Среќа Пелусо , Падоин, Констант, Закардо, Џонатан и компанија покажуваат нешто на тренинг па играат затоа....не зезај вакви инвалиди срамота е да играат а на некое дете да не му се даде шанса...сакаш да кажеш дена никој од младите неможе подобро да се покаже од овие? само не им се дава шанса тоа е проблемот...
Ако згреши згреши голема работа..или ќе се врати психолошки уште подобро и ќе се искупи што ќе остави срце на терен или па ако се изгуби ондак никад нема да биде играч од него....
Не е ова Фифа Менаџер па да биде лесно да процениш кој играч ќе го биде, а и при избор на играч се опфаќаат многу повеќе аспекти од тоа дали има јак шут и дали знае да прафи финти додека жонглира.
Тие го тестираат психолошки, физички, гледаат како се однесува надвор од терените, му ја прегледуваат цела историја што ја има, гледаат како реагира кога е среќен, тажен, нервозен.
Вие мислите ако знае да нафрли, ако е брз и има добар шут е доволно добар да игра во прв тим на некој топ клуб.
Зато тие ги пуштаат младите играчи во помали клубови, да научат да се контролираат, да научат да се стрпливи и да се изградат како личности.
Што мислиш што ќе се случи со млад играч кој има слаб карактер кога ќе заигра во прв тим ? Дали мислиш славата и парите и целото внимание што го добива ќе го изменат ?
Можам да ти набојам еден куп кои се изгубиле само поради тоа што имаат слаб карактер и не се изградени како личности.
Зошто ретко гледаме синови и внуци на големи фудбалски легенди на терените ?
Зарем тие не го наследиле талентот и гените на своите пред нив ?
Или заради тоа што веќе имаат све што им треба во животот ?
Зошто 90% од јаките играчи доаѓаат од сиромашни домови ?
Зошто кога читаш биографии на познати фудбалери скоро сите кажуваат дека често немале пари за храна а камоли за тренинг ?
Затоа што тие научиле да се контролираат изградиле карактер и се бореле за тоа што го сакаат.
Неможе човек што нема силен карактер и не е цврста личност да биде голем човек, притисокот ќе го изеде.