Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
D

Daedalus

Гостин
Пак не ти врши работа. Дури и ако успееш да направиш ненормално јако ЕМ поле да кое ќе ти виси над глава, ќе делува пропорционално на диамагнетизмот на атомите во ткивата. Ова ќе го реши проблемот со крвотокот, ама масивните меки ткива пак ќе бидат изложени на висока г сила. На пример целата интестина ќе ти пропаден удолу и ќе добиеш кила во вид на 6 до 8 пара муда. Уште побетер е што ќе земеш да ја цедиш водата на нерамномерен начин, од долу на горе, и ќе добиеш таложење на крвни клетки во нозете и тромбоза. Исто, ќе ја ебеш цереброспиналната течност која едвај тече на 1г, а ништо чудно и да исцицаш добар дел од водата од невроните, зошто маснотиите на мозокот се неколку реда послаби дијамагнетици од водата.
Тоа е точно, различната распореденост на дија/пара магнетици во различни делови од телото со различни функции може да доведе до проблеми. Једино што го гледам како идеја (шпекулирам од сега па натаму), е нанотехнологија која ќе вклучува специјализирани микророботи од соодветен материјал (феромагнети се исто опција) кои ќе патуваат со огромна брзина низ целото тело, и ќе вршат некаков вид на еквилибриум помеѓу силите на гравитација и електромагнетните за воведување на посакувана резултантна сила која ќе влијае подеднакво насекаде. Практично нема силата да влијае никогаш подеднакво насекаде, али тие вртежи ќе доведат до таков ефект на резултантен баланс.

Ако нанотелата се од друг материјал, ќе реагираат само со магнетното поле и незабележливо со гравитационото, али ако се магнети, ќе влијаат и на самите атоми. Одреден вид на јонизирање на некои од атомите може да доведе до различна количина на привлекување/одбивање, ако се користи електромагнетно поле. Проблемот е далеку од едноставен, вклучува многу фактори, али верувам дека теоретски може да се најде решение.

Користењето на графин како дијамагнетик е исто така можна опција, со оглед на тоа дека ако се постави испод одредени органски ткива кои може да бидат помалку дијамагнетични, ќе биде „потпора“ на истите. Графинот има доволно голема цврстина за да ги издржи оптоварувањата од страна на органите и да ги задржи ткивата кои се состојат од парамагнетици или дијамагнетици и парамагнетици кои се послаби од други парамагнетици. Немам доволно познавања од биологијата и медицината за да знам како и дали е изводливо, али го давам како опција.

Друго решение би можело да биде динамо системот, во кој ќе се користат радиоактивни супстанции, во стилот на хипотезата за радиум/радон динамо системот на Земјата. Комбинација од послаби центрипетални сили кои нема да се одразат на физичкото здравје, електромагнетизам и нанотехнологија, може да доведе до ефектот на одредена „вештачка“ гравитација.
 
Последно уредено од модератор:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ти треба да отвориш хотлајн за совети за самоубици. Погуста атмосфера, е токсична поради поголемата растворливост на гасови. Секој познат гас, вклучувајќи и кислород е токсичен кога го има во преголеми количини (при поголем притисок). А ова со подводните чуда е најјако. При 3 Г во вода, на секои 3 метри длабочина ќе имаш плус една атмосфера, ако отидеш само 30 меттри, тоа се 10 атмосфери плус. Колку и да е идеална атмосферата, за неколку секунди ќе умреш од труење со азот, а твојот леш буквално ќе го изеде пероксидот што ќе го створи кислородот. Ако дури и понекое чудо стигнеш долу, не можеш да се качиш пак горе, зошто ќе умреш од гасна емболија при толкав градиент. Или со 5 збора: најди го учебникот по физика..
Зошто? Да не ти треба помош од таков вид?

Бидејќи кај тебе абсолутно стеларна ти е физиката, предлагам да се самопријавиш во HPL/ESA/PS да го трошат буџетот на плати кои вредат некому да му се дадат бидејќи останатите што ги земаат сега очигледно бладаат таму Magic: The Gathering приказни. Ајде, ќе ја спасиш програмата за меѓуѕвездени сонди и егзопланетарни истражувачки сателити. Ти си знаел и детална проценка за атмосферата, како нејзиниот состав, така и распределеност и процентуален состав кој е. Ваљда ќе успееш да прогностицираш и што тип на егзотични мразеви има таму, бидејќи, нели, ги има во изобилство и во 3G средина. Можеби и планетарната кора и јадро исто така. Имаш мој благослов (y).
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Тоа е точно, различната распореденост на дија/пара магнетици во различни делови од телото со различни функции може да доведе до проблеми. Једино што го гледам како идеја (шпекулирам од сега па натаму), е нанотехнологија која ќе вклучува специјализирани микророботи од соодветен материјал (феромагнети се исто опција) кои ќе патуваат со огромна брзина низ целото тело, и ќе вршат некаков вид на еквилибриум помеѓу силите на гравитација и електромагнетните за воведување на посакувана резултантна сила која ќе влијае подеднакво насекаде. Практично нема силата да влијае никогаш подеднакво насекаде, али тие вртежи ќе доведат до таков ефект на резултантен баланс.

Ако нанотелата се од друг материјал, ќе реагираат само со магнетното поле и незабележливо со гравитационото, али ако се магнети, ќе влијаат и на самите атоми. Одреден вид на јонизирање на некои од атомите може да доведе до различна количина на привлекување/одбивање, ако се користи електромагнетно поле. Проблемот е далеку од едноставен, вклучува многу фактори, али верувам дека теоретски може да се најде решение.

Користењето на графин како дијамагнетик е исто така можна опција, со оглед на тоа дека ако се постави испод одредени органски ткива кои може да бидат помалку дијамагнетични, ќе биде „потпора“ на истите. Немам доволно познавања од биологијата и медицината за да знам како и дали е изводливо, али го давам како опција.

Друго решение би можело да биде динамо системот, во кој ќе се користат радиоактивни супстанции, во стилот на хипотезата за радиум/радон динамо системот на Земјата. Комбинација од послаби центрипетални сили кои нема да се одразат на физичкото здравје, електромагнетизам и нанотехнологија, може да доведе до ефектот на одредена „вештачка“ гравитација.
Неможеш да гористиш ни феромагнет ни парамгнет, дури ни во наноботи и чуда. секој феро или парамагнет треба да врзе точен број честици од еден ист вид за да ги повлече нагоре, и сега имаш проблем што на 40% ува органска маса треба да туриш значителна маса ферит, хром или што и да е.

Исто магнетното поле не може да биде доволно хомогено бидејќи ќе ти биде генерирано над глава, и ќе опаѓа експоненцијално надолу. Нема чаре.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Што па тебе ти значи чичко стоилко и фонтаната ( која што еден другар си ја товари во кола и си ја однесе кога ја бутнаа) ?
Дете дај бе прибери се не туку се лупај од земја со наслушнати недослушнати муабети од типот на анчо кој шо пренесува колумни од данило коцевски.
иди таму праи пинџури
:-D
 
D

Daedalus

Гостин
Неможеш да гористиш ни феромагнет ни парамгнет, дури ни во наноботи и чуда. секој феро или парамагнет треба да врзе точен број честици од еден ист вид за да ги повлече нагоре, и сега имаш проблем што на 40% ува органска маса треба да туриш значителна маса ферит, хром или што и да е.

Исто магнетното поле не може да биде доволно хомогено бидејќи ќе ти биде генерирано над глава, и ќе опаѓа експоненцијално надолу. Нема чаре.
Не мора да има едно магнетно поле над или под.
Тука зборуваме за g=1.3 земја со што треба за 0.3 да го промениме гравитационото поле.
Не зборувам за огромни промени.

Може да биде магнетно поле генерирано над И под. Количината на наноботи ќе биде различна во секој дел од телото, со што градијално ќе расте како што ќе се приближува кон центарот на телото и градијално ќе се намалува како што ќе иде кон главата по замислената Z оска за да го решиш проблемот со интензитетот на магнетото поле.

Повеќе наноботи доведуваат до повеќе осцилации и движења со слабеењето на магнетото поле, а воедно и одржување на енергетскиот еквилибриум со што вкупната работа на сите наноботи, сумирано ќе биде еднаква во секој дел од телото со нивното зачестување кон средината. Како додатно решение за еднаква работа во секој дел може да биде тоа што нанотелата кои ќе се наоѓаат во средината на телото ќе бидат појаки магнети неголи тие на врвот/дното на кои полето ќе влијае повеќе. Тие (во средината на телото) ќе можат да влијаат меѓу себе и ќе создаваат мини магнетни полиња со соодветни пресметки и програмирање на траекторијата така што ќе доаѓаат во контакт еден со друг (за разлика на тие горе и доле кои ќе имаат поинакви траектории), ќе се реши разликата на магнетото поле над и под телото кое ќе слабее како што оските ќе се движат кон нултата положба (средината на телото)
Наноботите ќе бидат испрограмирани да се движат по одредена траекторија. Ако наноботите се магнети самите по себе, ќе реагираат со атомите на честичките и со магнетите кои ќе се наоѓаат горе и доле надолжно (во средината ќе влијаат сами со себе како плус начин за создавање на моментум).

Секој атом различно ќе реагира со магнетизираните наноботи со тоа што ќе биде одбиен/привлечен од истите (дија/парамагнетик) и секој атом ќе реагира со двете магнетни полиња (горе/доле) Секој нанобот ќе реагира со магнетните полиња и атомите и сами со себе. Секако тука треба да се направат ригорозни пресметки кои ќе ги земат во предвид ван дел валсовите сили и другите јонски, ковалентни и метални врски, структурата на ткивата и триста други чуда. Исто така треба да се земе во предвид релацијата помеѓу траекториите и различните органи, нивната функција и содржина.

Исто така не го одземај графинот од равенката кој со својата тенчина од еден атом може лесно да се прилагоди на ткивата и измеѓу нив. Рачунај дека одредените тракетории на наноботите ќе предизвикуваат одредени додатни динамо креирани магнетни полиња, и целото живеалиште ќе ротира центрипетално со оптимална брзина, што укажува на тоа дека магнетното поле треба да неутрализира 0.2 g сила.

Теоретски е изводливо, тешко е да се направат сите пресметки и единствениот проблем тука кој не е од теоретски аспект и не се коси со законите на физиката е тоа што:

индивидуалната количина од различни видови на честички во различен процент кај различни луѓе ќе доведе до специјализирана комбинација од долни/средни/горни нанотела која нема да биде иста за секоја индивидуа.

Добрата софтверска инструментација може да доведе до експлицитни анализи на сите овие фактори и давање на соодветна „доза“ од одредени видови на специјализирани нанотела со одредена функција кај различни луѓе чиј геном, моментална состојба и сите други параметри ќе бидат измерени и анализирани. Ќе постојат мониторирања на состојбата кои ќе доведуваат до константна промена на количината или ВИДОТ на наноботите.

Ако знаеш, сега постои евиденција дека може да се создаваат „паметни“ матријали со помош на микро катоди/аноди кои ќе го менуваат молекуларен/атомски состав на различни материјали.
Како можност во иднината наноботите лесно ќе можат да ги менуваат своите магнетни особини со тоа што ќе ја менуваат структурата на атомот од кој се состојат. На микро ниво, во јадрото можат да конвертираат протони во неутрони и обратно. Сега за сега се знае дека тоа доведува до бета радијација, али ако тој процес стане соодветно контролиран, ништо нема да запре менување на атомите на наноботите зависно од потребата и со помош на софтвер, антинеутрините/неутрините и електроните/позитроните да бидат конвертирани или искористени како извор на енергија за други цели како на пример добивање на енергија која ќе се користи за канализирање на траекторијата на нанотелата што покренува други прашања. Практично ќе можеш да си носиш апарат во кој со две три команди ќе можеш да ја смениш функцијата и структурата на наноботите во тебе. Ова бара многубројни пресметки, калкулации и тестирања, не е муабет кој може да се дебатира на форум. Тоа на пиво кога ќе се видиме, ќе правиме цртежи и пресметки, ќе организираме експерименти па може некоја иновација да испадне од муабетот, а утре ја и ти да се забавуваме со Филипинки и пиво.

Пред да влезам во светот на sci fi то, рачунај дека сеа праиме муабет за шта би било кад би било. Далеку од евидентирани се овие муабети од пеести ред кафанско ниво.

Сеа за сеа зборуваме за sci fi, али Мур е кучка.
 
Последно уредено од модератор:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
И по можност да е полнета со стиропор, зошто со 2 пати поголем радиус а иста гравитација како на земјата, треба да има 8 пати помала густина
Воопшто не мора да значи. Има едно нешто што се вика surface gravity, кое е многу побитно за човекот кој би егзистирал на некоја планета. Имено, поголемиот дел од масата на планетата може да биде концентрирана во јадрото на планетата, на тој начин намалувајќи го влијанието на површината (колку подалеку е површината од јадрото, тоа помало влијание на гравитацијата).
Друго, една од убавите работи може да биде густината на планетата. Нашата планета има најголема густина во Соларниот систем, што значи дека таму некаде со сигурност постојат планети со далеку помала густина од нашата, а најверојатно и со поголем радиус. Пример, Марс има за 1/3 помала густина од Земјината.
 
Ако масата е кондензирана во јадрото ондак гравитацијата ќе биде многу поголема. Пример на земјата ќе биде 8-9 g. Нормално, на површината ќе биде многу помало, односно g.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Воопшто не мора да значи. Има едно нешто што се вика surface gravity, кое е многу побитно за човекот кој би егзистирал на некоја планета. Имено, поголемиот дел од масата на планетата може да биде концентрирана во јадрото на планетата, на тој начин намалувајќи го влијанието на површината (колку подалеку е површината од јадрото, тоа помало влијание на гравитацијата).
Друго, една од убавите работи може да биде густината на планетата. Нашата планета има најголема густина во Соларниот систем, што значи дека таму некаде со сигурност постојат планети со далеку помала густина од нашата, а најверојатно и со поголем радиус. Пример, Марс има за 1/3 помала густина од Земјината.
Ај направи есап, чисто по твој избор одреди колку ќе биде радиус на јадрото, и пресметај колку треба да биде одалечена површината за да има 1г на површината при 2 пати поголем радиус одколкуу на земјата. Откога ќе со пресметаш тоа, најди која ќе биде густината на "кората" која ќе го исполнува просторот од јадрото до површината. Ако најдеш макар еден природен цврст материјал со таа густина, тогаш е можно. Ама да те поштедам од есап, ќе завршиш некаде со густина една величина поголема од онаа на воздухот.
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Абе гуглнете Earth geoid и ќе видите колку значи промена во густината на кората
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Не ние не веруваме во гравитација :D
 
Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Uste lii veruvate vo gravitacijaa obicna teorija e ne e dokazana :tapp:
Не е докажана???
Имаш докази дека постои, ја осеќаш што е најважно...[DOUBLEPOST=1407596125][/DOUBLEPOST]Друго, ако сте заинтересирани за астрономија, наредниве три дена Персеидите го достигнуваат својот врв, ако не сте во можност да ги гледате, ве жалам...
Подетални информации овде: http://www.iflscience.com/space/perseid-meteor-shower-peaks-august-12
 
TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
371
Поени од реакции
473
Друго, ако сте заинтересирани за астрономија, наредниве три дена Персеидите го достигнуваат својот врв, ако не сте во можност да ги гледате, ве жалам...
Подетални информации овде: http://www.iflscience.com/space/perseid-meteor-shower-peaks-august-12
Изгледа сите ќе не жалиш. За да се гледаат убаво Персеидите треба да почекаме уште една година, кога месечината ќе биде пред сонцето (3% полна). А сега, кога е 99% полна (supermoon :vozbud:), едвај се гледаат посветлите ѕвезди. Само поголемите/посветлите метеори ќе можат да се видат (вклучувајќи ги и болидите). :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.269
Поени од реакции
15.382
ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА РЕАКТИВЕН ПОГОН

НАСА објави неверојатна ХД-снимка од суперсоничниот лет на „Летачката чинија“ (ВИДЕО)

Американската вселенска агенција на својот сајт објави спектакуларно видео со детали од тестирањето на меѓупланетарниот систем за слетување, кој е дизајниран за спуштање на поголеми товари на површината на Марс, на кое тој ита кон Земјата.

Во вселенскиот поход да ја истражи површината на Марс, НАСА се обидува да осмисли технологии што ќе ѝ овозможат да спушта тешки товари на таинствената црвена планета. Во јуни инженерите на НАСА, со помош на голем балон, кренаа тест-возило во форма на чинија тешко 3.175 килограми на надморска височина од 58 километри.

Напорната вежба, во која беше тестиран т.н. Суперсоничен забавувач на мали густини (ЛДСД), беше изведена така што да се создадат услови слични на оние при слетувањето на Марс.

Испуштајќи ракети за возилото да се одржи стабилно, видеото од Лабораторијата за реактивен погон на НАСА ја покажува „летачката чинија“ што патува со брзина од 4,3 маха - или повеќе од четири пати побрзо од брзината на звукот.

Инженерите потоа пуштија уред на надувување во облик на спасувачки појас околу периметарот на возилото, официјално познат како Суперсоничен аеродинамичен забавувач на надувување, или САИД, кој го забави возилото на 2 маха.

НАСА уште од седумдесеттите години од минатиот век го користи истиот тип на падобран за забавување на вселенските летала за тие да можат подобро да се движат низ ретката атмосфера на Марс. Бидејќи планира на таа планета да испраќа поголеми летала, а подоцна и астронаути, на НАСА ѝ е потребен многу поголем и посилен падобран.

Растојанието меѓу Земјата и Марс постојано се менува поради разликата во нивните орбити. Во 2003 година Земјата и Марс беа оддалечени само 56 милиони километри, што е најблиску што дошле една до друга во последните 50 илјади години. На 27 јули 2018 година црвената планета ќе биде на 57,6 милиони километри од Земјата.

http://www.mkd.mk/svet/nauka-i-tehnologija/nasa-objavi-neverojatna-hd-snimka-od-supersonichniot-let-na-letachkata
 
Kajgana Shop

На врв Bottom