ГМО - генетски модифицирана храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
ПЕТИЦИЈА НА ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОТПОЛНА ЗАБРАНА НА ОДГЛЕДУВАЊЕ, УВОЗ, ПРОМЕТ И ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ СО ГМО
3 Август 2014 во 14:55
ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

До Mинистeрствa на Земјоделие, Екологија и Здравство





ПЕТИЦИЈА НА ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОТПОЛНА ЗАБРАНА НА ОДГЛЕДУВАЊЕ, УВОЗ, ПРОМЕТ И ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ СО ГМО





Почитувани дами и господа, ние долу потпишаните граѓани на Македонија бараме:



МОМЕНТАЛНО ВОВЕДУВАЊЕ НА ЗАБРАНА НА ОДГЛЕДУВАЊЕ, УВОЗ, ПРОМЕТ И ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ СО СИТЕ ГМО ПРОИЗВОДИ ПО УГЛЕД НА 167 ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ



Денеска се наоѓаме на голема пресвртница каде ќе се одлучи дали човештвото ќе се развива во слобода или во ГМО колонизација и ропство. Понатамошната судбина на човештвото и на нашето потомство е во наши раце и поради тоа е многу важно да се информираме и да направиме се што е во наша моќ за да го запреме продорот на ГМО храната која е сериозна закана не само за луѓето, туку и за растенијата и животните на планетата.

ГМО е голема закана за нашата цивилизација и опстанокот на биолошките видови на планетата од повеќе причини:

  • Предизвикува стерилитет кај луѓето и животните кои ја јадат и го загрозува опстанокот на човештвото.
  • Го контаминира човечкиот геном и доведува до многу мутации.
  • Предизвикува многу болести, помеѓу останатото и рак и автоимуни болести.
  • Предизвикува еколошка катастрофа, уништува автохтони растенија, инсекти, а пестицидите кои се применуваат заедно со ГМО, земјата ја прават неплодна и ја загадуваат водата за пиење.
  • ГМО семето е стерилно, патентирано е и доведува до зависничко ропство и економски колапс на земјата во која се одгледува.
Многумина од нас не знаат што е ГМО па најнапред да кажеме нешто околу тоа. ГМО не е хибрид кој настанува со мешање на растенијата од ист вид, што може да се случи и природно, туку настанува со мешање на гени на животни и на растенија. Се мешаат гени на жаби, лебарки, бактерии, луѓе...со растенија, за да бидат издржливи. Генот од рибите од северни мориња се вградува во доматот за да доматот би можел да расне на ладно или човечките гени се вградуваат во оризот. Примери за домат кој мириса на риба веќе имаме на наши простори.

ГМО не може да настане природно, па нашиот организам ги препознава како страно тело и реагира со создавање на антитела што е вовед во автоимуни болести.

Всушност, кога нов ген се вметнува во растителниот геном, резултатот е создавање на нов протеин кој е потполно нов во човечката исхрана, така да нашето тело ќе создава антитела во борбата против протеинот од страна. Како гените од ГМО растенијата се имплементираат во ткивото на оној кој јаде таква храна, антителата ќе го напаѓаат сопствениот организам и резултатот може да бидат многубројни автоимуни болести.

Производителите на ГМО инсистираат да ГМО производите не се обележуваат. Зарем тоа би го правеле да е ГМО храната потполно здрава и сигурна?

Голем број научници во светот, вознемирени од играњето на Бог во создавањето на ГМ храна спровеле обемни истражувања за нејзината штетност по човекот и околината. Резултатите биле повеќе од шокантни. Германските научници пронашле фрагменти од генетски модифициран ДНК во мозоците на новородени бебиња кај глувците кои биле хранети со ГМ храна. Делови од генетски модифициран ДНК исто така се најдени во крвта, слезината, црниот дроб и бубрезите на прасиња кои се хранети со ГМ пченка. Резултатите јасно покажуваат дека последиците од ГМ храната по човечкото здравје и воопшто по човечкиот вид, можат да бидат несогледиви.

Проф. Апард Пустај во Ровет институтот во Шкотска 1999 год. заклучува во својата опсежна студија дека сите животни хранети со генетски модифицирана храна заболеле од автоимуни и други болести.

