Израелците ги третираат христијаните потполно еднакво како и муслиманите:
Но затоа и Муслиманите ги третираат Христијаните како што ги третираат и Евреите.
Геноцидот над Христијаните, кој се случува во Ирак, Пакистан, Сирија, Египет, Косово и на други места, не го спроведуваат Евреите, туку Муслиманите.[DOUBLEPOST=1406211119][/DOUBLEPOST]Колку и деца да ни убијат или претепаат Албанците, колку и цркви да ни запалат, колку и крв да ни пролеваат, ние нема да го сфатиме ова (од исечоков на DWelle):
Молитва за своите луѓе
Меир и Шмуел доаѓаат од Ашдод. Зошто се овде, на ритчето на периферијата на Појасот Газа? Шмуел одговара спремно.
„Сакав да ја покажам својата радост што ја напаѓаат Газа, зашто оттаму не ракетираа речиси осум години. Се радувам што сега ги убиваат, не цивилите, туку терористите“.
Во Европа, вели Шмуел, се‘ разбираат погрешно.
„Нашата армија е многу морална. Таа фрла летоци и ги предупредува луѓето пред да нападне. Која армија во светот би го направила тоа?“
Шмуел не верува во мирно решение на конфликтот. Тој и неговиот пријател Меир се религиозни, носат капа и плетенки зад ушите.
„Ние се молиме за нашите војници, да се вратат живи и здрави. Крајно, тие се само цивили во униформа“, вели Шмуел.
Во разговорот се вмешува постар човек.
„Ако некој сака да те убие, мораш да го испревариш и да го убиеш. Не може поинаку. Овие овде долу се варварски народ“.
Палестинците не се подготвени да живеат во мир со Израелците, вели човекот.
„Арапите сакаат да не‘ протераат одовде. Сакаат овде да не остане ниеден Евреин“.
Новинарот Јоав Евен
Новинарите како патриоти
Во меѓувреме и најпопуларниот израелски телевизиски „Канал два“ ја постави својата камера на ритчето. Јоав Евен го облекува панцирот и ја почнува емисијата во живо. Тој е во акција без прекин веќе две недели, од почетокот на офанзивата. Всушност, Јоав известува од секторот здравство. Но, во израелските војни тој секогаш е во живо пред камерата. Последне пат во 2012 година во последната офанзива во Газа. А во војната во Либан во 2008 година тој една недела во живо известуваше од северен Израел, потоа беше регрутиран како резервист. Тој е новинар, но првенствено е израелски патриот:
„Ние пред се‘ сме Израелци. Ако падне израелски војник, се разбира дека сум тажен. Секој од нас, кој живее овде, може тоа да го разбере. Секој од нас знае дека ние овде се бориме за нашата егзистенција“.