Еве ви едно прашање за размислување: Зошто толку малку Нобелови награди се доделени на лугето од муслиманска вероисповед наспроти лугето од христијанска вероисповед?
Мислам дека директно е поврзана религијата со науката т.е научните достигнувања, и да поврзан е постов со темава.
И ова е доста стереотипно размислување. Во даден момент, центар на науката бил Арабија. Всушност Арабија е таа која ги пренела знаењата од старите филозофи и научници во новиот свет. Поточно Арабија била важна алка во континуитетот и преминот на науката од античко во модерно време.
Еве како пример ќе ти го кажам Авицена, кој е татко на модерната медицина. Бројките кои ги користиме се Арапски бројки, и така натака.
Дајте луѓе да се тргнеме од стереотипите, за тоа што се случува во Газа не се во прашање никакви стереотипни погледи ниту за Палестинците, ниту за Евреите. Во Газа се случува конфликт кој има за цел да го наруши мировниот процес помеѓу Израел и Палестина. Во таа да ја наречам завера, учествуваат и Евреи и Палестинци, на кои мировниот процес не им одговара. Но тие не го претставуваат ниту Израелскиот, ниту Палестинскиот народ, за да овде профилираме пропаганди кои им идат во прилог на тие ратни профитери, било тоа да се пропаганди за Евреите или за Палестинците(Муслиманите). Во Газа се држат под заложништво деца.
Хамас е инструмент на тие ратни профитери и на едната и на другата страна. Палестинците во Газа се дигнаа против Хамас, но тоа беше крваво задушено.