Студијата на проф. Алексеј Суров, член на руската академија на науките и национален сојуз за генетска сигурност 2010 год. покажува дека глувците кои биле хранети со ГМО храна во третата генерација постанале стерилни. Тоа практично значи дека нашите внуци би биле стерилни доколку ние и нашите деца јадеме ГМО храна! Дали сфаќаме за каква сериозна опасност се работи овде? Ова е прашање на нашиот опстанок и на нашите деца !

Студијата на проф. Жил Ерик Сералини, професор по молекуларна биологија и неговиот тим, на универзитетот Каен во Франција, во септември 2012 год. чии резултати се објавени во “Food and Chemical Toxicology” – сериозно списание за токсикологија е најобемна и најдетална двогодишна студија која е работена на 200 глувци. Глувците имале видливи оштетувања на внатрешните органи, изразени карциноми, пореметен имонолошки систем и хормонска рамнотежа, автоимуни болести, алергии и многу други болести. Смртноста била зголемена 5 пати во однос на глувците кои се хранети нормално.

Треба да напоменеме дека кинеските научници, 2011 год. на Nanjing University во ин виво студијата, пронашле дека миРНА на оризот поминува низ ѕидот на цревата и се врзува за рецепторите на крвните клетки и органите на луѓето кои го јаделе тој ориз.

Компаниите кои произведуваат ГМО, тврдат дека ГМО не може да ја помине цревната бариера, што оваа студија го оспорува тоа.

MиРНА ги модулира биолошките процеси на клетката, имунолошкиот систем, го одржува имунитетот на ткивата, може да деактивира одредени гени, да ги програмира клетките да делуваат вештачки, на неприроден начин. На овој начин се контаминира човечката генетика.

Кога јадеме ГМО, постануваме се помалку луѓе и се помалку природни, а се повеќе вештачки.

Производителите ги занима само да добијат што поголем и на око здрав плод, па семето го модификувале да содржи инсектицид. БТ-токсинот во ГМО делува како инсектицид и го разорува дигестивниот тракт на инсектите кои умираат кога го јадат. Но, зарем ние немаме дигестивен тракт, зарем ние немаме желудник? Во последно време има се повеќе болести кои се манифестираат со крварење во дигестивниот тракт. Очигледна е врската помеѓу ГМО храната и овие појави.

Животните инстинктивно знаат дека ГМО е штетен, па никогаш нема да видите диви свињи во ГМО пченка.

Освен последиците по здравјето, економските последици по нашата земја би биле несогледиви. Семето на овие растенија е патентирано (што никогаш не се случило во историја на човештвото) и стерилно, па не може да донесе плод ако го посадиме следната година. Секоја година би морале да купуваме нов семенски материјал и тоа само од производител кој го патентирал, а ако не сме послушни, нема да ни продадат семе и би умирале од глад!

Со други зборови, потполна зависност или ГМ неоколонијализам! Би постанале робови!

Македонија би изгубила исто така и огромен потенцијал за органско производсво.

Целта на производителите на ГМО храна е што потежок плод, поголем, подолготраен и убав на око. Нив не ги интересира што ќе се случи кога производот ќе се продаде, бидејќи нивната цел е иста како и целта на останатите компании, а тоа е профитот и ништо друго. Нив не ги интересира нашето здравје, тие мијат раце од последиците. Дали сите се сеќаваме на мирисот на домашен домат? Се повеќе на пазарите наидуваме на гигантски зеленчук кој не мириса, нема семки и има непријатен вкус. При секоја посета на пазарот, треба да им зборуваме на продавачите дека не сакаме да купуваме такви плодови и со текот на времето ќе мора да се вратат на старите домашни сорти.

Да видиме што се случило со Аргентина откога дозволила одгледување на ГМО.

Економијата пропаднала. Процентот на гладни се искачил од 15% на 47%. Шумите се исечени поради ширењето на ГМО полиња. Бројот на спонтани абортуси е 100 пати поголем од просекот. Водата е затруена со хемикалии, животните умираат од отрови. Децата се раѓаат без нозе, без раце, парализиранни, ракот пустоши низ земјата, се појавуваат чудни болести. Растителните видови исчезнуваат. Земјата 10 години под ГМО постанува стерилна. ГМО компаниите изнајмуваат приватни фирми за обезбедување кои ги палат фармите и полињата на малите земјоделци ако им се најдат на патот.

Во Индија во последните неколку години овој магичен круг избркал стотици илјади фармери во зависност, долгови и на крај самоубиство. Земјоделците купиле ГМО семе на кредит, годината била сушна, родот бил слаб и немале од што да ги вратат кредитите, па 200.000 селани се убиле поради должничкото ропство помеѓу 2007 и 2010 година. После тоа стравично случување, Индија забранува ГМО.

Со воведување на ГМО би биле уништени нашите автохтони семиња кои ги извезуваме и по кои сме познати во светот, а голем број на луѓе би останале без работа.

Така од големи извозници на здрава храна би постанале зависници од увозна храна. Голем број на домаќинства кои денес живеат од земјоделство би згаснале.

Освен економски и последици по здравјето, ГМО остава и еколошки последици.

Зошто умираат пчелите? Се повеќе има научници кои тврдат дека главниот причинител за исчезнувањето на пчелите се токму ГМО растенијата со БТ токсинот кој го разорува дигестивниот тракт на инсектите (и не само на инсектите).

Пчелите опрашуваат, доколку пчелите изумрат, сите растенија ќе престанат да раѓаат. Би се уништил цел ланец. За да би успеале, ГМО “растенијата“ мора да се запрашуваат со голема количина на пестициди кои ја контаминираат земјата и ги убиваат сите останати растенија, освен ГМО, па така имаме помор на инсекти, глисти, органски растенија...

167 земји во светот забраниле одгледување, увоз и промет на ГМО. Mакедонија би требала да биде 168 земја која би ги спасила своите граѓани од оваа напаст.

ГМО компаниите дури и неточно ги специфицираат своите производи како биоразградиви што после лабораториските проверки се покажало неточно, така да и нивните “конвенционални“ производи се под знак на сомнеж. Честопати се поставуваат како Тројански коњ низ таканаречените донации и хуманитарана помош, избегнувајќи ги контролите.

Многу митови го следат ГМО кои до ден денес се потврдиле како неточни, па да видиме кои се тие митови.

Заговорниците на ГМО храната велат дека се намалува гладтта во светот, што не е точно. ГМО приносите се исти со конвенционалните растенија или после неколку години и смалени, поради развивање на супер коров и осиромашување на земјиштето. ГМО е обично поврзано со големи компании кои не ги интересира општо добро него само свој себичен профит додека малите фармери пропаѓаат. Во Америка веќе 20 години се произведува ГМО и гладтта не е искоренета. Напротив, во Америка има се повеќе гладни, а никогаш толку болни луѓе.

Зборуваат дека се користат помалку пестициди. И тоа не е точно, ГМО мора да се запрашува со бионеразградиви хемикалии, а поседуваат и ген кој лачи токсин. Познат е случајот на судскиот процес во Франција кога ГМО компанија е тужена, бидејќи лажно го рекламирала својот производ како биоразградив, а анализите потврдиле дека тоа не е точно.

Исто така велат дека ГМО е отпорен на суша. Неточно. Има доста примери во светот, еден од драстичните е и Индија каде сушата ги уништи и конвенционални и ГМО усеви.

Ни зборуваат и дека помага во економијата. Видовме дека всушност е обратно, дека предизвикува економски колапс и осиромашување на населението. Да, помага во економијата, но само на економијата на компаниите кои произведуваат ГМО.

Тврдат дека ГМО помага во медицината. Сериозни студии на научници ширум светот покажале дека ГМО е храна, опасна по животот, така да ниту овие тврдења не се точни.

И уште една невистина, дека ГМО е услов за СТО (Светската Tрговска Oрганизација). Последен пример дека тоа е неточно е Русија која е примена во СТО, а веќе била забранила ГМО на основа на резултатите од истражувањата на француските научници.

Драги пријатели, да се здружиме и со сите сили да го запреме ова зло кое се обидува да се вовлече и кај нас. Да го сочуваме нашето потомство! ГМО е прашање на опстанокот на народот!

Ова е перфиден облик на колонизација, погубен по нашето здравје, нашата земја, земјоделието и околината. ГМО го уништува еко системот на планетата! Последиците по животот и здравјето врз луѓето и економијата на нашата земја би биле долгорочни и несогледиви.

Да не дозволиме да не можеме да им погледнеме во очите на нашите деца и внуци кога ќе не прашаат зошто ништо не сме направиле за да ја сочуваме нашата земја здрава, економски самостојна и просперитетна. Одговорноста на идните генерации е на нас.



Во име на нашето здравје и животите бараме да се донесе закон за потполна забрана на одгледување, увоз, промет и експериментирање со ГМО.

Со почит,

долу потпишаните граѓани на Македонија

https://www.facebook.com/notes/10152673495199974/
 
Еве едно објаснување за генетска модификација на храната. Незгодно е за преведување бидејќи е слика, ако некој не разбира слободно нека ме означи или цитира, ќе го преведам тоа што е нејасно.
T2ZuDJJ.jpg
 
Хмм... за мутирањето преку изложеност на радијација/хемикалии имав читано. Лубениците без семки се така направени.
Резултатите се тотално непредвидливи, и добиените овошја/зеленчуци се често стерилни (значи новите генерации мора да се добиваат преку повторно и повторни контролирано мутирање. Не ми е јасно зошто резултатите од методов не подлежат на испитувања за безбедност.
@AlternativeF некои сознанија за причините од неиспитување на безбедноста?


Патем, @bucio некои (подоста) делови од петицијата се толку неуко напишано, што ми е страм да кажам дека сум на истата страна со петиционерите.
Ваквите неписмени напишани јавни повици прават и лошо колку што прават добро (барем кај тие неутралните а сепак малку поедуцирани луѓе). Толку ли не можеле некој пописмен да најдат да ја напише (или барем редактира) петицијава?
 
Бивши активист против ГМО ги прифати фактите, не знам за вас ;-)
http://www.npr.org/2013/01/20/169847199/former-anti-gmo-activist-says-science-changed-his-mind

Како што тој ги прифатил фактите за ГМО, така може да ги прифати фактите и на тие кои се против ГМО.

Затоа има глава која му виси над рамењата, за да размислува самостојно, а не за да мисли и за да постапува онака како што други ќе му кажат.

А неговите зборови упатени до неговите довчерашни сојузници во борба против генетички модифицираните производи:

" Тргнете се од патот и оставете не нас да го храниме светот "

не делуваат баш како да доаѓаат од личност која размислува со сопствената глава.

Како за почеток, од каде му на него тоа право да го храни светот ?

Кој вели дека само тој има право да го храни светот ?

Од каде дошол до заклучок дека светот треба да се храни со неговата храна ?

Е па и јас како некој кој е за задолжително обележување на генетички модифицираните производи и како некој кој е против нивна дистрибуција и продажба без соодветно ГМО обележување, имам реплика до истиот овој таканаречен бивши активист против ГМО:

Ти и таквите како тебе тргнете се од патот и оставете ги здравиот ум и разум да завладеат со светот, па човештвото самостојно нека одлучи дали ве сака тебе, таквите како тебе и храната која вие ја произведувате.
 
Како ќе засадиш пченка или ориз каде што без помош на ГМО нема шанси да расте.
Како што кажа Нил де Грас идејата за ГМО не е нова, не гледаме диви млечни крави или без употреба на човечката рака свилената буба нема да биде жива.
А што е најглупо од се разбирам зашто сте против, не заради ГМО технологијата туку за монополот и политиките на монсанто што се согласувам, но и они подаруваат во афричките земји семиња за намалување на гладот.
Имаше еден диктатор што не прифати помош заради религиозни причини.
Знаеш сега дека таа земја ќе имаше чинија топол оброк да не беше толку против ГМО?
Кажи ми едно истражување што е peer reviewed и анализирано и е докажано дека е штетно.
А ако идеме надвор од ГМО храната, инсулинот ќе се правеше од стомаците на кравата, а не сега од ГМО бактерија што е култивирана да прави тоа.
ГМО и генетскиот инжињеринг имаат многу предности, веќе е дали ќе ги одбиете или ќе ги добиете.
 
Како ќе засадиш пченка или ориз каде што без помош на ГМО нема шанси да расте.
Како што кажа Нил де Грас идејата за ГМО не е нова, не гледаме диви млечни крави или без употреба на човечката рака свилената буба нема да биде жива.
А што е најглупо од се разбирам зашто сте против, не заради ГМО технологијата туку за монополот и политиките на монсанто што се согласувам, но и они подаруваат во афричките земји семиња за намалување на гладот.
Имаше еден диктатор што не прифати помош заради религиозни причини.
Знаеш сега дека таа земја ќе имаше чинија топол оброк да не беше толку против ГМО?
Кажи ми едно истражување што е peer reviewed и анализирано и е докажано дека е штетно.
А ако идеме надвор од ГМО храната, инсулинот ќе се правеше од стомаците на кравата, а не сега од ГМО бактерија што е култивирана да прави тоа.
ГМО и генетскиот инжињеринг имаат многу предности, веќе е дали ќе ги одбиете или ќе ги добиете.

А од инсулинот добиен од кравите гледам многумина испоумреа.

Види, како и секое друго човечко суштество кое ја населува планетата Земја, така и ти имаш право на свое лично мислење.

Но тоа не значи дека остатокот од човештвото треба да го прифати твоето лично мислење, ниту пак значи дека треба да ги прифати твоите коментари за нивните лични мислења.

И кога веќе толку е здрава генетички модифицираната храна, земи собери си ги парталите и оди ти во Африка да живееш од одгледување на генетички модифицирана храна.

Изгладнетите Африканци сигурно ќе бидат задоволни од твоите напори за да ги нахраниш со генетички модифицирана храна и сигурно ќе ти бидат до бескрај благодарни за твоите добронамерни постапки.
 
Имаш право на мислење точно.
Но ако тврдиш нешто без аргументи,тоа е твое мислење.
А да би имал можност би помогнал прво тука во државава па надвор.
 
Имаш право на мислење точно.
Но ако тврдиш нешто без аргументи,тоа е твое мислење.
А да би имал можност би помогнал прво тука во државава па надвор.

Па и ти твоето мислење не го објаснуваш со аргументи.

Единствено спомнуваш мислења и истражувања на одредени инвидивуи, или на одредени организации, кои единствено што тврдат е дека генетички модифицираните производи се здрави, а притоа не објаснуваат врз кој основ дошле до заклучокот дека се здрави.

Од друга страна, противниците на генетички модифицираните производи излегуваат со независни истражувања кои ти и таквите како тебе ги отфрлувате како нерелевантни, неверодостојни, неприфатливи од страна на научната заедница бидејќи биле извршувани врз не знам какви примероци од експериментални глувци или не знам што, но сепак овие луѓе кои ги извршиле овие независни истражувања излегуваат со конкретни аргументи зошто генетички модифицираната храна е штетна за здравјето на луѓето, а меѓу причините ги спомнуваат и стерилитетот и опасноста од канцерогени заболувања.

Додека ти и таканаречената научна заедница или експертска јавност, како што милувате да се нарекувате, излегувате со најразни истражувања според кои генетички модифицираните производи се здрави за луѓето, но притоа не објаснувате како и зошто сте дошле до таквиот заклучок.

А настрана фактот дека сите тие истражувања се вршени во ограничен временски период, додека луѓето кои ги купуваат и ги консумираат или ќе ги купуваат и ќе ги консумираат истите тие генетички модифицирани производи, тоа ќе го прават на долгорочен временски период - зборуваме за години, ако не и децении на купување и на консумирање на истите тие генетички модифицирани производи, а не само за неколку месеци или 2 до 3 години во лабораториски услови.

Истата таа научна заедница и истите тие таканаречени експерти чии што ставови ти ги земаш во предвид, пред едно 30 години тврдеа дека цигарите не се штетни по здравјето на човекот.

Денес ситуацијата е многу поинаква, на секое пакување цигари убаво пишува дека пушењето е штетно по здравјето, а државите активно водат кампањи за ставање крај на пушењето.

Со оглед на фактот дека таканаречената научна заедница и таканаречените експерти досега барем еднаш го излажале човештвото за последиците по човековото здравје од одредени производи, сите нивни истражувања и сите нивни ставови треба да се стават под знак прашалник, особено во денешно време кога парите железни врати отвораат, а најлесниот пат до човековото срце, за жал и понатаму е преку стомакот.
 
Па и ти твоето мислење не го објаснуваш со аргументи.

Единствено спомнуваш мислења и истражувања на одредени инвидивуи, или на одредени организации, кои единствено што тврдат е дека генетички модифицираните производи се здрави, а притоа не објаснуваат врз кој основ дошле до заклучокот дека се здрави.

