Графички карти

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе се пофалам, ми се може :D

Земав R9 270 на АСУС од СЕТ. Планот беше во јуни, и испадна така.
Ја земав оваа, најмногу поради тоа што имаа иста побарувачка/потрошувачка(whatever) на струја, 150W.
Се надевам ќе ме служи исто колку и претходната, 5 години.

p.s. Со оглед на тоа што направив транзиција од Комунизам у Демократија :icon_lol: , овај од Nvidia у Radeo, кажете нешо повеќе за овие. Со Видија идеше лесно, само си наоѓаше драјвери, и си ги снимав. Би требало и со овие исто да биде.

Ги снимив тие од ЦД-то, па сеа снимам и од интернет, најнови.

Одличен избор, и јас ја земав таа пред некоја недела на старо мада како нова е со скоро целосна гаранција. Со драјверите немам никаков проблем моментално ги користам 14.6 бета, претходно 14.4 и тие беа во ред. Како што гледам по нет лесно може да се оверклокува до ниво на 270x.
Само ако имаш некој Core 2 процесор или сличен од тоа доба ќе те кочи многу, јас имам Q8200 на 2.8Ghz и многу е гадно ако играш игри како Battlefield, кај мене на BF3 и на ultra со 4xMSAA и на медиум имам ист фрејмрејт (минималниот е ист, а тој најмногу влијае) па и во некои синглплеер сценарија имам значителен ботлнек, пр. Crysis бидејќи има доста физика/A.I. и простран терен за рендерирање на некои мапи.
 
Q8300 сум моментално.Ќе се собира кеш лека полека, па здравје и нова MB и CPU понатаму.
Кога гледав графички, разликата меѓу оваа и X беше у 2 clock-a. 100Mhz+ беа двата,а се друго мислам беше исто.
Оваа ја земав поради тоа што е 150-ка, Х-от е 180-ka.
 
Колкава е разликата помеѓу новиве Nvidia што се со нови трицифрени и бројки и старите графички(четирицифрени)?Не сум приметил некоја голема разлика .
 
Ако мислиш на старите 8xxx/9xxx GTX наспроти новите GTX 6xx/7xx разликата е ден и ноќ во перформанси.
 
Хаха само, па има цела серија 6хх, па сега 7хх, наскоро ќе дојдат и GTX 8xx :)
Одприлика кога би дошле јас имам Nvidia GeForce 8400 GS и од прилика колку би била новата верзија на 8xx?
 
на есен би требало иначе зависи, имаш различни модели, ниска класа 810, 830, 840 па тек таму GTX 850 би требало да почне gtx серијата, 850ката не би била претерано скапа околу 100 еура, а другите од ниска класа би биле поефтини.
 
Тогаш да си ја почекам 850 ка да излезе и дали ќе може да се надогради на истиот комп. само да се сменат графичките или тоа зависи и од напојувањето на комп и матичната?
 
зависи какво напајање имаш дали тоа може да издржи, пошто оваа би трошела значително више струја него твојата 8400гс, после доколку процесорот е спор ќе имаш bottle neck што значи дека графиката ќе биде побрза од него и тој нема да може да ги обработи тие податоци што му ги праќа во определено време, што значи дека ќе ја успори нејзината работа и ти нема да приметиш некоја разлика. Исто и рамот, 4 гб е норма у денешно време да имаш за да ставиш некоја поасална графика.
 
Матичната нема да праи никаков проблем така(може на истата)?Планирам и процесор и графичка да мењам у исто време,за рам не е проблем тоа е најлесна работа.Процесорот е AMD dual core x64 1.91 така нешто не сум дома за да ти кажам точно,напојувањето околу 250 ќе да е ,сум заборавил и тоа .
 
може истата, но све тоа е антика више, ти треба нова платформа (плоча), процесор, побрз рам, напајање појако 450w real power минимум за да ја тера.
 
Поефтино би ме фатило нов комп како што кажуваш ,само да си ја почекам новата серија :D .
 
Некој да препорача графичка, не сакам да зимам многу скапа пошто пц-то ми е старо, ако би одел со скапа графичка тогаш би составил нов компјутер.

Еве што имам:
Pentium(R) Dual-Core CPU E5500 @280GHz 2.80 GHz, 2.00 GB of RAM
Графичката што ми цркна беше Nvidia Ge Force 210

Па препорачајте некоја асолна не многу скапа графичка што ќе ми фаќа од новиве игри како CoD, Battlefield, Assassin Creed итн.
 
Ај да прашам и јас...
Конф: i5 3570K, 8GB , P8Z77-V
Буџетот е некаде до 10k...се мислев меѓу ASUS R9270X-DC2T-2GD5 и ASUS R7260X-DC2OC-2GD5..може и некоја друга поефтина ако тука некаде се со перфорамнси за чат пат gaming )
Инаку, се двоумам меѓу тие две пошто не ми е за long-term и не играм многу игри, така да доволно е да тера до наредната година па тогаш би правел upgrade..ако не и порано :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom