Можда ќе се занесам со долг пост, но сенадевам не.
Како прво, да прашаш нешто толку во сржта на сето постење е абсурдно. Ако сериозно очекуваш некој на Кајгана да биде спасителот со тој одговор во него тогаш треба да се преиспиташ себеси.
Е сега, откако го тргнав тоа на страна, да почнам со моите мисли на темава.
Смисла, самиот поим, е човечка креација. Пред ние да се појавиме и да го извадиме терминот, смисла не постоела, исто како и многу други работи; Добро и лошо се истотака човечки креации. Моралниот компас којшто го имаме е производ на инстинктот да преживееме во комбинација со огромен капацитет на размислување.
Од тоа, можам да кажам, за себе, дека не сметам дека има или нема смисла. Двоен негатив неможе точно да опише тоа што пробувам да го кажам.
Нема смисла, но нема ни несмисла. Едноставно, не посто целата ствар во ниту една од двете екстреми.
Произволно на тоа, болка и страдање, љубов и така натаму се непостоечки. Барем не во тој романтизиран облик.
Едниствен проблем со цело ова е следново.
Доколку ништо нема смисла, ниту пак има потреба, едноставно е хаос, тогаш зошто "Е"?
Зошто постои постоењето? Нели е поедноставно да не постои? Доколку навистина нема поента ниту смисла во се, сиот тој хаос, зошто самиот хаос е толку логичен во секој аспект освен неговото создавање? Имаме закони на физиката, фиксни правила според кој ни работи секој аспект од нашето постоење. Но сепак.
Сепак, нема причина да има постоење. Освен... ако има причина.
Но ако има причина, тогаш има смисла, и ако има смисла, ондак која е смислата? Така?
Синџирот продолжува до бесконечност. Уште сега ќе кажам, упатено кој секој којшто пробува да најде некој конкретен одговор - Нема.
Нема никаков одговор, и нема никој да го најде во скоро време. Со исклучок на драстична универзална промена, нема ни да може да најдеме одговор.
Прашањето е неодделливо поврзано со науката и теориите за постанок на универзумот. Доколку би можеле да најдеме одговор на тоа прашање, тогаш можеби би дошле до некој квази-одговор, но се сомневам дека толку конкретни информации би можеле да достигнеме.
Како и да е, да не одолговлекувам, и малку да поедноставнам.
Животот нема смисла, никаква, ниту индивидуална ниту крајна. Нашите акции не прават разлика, се што постои што укажува спротивно е фарса за полесно справување со смртноста на една индивидуа. Имено, сите религии и живот после смртта поврзани теории.
Но секако, фактот останува дека не ги имаме сите информации, и поради тоа, не се исклучува опцијата дека можеби има нешто што не го гледаме, и нема да можеме да го видиме.
Неможам со еден пост да се искажам целосно, цело животно искуство да го преточам во еден мал текст би ме направил наредниот Достоевски, а сигурен сум дека не сум толку надарен, па затоа ке се прекинам тука, и се надевам дека барем тронка од мене ја пренесов разбирливо.