Експресно поминаа измените – придонеси и за хонорарците!

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Reloaded
  • Време на започнување Време на започнување
Да се објаснам јас, до 6 просечни плати се плаќаат придонеси за здравствено и пензиско, и другите придонеси, додека персоналниот данок се плаќа на цел износ на платата(+бонуси и други непризнати парични исплати од фирмата кон работникот).

Е тоа е веќе друга математика. Затоа ти викам не мешај придонеси и данок.
Ако ги ставиш на куп придонесите и персоналниот данок, колку ти краде државата на плата помала од 6 просечни плати?
 
Е тоа е веќе друга математика. Затоа ти викам не мешај придонеси и данок.
Ако ги ставиш на куп придонесите и персоналниот данок, колку ти краде државата на плата помала од 6 просечни плати?

Придонесите по дефиниција си ги плаќаш за себе, така да државата ништо не ти краде туку само ти зема средства со кои ти осигурува здравство, пензија и сл. Ова важи како правило, а колку оваа соодвестува со состојбата во нашата држава сите знаеме и нема потреба од дискусија. Инаку данок како данок се плаќа секаде.
 
Е тоа е веќе друга математика. Затоа ти викам не мешај придонеси и данок.
Ако ги ставиш на куп придонесите и персоналниот данок, колку ти краде државата на плата помала од 6 просечни плати?
Не сум сметал зашто подобро ми е што не знам :) (
 
Придонесите по дефиниција си ги плаќаш за себе, така да државата ништо не ти краде туку само ти зема средства со кои ти осигурува здравство, пензија и сл. Ова важи како правило, а колку оваа соодвестува со состојбата во нашата држава сите знаеме и нема потреба од дискусија. Инаку данок како данок се плаќа секаде.
Ја не знам зошто луѓето воопшто сакаат да земаат плата. Дај ги сите пари на државата, пола за придонеси, пола за данок. Така државата ќе ти обезбеди здравство, школство, пензија, храна, астон мартин дб8, витка плавуша и сите останати потребштини. А од данокот ќе направи фабрики, корпорации, облакодери, зелени површини, жолти површини, дури ќе ти го плати и гробното место и гробарот да те затрпа.
 
Ова веќе преминува во детски муабет. Ајде да ја изолираме Македонија. Во сите земји постојат придонеси на плата, па затоа секаде има бруто и нето плата. Тоа не значи дека се е црно. Земјите во кои овие придонеси и даноци се најголеми не случајно имаат и најсоцијални системи и како целина функционираат најдобро (Скандинавски земји). Најважно е начинот на кој ќе биде поставен овој систем. Ако се постави за да функционира во полза за граѓаните тогаш е добро, но ако се постави на начин со кој владата на некоја држава треба да се одржи на власт е тогаш е веќе многу лоша работа.Како е кај нас знаеме сите.
 
Најважно е начинот на кој ќе биде поставен овој систем. Ако се постави за да функционира во полза за граѓаните тогаш е добро, но ако се постави на начин со кој владата на некоја држава треба да се одржи на власт е тогаш е веќе многу лоша работа.Како е кај нас знаеме сите.
И ја тоа викам, ако е убаво, тогаш е супер. Ако не чини, тогаш не е баш убаво.
 
Шо било убо овде па то да е ??? Има нешто нормално во државава?? Да ти се плукнам во државата. , ако можи да се наречи држава ова

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Погрешно си го сфатил зашто погрешно е напишано.

Придонесите се плаќаат до максимален износ од 6 просечни плати, се над тоа не се оданочува.
Пример земаш 500.000 денари плата, 6x20.000(просечна плата)=120.000, плаќаш придонеси само на тие 120.000, не на сите 500.000 денари.
Ova vazi za penzisko znam. Dali vazi i za zdravstveno? I ostanatite sitni pridonesi?

Gesendet von meinem GT-S6310N mit Tapatalk
 
Не би требало колку што знам, бидејќи законов е за хонорар односно договор на дело, бонусот не спаѓа во дефиницијата на тие две, не сум правник ниту предлог законот сум го прочитал, но не би требало.

Па кај нас бонусите одат со договор на дело, така да и на нив ќе им опнат 30% давачки, наместо 10% како до сега. :(
 
Па кај нас бонусите одат со договор на дело, така да и на нив ќе им опнат 30% давачки, наместо 10% како до сега. :(

И до сега не беше законски исплаќање бонус само со персоналец. Бонусот мора да пројде преку МПИН со плаќање на придонеси.
Плус и не може од истата фирма во која си вработен да примаш пари по договор на дело. Ако помине инспекција ќе ве изгори.
 
Леандра сега ќе се навлажни под мишки :icon_lol::

Се намалуваат платите на дел од администрацијата за пет отсто
од Бети · 26.07.2014

Министерството за финансии го изготви ребалансот на буџетот, објави Алсат. Според информациите на Алсат М, решено е буџетот да се намали за пет отсто или расходите на Владата да се намалат за 143 милиони евра. Или грубо, секое од 14 – те министерства ќе треба да скратат од своите трошоци по 10 милиони евра. Официјализирањето на ребалансот се очекува денеска или следниве неколку дена на владина седница.

Според информациите на Алсат, поради се полошата состојба со буџетот, Владата дала инструкции до одредени државни институции да ги намалат платите на вработените и тоа за пет отсто.

http://setaliste.com.mk/top-vesti/makedonija/се-намалуваат-платите-на-дел-од-админи/[DOUBLEPOST=1406367513][/DOUBLEPOST]Инаку лошо лошо ни се пишува тоа секако го знам јас.
 
Плус и не може од истата фирма во која си вработен да примаш пари по договор на дело.

Не е иста фирма.
Значи колење на бонусот не гине, упм @%$%@@.

Дезинформација е, ќе се кратат непродуктивни ставки како мебел, патни трошоци и слично. Платите на административците планираат да им ги качат за 5% на есен.
 
Едно добро решение од Најчевска

Бидејки нашиот ценет диктатор нема мака со мешање на облигационите и работните односи, а со цел остварување што е можно повисока лична добивка јас предлагам, наместо ДОГОВОР ЗА ДЕЛО (како договор кој е регулиран со Законот за облигациони односи, меѓутоа кој е подведен под Законот за работни односи) од 1.1.2015 година сите да склучуваме ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА. Ова ќе значи дека јас нудам производ (на пример 20 листа на кои е се отпечатени букви), а купувачот ги купува тие 20 листа на кои се отпечатени букви.

За договор за купопродажба малку потешко ќе биде да се наметнат давачки кои произлегуваат од работен однос.

Закон за облигациони односи:

ДОГОВОР ЗА ДЕЛО
Оддел 1
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Поим
Член 619
Со договор за дело вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се обврзува да изврши определена работа, како што е изработка или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест.

Член 442
(1) Со договорот за продажба продавачот се обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост, а купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената.

Производител
Член 165-в
(1) Производител е лицето кое изработило готов производ; лицето кое ја произвело суровината самостојниот и несамостојниот дел вграден во готов производ; како и лицето кое, обележувајќи ги производот со своето име, трговска марка или каков било друг знак на разликување, се претставува како производител.
(2) За производител се смета и лицето кое го увезло производот заради продажба, давање во закуп или заради друг вид на ставање на производот во промет.
(3) Производителот и лицето кое го увезло производот одговараат солидарно за причинетата штета.
(4) Ако не е можно да се утврди кој е производител, за таков се смета секое лице кое го става производот во промет, освен ако тоа лице во разумен рок не го извести оштетениот за лицето од кое го набавило производот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom