Физички мажот може да биде посилен, но, ако работат интелектуална работа, тој старее како и жената. И едниот и другиот можат да работат максимум до 65. Преку тоа мислам дека е не само непродуктивно, туку и нечовечно. Ако се навистина големи стручњаци или научници, никој не им брани, ако има интерес, да одржуваат повремени предавања, да имаат на универзитетите изборни предмети, да учествуваат во работата научни обири или да објавуваат трудови. Тоа го прават колку што можат, но не се оптоварени со определени работни обврски. Да не го заборавиме и тоа дека на некои работни места напорот не можат да го издржат и помлади од 60 г. Треба и тоа да се земе предвид.