D
Daedalus
Гостин
Тоа е точно, различната распореденост на дија/пара магнетици во различни делови од телото со различни функции може да доведе до проблеми. Једино што го гледам како идеја (шпекулирам од сега па натаму), е нанотехнологија која ќе вклучува специјализирани микророботи од соодветен материјал (феромагнети се исто опција) кои ќе патуваат со огромна брзина низ целото тело, и ќе вршат некаков вид на еквилибриум помеѓу силите на гравитација и електромагнетните за воведување на посакувана резултантна сила која ќе влијае подеднакво насекаде. Практично нема силата да влијае никогаш подеднакво насекаде, али тие вртежи ќе доведат до таков ефект на резултантен баланс.Пак не ти врши работа. Дури и ако успееш да направиш ненормално јако ЕМ поле да кое ќе ти виси над глава, ќе делува пропорционално на диамагнетизмот на атомите во ткивата. Ова ќе го реши проблемот со крвотокот, ама масивните меки ткива пак ќе бидат изложени на висока г сила. На пример целата интестина ќе ти пропаден удолу и ќе добиеш кила во вид на 6 до 8 пара муда. Уште побетер е што ќе земеш да ја цедиш водата на нерамномерен начин, од долу на горе, и ќе добиеш таложење на крвни клетки во нозете и тромбоза. Исто, ќе ја ебеш цереброспиналната течност која едвај тече на 1г, а ништо чудно и да исцицаш добар дел од водата од невроните, зошто маснотиите на мозокот се неколку реда послаби дијамагнетици од водата.
Ако нанотелата се од друг материјал, ќе реагираат само со магнетното поле и незабележливо со гравитационото, али ако се магнети, ќе влијаат и на самите атоми. Одреден вид на јонизирање на некои од атомите може да доведе до различна количина на привлекување/одбивање, ако се користи електромагнетно поле. Проблемот е далеку од едноставен, вклучува многу фактори, али верувам дека теоретски може да се најде решение.
Користењето на графин како дијамагнетик е исто така можна опција, со оглед на тоа дека ако се постави испод одредени органски ткива кои може да бидат помалку дијамагнетични, ќе биде „потпора“ на истите. Графинот има доволно голема цврстина за да ги издржи оптоварувањата од страна на органите и да ги задржи ткивата кои се состојат од парамагнетици или дијамагнетици и парамагнетици кои се послаби од други парамагнетици. Немам доволно познавања од биологијата и медицината за да знам како и дали е изводливо, али го давам како опција.
Друго решение би можело да биде динамо системот, во кој ќе се користат радиоактивни супстанции, во стилот на хипотезата за радиум/радон динамо системот на Земјата. Комбинација од послаби центрипетални сили кои нема да се одразат на физичкото здравје, електромагнетизам и нанотехнологија, може да доведе до ефектот на одредена „вештачка“ гравитација.
Последно уредено од модератор: