Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Под тоа “плукање“ мислев за тоа дека Икер се испосрал на СП. Далеку од тоа...Од кога негативната критика и транспарентното гледање на работите е плукање ?
Факт е дека после повредата Икер не е истиот, со самото тоа што Мур го седна на клупа а после тоа и Карло кажува многу, ако ти текнува во ЛШ он излета на балон топка и примивме гол и плус во примера имаше некои смешни голови.
Никој не го оспорува неговото дело и се што направил за Реал, ја би бил пресреќен ако он може да си ја врати формата и пак да биде истиот Сан Икер ама треба малку реално да гледаме на работите.
Како и да е Кејлор е одлично освежување на голманската позиција и се надевам дека ќе ја добие подршката од сите мадридисти нешто што не беше случај со Диего...човекот бранеше ко луд а овие од трибини викаа Икер, Икер, Икер...смешки.
Ова е најголемата глупост која можеме да ја направиме. Не, со доаѓањето на Навас јасно е дека Диего ќе си оди. На нас ни треба стабилен голман кој ќе игра континуирано, кој ќе може убаво да се координира со одбраната, да се навикнат, а не секоја втора утакмица да има различен голман. Многу лошо го шутнавме Диего после овие две години, многу повеќе направи отколку што го црнеа медиуми и некои од фановите. Спред мене Касиљас уште од дамна требаше да го отстапи првотимскиот статус и капитенската лента. На сите ни е јасно кој е и што има направено за шпанскиот фудбал, али во многу лоша форма е последниве неколку години и тоа влијае врз клубот. Не викам дека треба да го напушти, туку дека треба да го отстапи своето место.Икер во ЛШ,Навас во Ла Лига,Лопез во Копа дел Реј..
Ем сите задоволни ем 3 голмани ќе си имаме на располагање...
Ахам, што треба да се случи за да утврдиме дека Икер е лош? И која е цената по која би требало да се брани неговото останување во клубот?Под тоа “плукање“ мислев за тоа дека Икер се испосрал на СП. Далеку од тоа...
Дека не е истиот Касиљас кој го знаеме, не е. Тоа е факт. Дека е лош моментално, не е ни тоа. Едноставно не е тоа што беше, ама далеку од тоа дека повеќе не заслужува да го носи дресот на Реал.
Греота за Диего, не го негирам тоа. Не вадеше кога беше најтешко и покажа дека е одличен голман. Ама кога веќе МОРА некој да замине, нека замине он. Одличен голман кој заслужува да брани цела сезона во некоја екипа и на сите фронтови. Греота е да се ограничува со Куп или Лига.