Ти или не сакаш да ја видиш целосната слика или не знам што е работата.
Не гледаш дека власта во Украина не е одраз на мнозинството на народот затоа што по соборувањето на Јанукович немаше никакви избори, дефакто
новата власт е нелегална и нелегитимна. Да ги изедначиш одлуките на нацистичката власт со волјата на украинскиот народ е апсурд!
Темава е за Украина, ама истиот е теркот како во Ирак, Сирија, Либија...само неинформиран или слеп не може да го види тоа.
Затоа е потребно да се направи паралела, да се види разликата помеѓу тоа што беа тие држави а што станаа по демократизацијата и да се види што и се спрема
на Украина.
Друга работа, американците се мешаат директно во држави кои се илјадници километри далеку од нивната, а Русија се меша индиректно(освен за Крим) во земја во која има
во голем процент свое население и кое е подложено на етничко чистење. Русија го окупираше Крим затоа што таму се наоѓаат големи руски бази и затоа што таму
е стационирана руската црноморска флота, да не зборуваме дека мнозинско население се руси и дека отсекогаш бил руски, бил даден на Украина во 1954.
Ако мислиш дека Американците настапуваат од позиција на сила и прават многу работи затоа што им се може зошто побогу не напиша една ебана критика за нив туку плукаш по Русија, се расфрлаш со обвинувања кон нас за русофилство и пишуваш работи кои немаат врска со реалната ситуација.
И на крајот пак пишувате и го гледате само тоа што ви одговара!
Зошто бе никој од вас не напиша за тоа дека Јанукович не е од вчера на власт во Украина, зошто додека тој не беше приклонет кон Русија немаше ништо за тоа како тој
бил олигарх или си го крадел народот? Како тоа, тоа се случи само едвај неколку месеци по одбивање на потпишување на договорот со ЕУ?
А што ако потпишеше? Ќе кажеше некој нешто? Жими таквото. И што никој не зборува за Порошенко, тежок олигарх, ништо подобар ако не и полош од претходникот.
Ти свесен ли си какви се диктатори имаат америте поставено на власт? Си чул за Пиноче, Сухарто, Нориега и уште мал милион други?
Зошто бе никој не зборува за тоа дека нацистите распишуваат награди за убиства на Руси? И зошто упорно ама упорно избегнувате да зборувате за Одеса (иако тоа е само еден пример од стотината веќе). Па америте под истиот изговор правеа пепел држави како Србија и Сирија!
Разбери дека ова во Украина не е никаква волја на народот, тоа е дело на разузнавачки агенции и корпорации, борба за сфери на влијание меѓу големите сили, народот никој ништо не го прашува. Доста веќе со глупости од Си Ен Ен за демократија и други срања. Дај бе прочитајте нешто пред да зборувате на вакви теми мајку му, или пак толку сте заведени од "the american dream" што се што е против тоа за вас е русофилство и анти-демократија.