Тотално бескорисно засилување. Наместо да ги учат младите во екипата на одбрана (Талевски, Нелоски, Борозан и Липовина, евентуално Марсениќ ако го земат), тие го зеле Кукоски....
Тотално не ми е јасно каде ќе добива минутажа кога и на Ацо и Велко одбројани им се деновите....
Ова засилување мене ме потсеќа на она минатата година кога Вардар го зеде Мите Стоилов...
Има место и за Кукоски,пред се зошто е далеку помлад од Ацо...а и со добро делкање би бил и тоа како добра замена за било кој од овие двајца....ќе можи да игра во Сеха или да замени некој ако се повреди....
Доста подвижен е Кукоски,спретен,идеална висина,ниту премногу висок ни низок за таа позиција,ако работи сериозно Лино со него би можел да го изделка во супер дефанзивец...
Велко почна да паѓа во форма(посебно има проблеми со нервозата)
,Ацо сеуште се држи но и тој не е млад како некогаш,го стигнаа годините,требаше малку да се освежи таа дефанзива....
Ако се има во предвид дека Ацо и Велко играат стриктно одбрана,исто како и Кукоски,па ќе можи Лино да ротира....
Во секој случај подобро да игра Кукоски во Металург отколку во МРК Вардар....
Липовина,Борозан,и младите можат да играат на двојка или четворка,да не игра со Миркуловски и Атман на тие позиции,но сепак ќе мора,но во средина на одбрана секогаш Лино си имал исклучиво
касапи,тоа му беше стилот и во Хрватска со Шпољариќ,Доминиковиќ,па потоа го извади и Гојун...
Тоа му е стилот на Лино,можеби е еден од ретките тренери кои играат вака(со толку играчи кои играат само одбрана),но овај стил му дава резултати....
Направи добра ротација Лино,со Липовина и Борозан се освежи бековската линија и тоа како...
Ако го земат Марсениќ,плус крилото Гуќич од Раднички ќе завршат одлична работа во преодниот рок...можеби не се помпезни засилувања како оние на Вардар,но дека се квалитетни се,плус ја задржаа целата прва постава од лани,ќе бидат доста сериозна екипа во ЛШ....