Полициски инспектори најдоа докази. Не судија туку полиција на лице место собрала докази, извршила претреси кај детето, полициски инспектори ги испрашувале неговите роднини, неговите приатели.... полиција состави извештај со наоди кој го посочуваат него за виновен.
Друже џабе ја упропастуваш темата...
Само инает тераш...Ја отера темата упм со твоите апстрактни муабети....
Шо би напрај ти ако си на негово место?
Ни е гајле нас шо би напрајл ти ако беше на негово место...
Ниту си бил на негово место,ниту ќе бидиш некогаш...
Сега ова е ирелевантно,шо би било кога би било....who cares...
Целата суштина на инцидентот,а во иднина и на кривичниот предмет кој ќе следува е да се откријат неколку работи:
1)Кој ја фрлил/изгубил бомбата од џандарите?Дали бил прекршен безбедонсониот протокол на МВР при вакви и слични ситуации за употреба на шок бомби?
ДАЛИ ИМАЛО ПОТРЕБА ДА СЕ НОСАТ ПРИ ВАКВА СИТУАЦИЈА?
Дали ситуацијата забегала до таа мера да полицијата била приморана да употреби шок бомба да ја растера масата?
Јасно е дека не,зошто ниту беше нападната единицата,ниту постоеше опасност за нивната безбедедност која би оправдала употреба на друго оружје(освен пендрак и штит)
Па некако да се оправда целата работа,како прво зошто се носела бомбата?и како е изгубена и падната на земја?
Ова да се открие е најважно
2)Кога веќе ја подигнал од земја бомбата,која била намерата на Турчин со бомбата,дали да ја отстрани да не предивика поголеми последици и да отстрани општа опасност(спротивно од делото за кое се товари),или да ја предочи на полицијаците и да им укажи дека изгубиле шок бомба,или трето,да ја фрли во нивна насока и да ги повреди?
Овие работи ќе ги цени,оценува и одлучува судот...прво во истражна постапка а потоа и на главна расправа...
Тоа шо полицијата посочува виновник е најмалку важно...
Полициските инспектори шо нашле докази е нивна работа,тие не се меродавни да одлучуваат и да предочуваат виновник..
Нивна задача е да соберат докази,и истите да ги докажат непосредно на суд,во кривична постапка,товарот на докажување лежи кај нив....
Да се викнат џандарите кои учествувале во тргачењето,посебно тој со бомбите на елекот,да даде објаснување каде изгубил дел од опремата...
Сите овие снимки,видеа ќе мора да ги презентираат,образложат,докажат на суд,непосредно со нивни изјави како сведоци,па потоа тие изјави да бидат поткрепени од лиценцирани судски вештаци....
Не е доволно само да се извади видео каде што се гледа дека бомбата се нашла во рацете на Турчин..
Мора да се докаже намерата,поведението и дејствието на постапката,па дури потоа ќе се цени дали е виновен или не..
Одбраната,мора добро да го спреми случајот,да се соберат сите докази,имаат очевидци колку сакаат,еден куп луѓе имаа за непосредни сведоци..
Има видеа,има докази...
Единствен клучен фактор во цела приказна е да има непристрасен судија...