Од друга страна, противниците на генетички модифицираните производи излегуваат со независни истражувања кои ти и таквите како тебе ги отфрлувате како нерелевантни, неверодостојни, неприфатливи од страна на научната заедница бидејќи биле извршувани врз не знам какви примероци од експериментални глувци или не знам што, но сепак овие луѓе кои ги извршиле овие независни истражувања излегуваат со конкретни аргументи зошто генетички модифицираната храна е штетна за здравјето на луѓето, а меѓу причините ги спомнуваат и стерилитетот и опасноста од канцерогени заболувања.

Додека ти и таканаречената научна заедница или експертска јавност, како што милувате да се нарекувате, излегувате со најразни истражувања според кои генетички модифицираните производи се здрави за луѓето, но притоа не објаснувате како и зошто сте дошле до таквиот заклучок.

А настрана фактот дека сите тие истражувања се вршени во ограничен временски период, додека луѓето кои ги купуваат и ги консумираат или ќе ги купуваат и ќе ги консумираат истите тие генетички модифицирани производи, тоа ќе го прават на долгорочен временски период - зборуваме за години, ако не и децении на купување и на консумирање на истите тие генетички модифицирани производи, а не само за неколку месеци или 2 до 3 години во лабораториски услови.

Истата таа научна заедница и истите тие таканаречени експерти чии што ставови ти ги земаш во предвид, пред едно 30 години тврдеа дека цигарите не се штетни по здравјето на човекот.

Денес ситуацијата е многу поинаква, на секое пакување цигари убаво пишува дека пушењето е штетно по здравјето, а државите активно водат кампањи за ставање крај на пушењето.

Со оглед на фактот дека таканаречената научна заедница и таканаречените експерти досега барем еднаш го излажале човештвото за последиците по човековото здравје од одредени производи, сите нивни истражувања и сите нивни ставови треба да се стават под знак прашалник, особено во денешно време кога парите железни врати отвораат, а најлесниот пат до човековото срце, за жал и понатаму е преку стомакот.
Wrong.
1080 истражувања ист заклучок.
GENERA Status (April 2014): The Atlas contains over 1080 studies, and exactly 400 studies have been read and reviewed. The web interface to display the database online is in alpha testing, and we are contacting authors to fill in gaps of information with regard to funding sources.
http://www.biofortified.org/genera/studies-for-genera/
 
Wrong.
1080 истражувања ист заклучок.
GENERA Status (April 2014): The Atlas contains over 1080 studies, and exactly 400 studies have been read and reviewed. The web interface to display the database online is in alpha testing, and we are contacting authors to fill in gaps of information with regard to funding sources.
http://www.biofortified.org/genera/studies-for-genera/

А бе нека бидат и 108008080800000 истражувања со ист заклучок ако треба, сепак тоа не ги прави веродостојни и релевантни, бидејќи воопшто не објаснуваат од каде дошле до заклучокот дека генетички модифицираните производи не се штетни за здравјето на луѓето, додека од другата страна на истражувачкиот спектрум, независни истражувања тврдат дека генетички модифицираните производи можат да предизвикаат стерилитет и канцерогени истражувања.

Очигледно не ја знаеш историјата на човештвото, а особено не ја знаеш историјата на човештвото во 20-от век.

Има причина зошто лагата дека пушењето не е штетно за здравјето на луѓето успевала со децении да се провлекува пред светската јавност како вистина, а објаснувањето за ова најверојатно најдобро може да се опише со една позната изрека на Јозеф Гебелс - министерот за пропаганда на Нацистичка Германија:

" Кога една лага ќе се изговори повеќе од 100 пати, со тек на време станува вистина " .

Од тука сосема разбирливо е зошто имаш доверба во таа бројка од 1080 истражувања со ист заклучок - толку многу пати си ги изнаслушал и изначитал истите лаги дека генетички модифицираните производи не се штетни за здравјето на луѓето, до тој степен што истите тие лаги веќе си ги прифатил како вистина.

Лично се надевам дека ќе останеш жив кога истите тие лаги ќе му бидат разоткриени на човештвото во иднина - дали за 1 година, или за 1 деценија, или за 1 век, порано или подоцна вистината ќе излезе на виделина, а јас лично од се срце ти посакувам да бидеш меѓу живите кога истата таа вистина ќе излезе на виделина.
 
Последно уредено:
Не се грижам.
Јадам ГМО соја од пред 2 години,пченка видов дека има исто така и ја зедов од КАМ маркет.
Крвта и сите работи ми се во ред.
Исто сите мусли и храни кој се збогатени со витамини се ГМО.
Така да не можеш да избегнеш ГМО.
 
Со Стефчо ако си нашол да дискутираш на темава, можеш само да се изнервираш и да се прашуваш дали е навистина толку неук, или се прави таков, или па дали има одредени... потешкотии да разбере. Сосема сеедно, зошто резултатот е ист.
Прва работа, знаењето дефинитивно му е... минискулно. Второ, не сака да се обиде да научи. Трето (ова е најлошото) мисли дека нешто знае и чуствува голема желба да ги „научи„ другите. ;)

Он јадел ГМО и сега ете ништо не му е. Може и како мал, јако паднал на глава и еве сега „ништо не му е„! :D


...спомнуваш мислења и истражувања на одредени инвидивуи, или на одредени организации, кои единствено што тврдат е дека генетички модифицираните производи се здрави, а притоа не објаснуваат врз кој основ дошле до заклучокот дека се здрави.

Овде го посочуваш најголемиот проблем со ГМО реалноста денес.

НЕ ПОСТОЈАТ УТВРДЕНИ МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ И МЕТОДИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ГМО.

Ова не е случајно, напротив по дизајн се такви работите. Мора да биде матно, зошто само така се прават добрите профити.
Прво името ГМО е лошо избрано, ГМО по самата дефиниција на акронимот се малтене СИТЕ култури што денес се садат и јадат. Се е на некој начин генетски модифицирано.

Но разликата е во методите. Генетска селекција, хибридизација, сето тоа се прастари методи кои инволвираат вертикален пренос на гените.
Генетскиот сплајсинг, метода со хоризонтален пренос на генетските информации, или директната рекомбинација на ДНК: тоа е небезбеден метод. Метод кој сеуште е во зародиш и метод за кој како што кажав нема меѓународно прифатено методи за испитување на безбедноста.


Затоа е потребно ново име, наместо генеричкото и збунувачко ГМО.
Еве добар предлог: ФРАКЕНФУД.
 
Не се грижам.
Јадам ГМО соја од пред 2 години,пченка видов дека има исто така и ја зедов од КАМ маркет.
Крвта и сите работи ми се во ред.
Исто сите мусли и храни кој се збогатени со витамини се ГМО.
Така да не можеш да избегнеш ГМО.

Каква коинциденција, јас не јадам ништо од тоа што ти спомна, па сепак и јас немам никакви здравствени проблеми, замисли си.

Но добро, со објаснувањето што ми го даде @Vanlok за тебе во пост #328, ми стана јасно дека попрво со дрво ќе се разбереме отколку со тебе, па слободно јади си генетички модифицирана храна, но престани да не охрабруваш нас останатите да го следиме твојот пример.

Некои од нас се алергични на некои од хемикалиите кои ги содржи генетички модифицираната храна, па за разлика од тебе, можеби ќе имаме проблеми со крвта поради истите тие хемикалии.

Ти можеби имаш силен имунолошки систем, поради што не чувствуваш последици од отровите кои ги консумираш, па ајде да видиме дали за 30 или 50 години од денес ќе можеш да се пофалиш со истата здравствена состојба со која се фалиш денес.

Но ние, останатите смртници, го немаме твојот имунолошки систем, па можеби веќе утре ќе фатиме грип и од обични грицки, само затоа што таквите како тебе не охрабрувале да консумираме производи за кои не се знае какви се хемикалии содржат.

Па затоа те молам, престани да не охрабруваш да ги консумираме истите отрови кои ги консумираш ти.
 
Последно уредено:
@Stef Bachatero превод/објаснување or it didn't happen. Последно предупредување пред бан од тема.
@Vanlok немам никакви дополнителни информации зошто не е тестирана безбедноста. Ако наидеш на некоја информација те молам сподели ја.
Зафркнатата работа кај ГМО храната е што се користи релативно краток период. Потребно е време да се покажат последиците по здравјето или пак придобивките (иако не ми е многу веројатно дека ги има).
Одлична паралела на оваа расправија се цигарите и шеќерот. Пред само четириесетина години фрчеле реклами колку е добро да се пушат цигари, како шеќерот го подобрува здравјето, за времето да го побие тоа и производителите на цигари да плаќаат милионски отштети.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom