилувано да им се поклонува на јапонските војници, или во спротивно следувало обезглавување за тие кои нема да им се покорат на јапонските окупатори. А кога Јапонците влегле во Нанкинг, на дело ги демонстрирале своите специјални способности со силување и убивање на жени и деца.
Но светот молчел.
Во меѓувреме, во 1935 година Италија ја окупирала Етиопија, во периодот од 1936 до 1939 година во Шпанија избувнала граѓанска војна помеѓу социјалистите од една страна и фашистичките националисти предводени од Франциско Франко од друга страна. Фашистичка Италија и Нацистичка Германија без никакво двоумење им помогнале на фашистите на Франко, а Советскиот Сојуз само формално им помагал на социјалистите, додека во пракса, помошта од Советскиот Сојуз речиси и не постоела.
Во ноември 1938 година во Германија се случила Кристалната Ноќ, или Ноќта на скршеното стакло, со што и официјално започнал Холокаустот.
Но и во овој период, светот молчел.
Па Хитлер и нацистите глумеле лудило во 1938 година, заканувајќи се со војна против Чехословачка, но денес се знае дека Хитлер бил свесен дека Чесите се подготвени за војна и би преживеале самостојно кратко време бидејќи имале добра воена индустрија, а во меѓувреме сигурно некој би застанал на страната на Чехословачка, по што Хитлер и нацистите не би се бореле против само една мала држава.
Како и да е, западот паднал пред хитлеровиот блеф, по што Велика Британија и Франција буквално им ја подариле на Хитлер и нацистите Судетската област од Чехословачка со потпишувањето на Минхенскиот договор. Наредната година - во март 1939, Хитлер го прекршил Минхенскиот договор со тоа што ги окупирал и преостанатите територии од Чехословачка.
Но светот молчел.
Дури откако во август 1939, Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз го потпишале договорот за ненапаѓање, познат како договорот Молотов-Рибентроп, на западот му станало јасно дека Хитлер и нацистите не само што се надвор од контрола, туку и можеби ќе влезат во сојуз со Советскиот Сојуз.
Е после ова, Велика Британија потпишала договор за колективна одбрана со Полска, со кој се обврзала да и објави војна на Германија доколку ја нападне Полска.
Дури откако Нацистичка Германија ја нападнала Полска на 1 септември 1939, односно:
- 8 години откако Јапонија ја окупирала Манџурија;
- 4 години откако Италија ја окупирала Етиопија;
- 2 години откако Јапонија почнала да масакрира невино цивилно население во Кина;
- 10 месеци после Кристалната Ноќ и официјалниот почеток на Холокаустот;
- 6 месеци откако Хитлер го прекршил Минхенскиот договор со окупирањето на преостанатите територии од Чехословачка;
конечно светот почнал да реагира.
Но човештвото одбива да ја учи сопствената историја и да ги извлече и запомни историските поуки од истата.
Па така, денес на Балканот има балканско Манџуко наречено Косово.
Либија во 2011 година повторно беше бомбардирана од европска територија, вклучувајќи ја и територијата на Италија, која го извршила првото тактичко бомбардирање во историјата на човештвото во 1911 година, и тоа случајно или не, го извршила токму врз Либија. Либија без малку поминува низ истите ужаси низ кои поминувала Етиопија додека била под италијанска окупација, со разликата што нејзиното население не го масакрираат странски војски, туку локални убијци и криминалци кои западот ги вооружува и ги нарекува борци за слобода и демократија.
Сирија поминува низ истите ужаси низ кои поминувала Шпанија за време на граѓанската војна во периодот од 1936 до 1939, но бидејќи Русија интервенираше, на западот му треба тројански коњ против Русија, а тоа во овој случај е Украина.
Засега Владимир Путин сеуште не го јавнал тројанскиот коњ кој западот му го доставил пред границите на Русија, но повеќе од јасно е дека очајнички сакаат да го јавне, бидејќи очајнички сакаат војна.
Имаат вишок оружје и муниција, а не знаат на кого да му го продадат. Ако немаат на кого да му го продадат, тогаш ќе се потрудат да го искористат против одреден непријател, но против кого ?
Авганистан, Ирак и Либија биднаа и поминаа. Граѓанската војна во Сирија сепак не им носи доволно профит од продадените оружја и муниција.
Очајнички им треба непријател против кого би ги искористиле тие вишок оружја и муниции, бидејќи нивните профитерски умови не знаат за ништо друго освен профит, без разлика од каде доаѓа истиот тој профит и без разлика со чија крв е извалкан.