Ibiza Sound убаво ти кажаа, а мислам дека и јас ти имам еднаш пишано дека немаш врска и дека само го тупиш по целиов подфорум кењаш или фалиш некој без причина пишуваш дека сакаш да одиш на сите настани за кои ќе се отвори тема, а немаш никаде отидено

он.
Дерик Меј ми беше некако невесел, не знам зошто .. дали нешто не му беше по кејф со оркестарот, организацијата, диригентот изгледа никогаш нема да дознаеме, а веќе кога сум кај диригентот беше феноменален весел и расположен и за Дерик, Maestro Dzijan Emin како што прочитав прв пат се нафатил да диригира и јас според моите познавања мислам дека тоа го направи феноменално ! Симнувам капа како што и секој би требало да направи ! Капа доле и за Оги организаторот на настанот, ретко кој организатор е во публика со нејзе и ужива во она што го приредил ! Требаше да си дозволат и уште една песна го сакаше тоа публиката....
Неможам да не искоментирам и за гагаторите надвор од просторот за кој се плаќаше карта, но со оглед дека такви има и по свадби кога се испраќа невестата не треба да не чуди што ги имаше и таму.
Картата исто многу луѓе ја коментираат, но мислам дека цената според настанот кој се организира и нашиот стандард си е баш на место ! Неможе секој и сешто да присустува на таков елегантен настан како што присустуваат луѓе на журки за кои карта е 300...
Два часа ми поминаа како 5 минути и неможам да жалам, чест е да се биде дел од ваков настан кој се надевам ќе се повтори следната година и зошто да не наместо Дерик да го видиме и вонземјанецот Jeff Mills !
Секоја чест за организацијата и министерството за култура кое го подржа настанот и нека го прави тоа почесто и си други такви од сличен карактер !
И за крај

.
п.с оправдано каснам со постов поради други фестивали и журки
