D
Daedalus
Гостин
Дада, за говор на тело баш тоа сакав да ти пишам, дека једини аспекти од истиот што се валидни се универзалните изрази на тага, смеа итн, што се карактеристични за повеќето култури.Можеш да изучуваш ментализам колку сакаш, прашањето е колку од тоа применуваш во пракса.
И зошто си толку глуп? Прочитај ја темата од почеток ќе видиш кој ја ставил темата во ЧДА.
Нормално дека неможе некој да те хипнотизира ако си менталист (ти не си сигурно), тоа ти е исто како да пробаш да хипнотизираш хипнотизер.
Ќе заборавев да ти кажам дека си во право, ако толку сакаш да бидеш во право без да го слушнеш туѓото мислење.[DOUBLEPOST=1407000151][/DOUBLEPOST]
Еве Дудо вика дека никој не може да го излаже. Секако дека не е точно, но еве да речеме ретко може некој да го излаже. На кој начин знае дека го лажат?
А за микро изразите грешиш. Има многу универзални изрази на лицето како што се страв, изненадување, гадење итн. Тоа што викаш ако на некој му одговара да ги скрси рацете е друго. Треба подолго време да го пратиш, на пример ако кога објаснува нешто дали ги мрда рацете или не.
И ако некогаш си ја гледал серијата Менталист, ќе знаеш дека главниот лик стварно е менталист, само многу е преувеличено. Има епизоди каде тој како помлад се занимавал со магионичарство. Јас всушност ти зборував за тоа како ментализмот да го применуваш во секојдневниот живот, како Дудо на пример.
Ама тоа се ствари кои се универзални и повеќето луѓе можат инстинктивно да ги прочитат освен ако немаат оштетувања на мозок или пореметувања поврзани со социјалниот аспект. Иначе, знам дека постои прилично солидна евиденција дека микро експресиите се постоечки, затоа не ти ги спомнав тие конкретно, туку ти кажував за општ говор на телото. Објаснувањето е поврзано со реагирањето на лимбичкиот систем пред „свесниот“ дел кој потоа превзема контрола на емоциите.
За лажење, прочитај ја „Detecting Lies and Deceit“ на Адберт Вриј, таму е прилично фер и убаво објаснато колку и до каде можеш да процениш дали некој лаже од вербален/логички и контекстуален аспект. Има некои ствари кои се валидни, ама од друга страна има некои митови поврзани со лажењето и кој колку до каде може да прочита нечии лаги, со или без детектор.
Не навлагам за Дудо, он си има своја експертиза и свои гледишта, затоа ти зборувам во мое име.
За серијата „Менталист“, Џејн е повеќе фокусиран околу колд ридинг, хипноза и други ствари кои се психолошки, користи и некои „трикови“, али во риал лајф ментализам, најголемиот аспект од ментализмот не се „психолошките“ аспекти. Ја лично сум заинтересиран и работам долго време со ствари ко колд ридинг и идеомоторен ефект и лично, тие аспекти ми се најинтересни пошто секако дека можеш да ги користиш секаде и за све, али се' на се', во ментализмот повеќе преовладуваат овие магионичарскиве ствари.