Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Абе прошлата недела го гледав Салзбург на ТВ, кога ги откорнаа Рапид со 5 или 6-1, коментаторов спомнуваше кои се засилувања на Салзбург а кои си отишле и кажа едно 1000 играчи што отишле на позајмица у Лајпциг. :D Или пак пример сеа го купиле и одма го дале на позајмица у Лајпциг. Иначе мислам се спомнуваше името на Дитрих Матишиц, ама не ме фаќај за збор. А тоа име знаеме сите што значи. :D
Обратна е ситуацијата. Лајпциг купува и позајмува во Салзбург. Пример Бруно од Андерлехт го купија за 9 милиони и сега ќе игра за Салзбург, додека Лајпциг не влезе во прва лига.
 
Обратна е ситуацијата. Лајпциг купува и позајмува во Салзбург. Пример Бруно од Андерлехт го купија за 9 милиони и сега ќе игра за Салзбург, додека Лајпциг не влезе во прва лига.
Могуче, ама скоро 100% сум сигурен дека спомна коментаторот за 2-3 играчи што отишле на позајмица у Лајпциг.
 
На ти го дајми го прает.Баш нешо се спомвит дека ако не успеат да се квалификуваат за ЛШ во групна фаза многу веројатно е и некој од подобрите играчи на Салзбург да заминат на позајмица во Лајпциг пошо и онака ке се прошетаат во Австрија
 
Сaлцбург плaнирa сезoнaвa дa влaгa вo бундес лигa,еве дoдекa сеуште му дaвaaт кoефициенти дoбри мoжеби ќе успееме и некoјa пaрa дa нaпрaвиме нa нив.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Како што читав периодов, а и гледав една емисија, мислам на Спорт Клуб беше, овој газдава на Лајпциг се спрема да биде конкуренција на Баерн и Борусија и бил сериозен во тие намери. Гледам дека се изнакупуваа играчи, до душа што купени што на позајмица. Иначе мислам дека нешто беа поврзани со Салзбург, односно со спонзорот на Салзбург, нешо така беше.
Интересно тимче, ќе го следам следната сезона, баш ме занима што ќе направат.

Тоа се све тимови кои се под спонзорство на Ред Бул или на некој начин ,братски клубови'.Лајпциг им е најсериозен проект во областа на фудбалот.Клубот го имаат одбрано мислам зошто имаат добар стадион уште од Светското.Ред Бул ги нема само овие клубови,ги имаат и Ред Бул Њу Јорк,Ред Бул Гана и Ред Бул Бразил.Прават тимови каде што веројатно целта им е да ги собираат талентите од земјата и од цел континент за веројатно да завршат на крај во Европа.Имам читано по нет дека озбилно си ја имаат сфатено работата и на велико целат кон освојување на Бундеслигата.Од 4та до 2ра лига стигнаа одма(на никој тим му се нема десено во Германија ова).Е сеа за освојување на Бундеслигата има време али убаво да има уште појака конкуренција.Имаа добри резултати во подготовките(победа над ПСЖ и КПР) али тоа апсолутно ништо не мора да значи.Што се однесува на трансферите прават доста ,дубари' со Салзбург.Салзбург ќе гази според мене уште долго во Австрија зошто играчите што се ,челичат' од Лајпциг во Салзбург се очигледно прејаки за тоа ниво па ако ако друг Австриски клуб не добие некој мегабогат газда не верувам да ги симне од првото место уште долго време.
 
И неколку помали тимови како на пример Лиферинг во втора австриска лига. Интересно е што во сите екипи гледаат да негуваат ист, напаѓачки фудбал со многу пресинг. Посебно тоа важи за помаливе екипи како Лиферинг каде што најстариот има 21 година и морално е младите да се навикнуваат на таков фудбал.
 
Глуп човек... ќе си грее клупа во Баерн.
Како некои луѓе сами си ја водат кариерата во надолна линија...
Никој не го сака, таман му е у Баерн.
 
Најјаките тимови веќе имаат по двајца квалитетни голмани, никој не сака да ризикува. Барселона - Браво и Тер Штеген, Реал Мадрид - Навас и Касиљас, Баерн - Ноер и Реина, Челзи - Чех и Куртоа, па ајде и Сити со Харт и Кабаљеро. А големи се шансите и Венгер уште еден квалитетен голман да земе така да никој не сака да ризикува при толку многу утакмици да дојде ред во побитните утакмици неискусен голман да брани.
 
Сега Баерн го имаат и Мануел Ноер и Мануел Ноер за сиромашни :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom