Надворешни односи на Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
Интересна колумна од пред една недела:
http://www.mkd.mk/kolumni/shto-saka-ahmeti-insistiranjeto-na-brz-vlez-vo-nato-i-eu-i-bojkotot-na-izborite-ne-odat
Што сака Ахмети? Инсистирањето на брз влез во НАТО и ЕУ и бојкотот на изборите не одат заедно



Сведоци сме не само на исклучително загрижувачки тенденции, туку и на јасно видливи процеси во земјата, кои бараат максимално внимание и – (ре)акција. Во тек е реализација на долгогодишно сценарио, смислено надвор, чии контури, иако временски разграничени, не е тешко да се согледаат. Проектот е верификуван во критичната 2001 година и, милиметар по милиметар, упорно се спроведува.

Мнозина сè уште не сакаат да признаат дека во 2001-та загубивме класична војна. Таа беше ограничена и строго контролирана, ама – војна. И по целите кои требаше да се реализираат – разбивање на територијалниот интегритет на Македонија; и по нејзиното водење – дневни инфилтрации од Косово и враќање назад; и по користењето на регуларни воени единици, добро истренирани од западни експерти и со солидно воено искуство стекнато и во ОВК; и по најсовремено американско оружје, кое го користеа; и по клучната улога која во сето тоа ја имаше американската воена организација МПРИ, во Скопје и во Приштина, диригирана од Пентагон...

Сепак, скоро неверојатно: и покрај нашата целосна некадарност и неорганизираност, и покрај некомпетентноста на политичарите, организаторите на војната не ги постигнаа своите цели. Првите пет соопштенија на ОНА, кои се единствено меродавни за нејзините (територијални!) намери – не се реализираа. Државата не ја распарчаа. Следеше „планот Б“, вграден во Охридскиот договор, преку кој треба да се постигнат неостварените воени цели, по мирен пат, од внатре. Веќе 13 години го живееме токму тој процес.

Али Ахмети со дел од денешните министри и директори

Започна со новата административна поделба, во 2004 година, со која се албанизираа Кичево, Струга, Скопје... Во прашање беше сериозна стратегиска грешка на тогашното раководство и, за да се спречи овој самоубиствен потег, беше организиран референдум. Арно ама, во неговото предвечерие, САД ни го признаа уставното и историско име, со единствена цел истиот да НЕ успее. Иако беше само делумно и како ќе се види - привремено, признавањето создаде еуфорија и референдумот – пропадна. Во прашање беше американски маневар за албанизирање на делови кои не успеаја да ги отцепат со војната. Очигледно, тоа им беше поважно од сè и воопшто не ја есапеа грчката чувствителност! Тоа е одличен доказ за епизодната улога која Атина ја игра во спорот. И нормално, половичното признавање на името не ни донесе никаков позитивен ефект. Напротив. Од тогаш почна пожестока реализација на „планот Б“.

Главното се случи во Букурешт, на самитот на НАТО, во 2008. Место недискутабилен прием со референцата, САД направија целосен пресврт во политиката кон Македонија. Воведоа блокада, уцена и ултиматум – прво името, потоа членство, што е отворено користење на сила. Целта беше да се присили земјата на прекрстување и разнебитување на македонскиот народ. Идејата е многу едноставна: САД ќе ги блокираат од надвор евроинтеграциите на Македонија, а нивните пулени од 2001-та (тогашна ОНА, сегашен ДУИ) ќе инсистираат и уценуваат за влез во НАТО и ЕУ, од внатре. Тоа неизбежно ќе води до нови меѓуетнички тензии, поткопување на стабилноста на земјата и Македонците ќе мораат да капитулираат. Паралелно, воените команданти, сега министри, ќе преземаат низа чекори насочени кон големоалбанскиот проект (вон уставно ширење на албанскиот јазик; интонирање на албанската химна; албански знамиња на високи јарболи; прекрстување на училишта или улици; нелегално подигнување на споменици на борците од ОНА; министер на одбрана офицер кој дезертираше од АРМ и се бореше против неа...). Тоа, де, што секојдневно ни се случува. И така, чекор по чекор, ќе се приближуваат до незавршената цел од 2001-та.

Доаѓаме и до идејата за консензуален претседател која, без никаков сомнеж, е само повисока фаза од „планот Б“. Се инсистира на флагрантно кршење на Уставот и на промоција на малцинството во одлучувачки фактор во земјата. Да бидеме јасни и прецизни: уверен сум дека огромен дел од Македонците немаат никаков проблем не еден од првите три личности во државата, туку и претседателот, и спикерот, и премиерот – сите да бидат Албанци! Арно ама – во никој случај само затоа што се Албанци, туку само ако бидат способни и докажани да ја водат оваа земја во подобра иднина и во интерес на сите граѓани. А, за тоа, пред сè, тие мораат да бидат лојални на државата и нејзините интереси да им бидат над сè. Ама ДУИ не размислува баш така. Врвните позиции во земјата ним им требаат за нови албанизации и за што поширока промоција на големоалбанскиот проект. Не за Македонија.

Македонците веќе покажаа дека не се албанофобични. Имер Селмани, како кандидат за претседател на државата, во 2009, доби околу 150 илјади гласови. Скоро 100 илјади од нив секако беа од – Македонци. За жал, Селмани и неговата партија не успеаја. Политиката за соживот, која ја заговараа - не помина. ДУИ го освои теренот со екстремни, големоалбански политики, кои водат во директна конфронтација со Македонците. Селмани се обиде да имитира албански екстремизам (балистот Џемо...) и – пропадна. Тоа е голема штета за државата.

Бојкотот, на изборите и претседателот, е апсолутно контрадикторен на инсистирањето за што поскоро членство во НАТО и ЕУ и ги открива вистинските намери на ДУИ. Ако не беше избран претседател, за што на помош Ахмети го повика дури и СДСМ, ќе се отвораше политичка криза, која немаше кратко да трае. А во такви услови, влезот во НАТО и ЕУ станува мислена именка! Значи, едното со другото никако не одат. Што тогаш, навистина, сака Ахмети? Заклучокот е едноставен – да се искористат сите опции земјата да се присили на прекрстување, а народот на обезличување. Така најлесно ќе се реализираат големоалбанските цели. Како изгледа, оценките на ДУИ (читај – Вашингтон) се дека притисокот за побрзо членство во НАТО и ЕУ, преку жртвување на Македонците, не дава соодветни резултати и затоа се менува тактиката. Со еден удар, повеќе погодоци: политичка криза, промена на Уставот...

Да потсетиме дека до пред две, три години, сите изјави на Ахмети без извонредни. Ама, откако „преспа“ десетина години, по 2001-та, тој сега отворено се ангажира во рушење на уставниот поредок. На сличен начин се активираа и агентите на злогласната Штази, испратени во З. Германија. По цели 10 години! Еден од нив го сруши и извонредниот канцелар, Вили Брант, чии главен советник стана. Веројатно и Ахмети оцени дека веќе има некаков кредибилитет, дека се подзаборавија намерите на ОНА, и дека е време да се реализираат првичните воени цели. Тргна во општа офанзива и мора да се спречат. Додека не е доцна. Не смееме да се залажуваме дека „не им го дадовме спикерот“ и ја завршивме работата. Тоа нема никакво посуштинско значење. Во прашање се многу покрупни и поважни работи, како на пример судбината на државата, бидејќи нејзините корени се нападнати.


Ристо Никовски
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Сакам да кажам само дека сувероноста на Македонија ја имаат нејзините граѓани. Сувереноста представува власт над сите власти, а неа ја држат македонските граѓани. Во демократските општества, вообичаено, севкупната политиката ја креираат политичарите кои ги избрале минимум 50% + 1 од граѓаните гласачи. Така, и надворешната политика на Македонија треба да соодвествува со волјата на мнозинството граѓани.

Она што го забележувам е дека македонскиот народ се повеќе ја симпатизира Русија. Од друга страна, Русија сака да го шири своето влијание кон Балканот, а веќе руските аналитичари блиски до руските власти оценија дека Македонија и Црна Гора (покрај Србија) се проруски, што може да укажува дека Русија ќе го насочува повеќе своето влијание кон Македонија, Србија и Црна Гора.

Доколку Македонија не влезе во НАТО за 1-2 години и доколку нашите западни ’пријатели“ не го признаат македонското име наскоро, русофилството во Македонија се повеќе ќе зајакнува, а тоа нашите власти ќе мораат да го артикулираат во обликувањето на надворешната политика. .[DOUBLEPOST=1402387826][/DOUBLEPOST]Почна изградбата на Руската црква “Света Троица“ во Македонија под јуриздикција на Македонската Православна Црква, со што се продлабочуваат блиските врски меѓу Русите и Македонците. На осветувањето на темелите присуствуваа многу влијателни македонски политичари и рускиот амбасадор, а осветувањето го изврши Г.Г. Стефан.

 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Тиja денови канцеларката Меркел изпрати многу интересна порака.

Меркел: Сакаме со Македонија разумно да соработуваме!

Канцеларката на прашање на ДВ за очекувања од новата влада кажа дека Германија сака со Македонија разумно да соработува и ќе ја радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името.
Ние сакаме со Македонија разумно да соработуваме и секако ќе ме радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името. Тоа е нешто во што не успеавме. Тоа не зависи само од Македонија, но зависи и од - Македонија“, одговори канцеларката Ангела Меркел на прашање на Дојче веле: какви се нејзините очекувања од новата македонска влада која ќе биде потврдена од Собранието наредниот четврток (19 јуни).

Канцеларката Меркел денеска на прес конференција со српскиот премиер Александер Вучиќ потврди и дека на 28 август Берлин ќе биде домаќин на конференцијата на земјите од Западен Балкан. Дојче веле праша: кои се нејзините очекувањата од ваквата конференција?

Очекувањата од поканата за конференцијата се дека со неа ќе придонесеме прво подобро да се запознаеме, зашто и ние во Германија не знаеме се’ за проблемите на земјите од регионот. Второ - да се засили соработката во регионот, особено кога станува збор за прекугранични проекти. И секако со неа (конференцијата н.з.) да се придонесе во доближувањето на целиот регион кон Европската унија. Нашата претстава е секоја година друга членка на Унијата да организира ваква конференција. За идната година (2015 н.з.) е договорено тоа да го направи Австрија. Значи ќе има и конференција која ќе следува“, одговори канцеларката Ангела Меркел.

http://www.dw.de/меркел-сакаме-со-македонија-разумно-да-соработуваме/a-17700257

Дали Германската дипломациja се вракja на широка врата на Балканот?!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.931
Се засилуваат активностите и напорите за наоѓање „компромис„ за името.
Дали тоа некоја мечка се спрема да затропа малку и на Балканот?

И пред некој да ме обвини за фаворизирање на „другата„ страна... за мене Македонија најпаметно е да седи на страна од ЕУ и НАТО.


Краткорочно НАТО би бил корисен заради некаква „гаранција за безбедноста„, но колку и како тоа навистина би било гаранција е многу нејасно. Зошто овде во Македонија, проблемите кои се клучни по безбедноста на државата, секогаш ќе бидат окарактезирани како „внатрешни проблеми„... дури и тогаш кога се увезуваат од одредено соседство.
А како што се надевам сте свесни, НАТО декларативно не се меша во внатрешни „граѓански„ судири во државите.

