Еден навивач остана без дланка, а десетина се повредени по инцидентот што се случи на крајот од натпреварот меѓу Пелистер и Вардарна стадионот под Тумбе кафе во Битола. Неофицијално, според една од верзиите, навивач одземал шок бомба од полицаец и невнимателно ја активирал.
Навивачот е со многу тешка телесна повреда на левата рака и по негово барање веќе се транспортира на скопските клиники.
Друг навивач се здобил со отворена повреда на ногата, а од околу десетина кои биле примени во Битолската болница, неколку се пратени на лекување во Скопје.
Инцидентот се случи на местото каде што биле сместени навивачите на скопски Вардар кој со 0-1 победи во дербито од првото коло на новата сезона на Првата македонска фудбалска лига.
Според офицјалната изјава на Јагода Стојановска, портпаролот на битолската болница, пациентот е пренесен во клиничкиот центар во Скопје, на негово барање.
Извор:
http://kajgana.com/navivach-ostana-bez-dlanka-desetina-bea-povredeni-na-derbito-pelister-vardar и
http://mkd-news.com/voznemiruvachka-fotografija-dlankata-na-navivachot-tselosno-raznesena-18/
Кое е вашето мислење за ова случување. Ако знаете нешто повеќе за ова пишете.
Јас лично мислам дека по овој настан треба малце и навивачите и полицијата да размислат за она што го прават. Јас сфаќам дека навивачите ко навивачи урлаат, ама тоа незначи дека треба насилно да се однесуваат и да уништуваат се околку нив, а полицијата ко полиција работа и е да ги сопре, без да има некој повреден. Редно време е да сфатат дека треба малце покултурно и посмирено однесување.