Во врска со ЕУ, за тоа колку ЕУ би била од корист на држава како Македонија, погледнете го примерот со Хрватска. Проблемите со државата мораме самите да ги решеме, никаква ЕУ или било кој друг, нема да ги реши тие проблеми наместо нас.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Пасоши со кои можете најмногу да патувате без виза, Македонија на средината на листата

Со македонскиот пасош без виза може да се патува во 103 земји. Што се однесува на земјите од опкружувањето, со пасошот на Хрватска без виза можете да патувате во 129 земји, на Србија во 104, БиХ во 91. Со пасошот на Црна Гора без виза можете да патувате во 98 земји, а на Албанија во 88
Веројатно мислевте дека пасошот на Соединетите Американски Држави е тој со кој би можеле да влезете во апсолутно секоја држава без виза и дека државјаните на САД се во предност во однос на сите други. Меѓутоа, не е така.

Пасошот на САД ви овозможува без виза да влезете во 172 земји, меѓутоа пасошот на Финска, Шведска и на Велика Британија овозможува влез за една земја повеќе, значи за 173, без виза.

Овие три земји се тие со чиј пасош можете да патувате во 173 други без каква било виза, по нив следуваат Данска, Германија, Луксембург и САД со 172 земји, а потоа Белгија, Италија и Холандија со 171 земја, Канада, Франција, Ирска, Јапонија, Норвешка, Португалија и Шпанија и така натаму.

На крајот на табелата е Авганистан. Со пасошот на таа земја без виза можете да патувате само во 28 земји. Ирак е нешто подобар со 31 земја, а на самото дно на табелата се и Пакистан и Сомалија, пишува порталот Вокс.

Прво да ја решиме мистеријата која е таа единствена земја што бара виза за американските граѓани? Одговорот е Бразил. Интересно е и тоа дека Кина е втора по ред најголема светска економија, а нејзините граѓани без виза можат да патуваат само во 43 земји. Но тоа се веќе политички причини, а и тоа што Кина својата огромна економска вредност не ја претвори во меѓународно влијание.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/pasoshi-so-koi-mozhete-najmnogu-da-patuvate-bez-viza-makedonija-na-sredinata-na-listata
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Пасоши со кои можете најмногу да патувате без виза, Македонија на средината на листата

Со македонскиот пасош без виза може да се патува во 103 земји. Што се однесува на земјите од опкружувањето, со пасошот на Хрватска без виза можете да патувате во 129 земји, на Србија во 104, БиХ во 91. Со пасошот на Црна Гора без виза можете да патувате во 98 земји, а на Албанија во 88
Веројатно мислевте дека пасошот на Соединетите Американски Држави е тој со кој би можеле да влезете во апсолутно секоја држава без виза и дека државјаните на САД се во предност во однос на сите други. Меѓутоа, не е така.

Пасошот на САД ви овозможува без виза да влезете во 172 земји, меѓутоа пасошот на Финска, Шведска и на Велика Британија овозможува влез за една земја повеќе, значи за 173, без виза.

Овие три земји се тие со чиј пасош можете да патувате во 173 други без каква било виза, по нив следуваат Данска, Германија, Луксембург и САД со 172 земји, а потоа Белгија, Италија и Холандија со 171 земја, Канада, Франција, Ирска, Јапонија, Норвешка, Португалија и Шпанија и така натаму.

На крајот на табелата е Авганистан. Со пасошот на таа земја без виза можете да патувате само во 28 земји. Ирак е нешто подобар со 31 земја, а на самото дно на табелата се и Пакистан и Сомалија, пишува порталот Вокс.

Прво да ја решиме мистеријата која е таа единствена земја што бара виза за американските граѓани? Одговорот е Бразил. Интересно е и тоа дека Кина е втора по ред најголема светска економија, а нејзините граѓани без виза можат да патуваат само во 43 земји. Но тоа се веќе политички причини, а и тоа што Кина својата огромна економска вредност не ја претвори во меѓународно влијание.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/pasoshi-so-koi-mozhete-najmnogu-da-patuvate-bez-viza-makedonija-na-sredinata-na-listata
Aj malku nostalgija koga veke spomna pasoshi
Na vremeto YU pasoshite bea najbarani na crna berza. Odi vo Bugarija, ke go "izgubish", ke se vratish i bez problem nov ke izvadish.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Поздрав до сите што се ложите на врските помеѓу исламистичка Турција и Македонија:


Турција: Жените не треба да се смеат гласно
Регион
29. јули 2014 - 17:26

Вицепремиерот на Турција, Булент Аринч, во Анкара изјави дека жените не би требало да се смеат гласно на јавни места, со цел „да ја зачуваат својата морална чесност“.



„Мажите, како и жените, треба да бидат морални суштества. Жената треба да знае што е пристојно, а што не е“, изјавил Аринч, на вториот ден на Рамазан Бајрам, кој официјално се прославува во Турција.

Според него, жените не би требало да се смеат гласно пред други луѓе и во јавност, бидејќи треба да бидат пристојни во секоја прилика.

Оваа изјава предизвика лавина реакции на социјалните мрежи кои велат дека владата премногу се вмешува во приватните животи на граѓаните.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Пред да ти го избришам постот, ајде образложи како оваа спектакуларна вест е поврзана со нашите надворешни односи?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Пред да ти го избришам постот, ајде образложи како оваа спектакуларна вест е поврзана со нашите надворешни односи?
Ако мислиш дека не е во ред постот, или ја нешто сум ги загрозил правилата форумски - дејствувај со своите овластувања. Не ме засмејувај со смешни наредби. Не си ми ти претпоставен.

Сепак, еве:

Што знам, можда кретенон утре ќе дојде тука, каде што фрлил пари, па можда ќе бара и тука така.
Паносманизмот станува и наша агенда, преку нивните вложувања овде и политичкото влијание. Србите викаат - с ким си, такав си.
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Нула односи апсолутна нула не паметам од како сум роден да се има нешто случено.Властите си се менуваат само никако да се смени тоа шетање со наши пари те да шетне Кина во потрага по меѓу билатерални односи кои односи кои бакрачи дефинитивно затуцана земја во поглед со надворешна политика кој како му одговара така не врти ако треба со глава низ ѕид.Жими со Србија нешто се дешава колку да се каже да не беше Југославија и со нив немаше ништо да направиме.Ааа па за малку ке заборавив има едно нешто односи со Тајван и нивни златници 1999 год кога за 2 години подоцна се направи рат во Македонија доказ дека Македончето ке си пати до крај на векот и ке не шијат од сите страни како им одговара.Од големите стратези и доктори не добивме ниту една позитивна ставка во надворешната политика во ниту еден сојуз не сме вклучени признаваме нелегитимни држави се силиме на држави кои можат во рок за 3 дена да не уништат.Севкупно земено одлична политика нека продолжи понатаму
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ако мислиш дека не е во ред постот, или ја нешто сум ги загрозил правилата форумски - дејствувај со своите овластувања. Не ме засмејувај со смешни наредби. Не си ми ти претпоставен.

Сепак, еве:

Што знам, можда кретенон утре ќе дојде тука, каде што фрлил пари, па можда ќе бара и тука така.
Паносманизмот станува и наша агенда, преку нивните вложувања овде и политичкото влијание. Србите викаат - с ким си, такав си.
Нешто многу си осетлив, ти поставив прашање во врска со тоа што го постираше, ако тоа е премногу интимно прашање се извинувам со задоцнување. Следен пат ќе разговараме со посредници.

Внатрешно дневнополитички коментари наменети за таргетирање на дел од конзервативната турска популација, јас така би го окарактеризирал тоа што го постираше. И воедно нема никаква врска со нашите надворешни односи, меѓудругото Македонија има воспоставено добри односи со многу муслимански земји, што не означува дека имаме пан-муслиманска агенда.

Воздржи се од ефтини инсинуации за правење поенти кои не постојат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Пан-османизмот нема врска со претпоставената (од страна на тебе) пан-муслиманска агенда.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Пан-османизмот нема врска со претпоставената (од страна на тебе) пан-муслиманска агенда.
Хммм, затоа тебе ти беше во ред Србија да не окупира за да не спаси од муслиманството.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom