Прашања до Атеистите II

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Точно.
Затоа и ти пишав дека размислувањето ти е опасно.
Стално ке се јавуваат работите кои ги наведуваш и у никој случај не смееш да ги исклучиш.

Јас и напоменав, според мене каде е опасноста од ескалација. Всушност е веќе ескалирано. Гледаме низ светот кој води верски војни.

Но таквата ескалација зависела не само од критичната маса, туку од долгогодишно макотрпно работење врз таа маса да остане неедуцирана, неотворена за реалниот свет и слично.

Не разбрав како тоа не смеам да ги исклучам тие работи и кои работи?[DOUBLEPOST=1405683140][/DOUBLEPOST]
Во кој смисол еволутивна и во кој придобивка? Што е всушност прашањето.
Еволуција е постепена промена во наследените карактеристики на биолошка популација преку низа сукцесивни генерации. Еволуционите процеси доведуваат до диверзитет на секое ниво на биолошка организација, вклучувајќи ги видовите, индивидуалните организми и молекули, како што се ДНК и протеини.

Придобивка е нешто што е корисно за одреден вид. Во случајов зборуваме за хомосапиенсот.

Дали духовноста е еволутивна придобивка?

@kooperativa се надевам дека ова не ти е нефер прашање :cool:

П.с. Ако може одговарајте на ова прашање, бидејќи по претходното дојдовме до взаемна согласнот каква таква, односно и вие како атеисти поседувате духовност (што конкретно овој поим значи за вас, ќе видиме понатаму) независно од религиите. Значи остануваат на сила, ако ти се потребни твоите дефиниции за религија и конвенцијата за отстранување на духовноста од религијата во 19 ти век.

@kooperativa ако сметаш дека нешто фали у дискусијата за кога сектата станува религија, после мојот последен пост за историскиот развој на двете денес најголеми монотеистички религии, пиши.:)

Сметам дека се задоволени сите критериуми на ФЕР и легално поставено прашање кон вас.

Ако сметате дека и ова не е прашање за атеистите, кажете веднаш за да не се распишуваме за џабе.

@kooperativa се слагаш ли и ти?:)
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Еволуција е постепена промена во наследените карактеристики на биолошка популација преку низа сукцесивни генерации. Еволуционите процеси доведуваат до диверзитет на секое ниво на биолошка организација, вклучувајќи ги видовите, индивидуалните организми и молекули, како што се ДНК и протеини.

Придобивка е нешто што е корисно за одреден вид. Во случајов зборуваме за хомосапиенсот.

Дали духовноста е еволутивна придобивка?

П.с. Ако може одговарајте на ова прашање, бидејќи по претходното дојдовме до взаемна согласнот каква таква, односно и вие како атеисти поседувате духовност (што конкретно овој поим значи за вас, ќе видиме понатаму) независно од религиите. Значи остануваат на сила, ако ти се потребни твоите дефиниции за религија и конвенцијата за отстранување на духовноста од религијата во 19 ти век.
Вака поставено, е. Сепак не ја гледам поврзаноста со атеизмот, како што реков претходно попара е направена темава. А и ви препорачав тебе и на коператива да си отворите тема, која ќе биде независна од оваа. Ќе се осврнам на болдот, не нема да видиме додека не се дефинира што е духовност на групата на која припаѓаш (христијани нели) оти на глава се качија некои па дури и на грамови мереа духовност, пробувајќи да докажат дека само тие ја имале, ама пустото не знаат што е тоа. Наводно за да се разбере нивниот (а веројатно и твојот) бог, треба некаква духовност. Ајде да видиме која е таа.
Мислам дека беа јасни насоките дека учења за духовноста постоеле независно од религиите е и далеку пред монотеизмот. Од каде тогаш поврзаност со религиите? Подоцна секоја од нив во помала или поголема мера има прифатено дел од тие учења. Ко да приметувам и кај тебе скриена агенда во прашањево. Ако таква постои, тогаш џабе муабетов.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
По она ја изгубив желбата. Вие продолжете си, а јас ако ми се присака ќе ви се придружам
 
Нели рековме дека се слагаме. И напоменав не се враќаме на тоа прашање.

Ако сакаш да одговориш на прашањево ок, ако не здравје:)

Ќе се префрлиме на линукс.

Како сакаш:) Прашањето ти е тука, ти стои

Да не излезе да остане неодговорено.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Нели рековме дека се слагаме. И напоменав не се враќаме на тоа прашање.

Ако сакаш да одговориш на прашањево ок, ако не здравје:)

Ќе се префрлиме на линукс.

Како сакаш:) Прашањето ти е тука, ти стои

Да не излезе да остане неодговорено.
Одговорив првата реченица, и сепак кажав, ако треба натаму дискусија прво ќе видиме што е тоа што вие христијаните го нарекувате духовност па да видиме што тоа ние атеистите немаме. Мислам дека е тоа фер пошто баравме дефиниции и делумно се сложивме околу нив.
Башка што мислам дека не е за тука.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Одговорив првата реченица, и сепак кажав, ако треба натаму дискусија прво ќе видиме што е тоа што вие христијаните го нарекувате духовност па да видиме што тоа ние атеистите немаме. Мислам дека е тоа фер пошто баравме дефиниции и делумно се сложивме околу нив.
Башка што мислам дека не е за тука.
Аха си одговорил дека Е еволутивна придобивка. Ок.

Јас ти реков ги користиме твоите дефиниции за религија и духовност. Нели ги постираше наназад
Значи остануваат на сила, ако ти се потребни твоите дефиниции за религија и конвенцијата за отстранување на духовноста од религијата во 19 ти век.

Еве ги твоите дефиниции

Ок, еве јас што велам
A religion is an organized collection of beliefs, cultural systems, and world views that relate humanity to an order of existence.

Traditionally spirituality has been defined as a process of personal transformation in accordance with religious ideals. Since the 19th century spirituality is often separated from religion, and has become more oriented on subjective experience and psychological growth. It may refer to almost any kind of meaningful activity or blissful experience, but without a single, widely-agreed definition.
Пред да прашам нешто друго, образложи зашто не би одговорил на прашањево тука, и дали сакаш да продолжиме?

п.с. Нема скриена агенда, едноставно си прашувам работи кои сакам да ми се разјаснат:)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Пред да прашам нешто друго, образложи зашто не би одговорил на прашањево тука, и дали сакаш да продолжиме?

п.с. Нема скриена агенда, едноставно си прашувам работи кои сакам да ми се разјаснат:)
Добро бе Доналд, прочитај што пишувам, реков дека нема се додека не ја кажете таа фамозна мистериозна, тајна христијанска духовност. Та не сте телемити.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Добро бе Доналд, прочитај што пишувам, реков дека нема се додека не ја кажете таа фамозна мистериозна, тајна христијанска духовност. Та не сте телемити.
Ок. Ќе го сфатам ова дека не сакаш да продолжиш дискусија на претходно поставеното прашање, од тебе познати причини.

Јас ти реков - прифаќам духовност е она што ти си го постирал. Та нели се договоривме дека сте во право во однос на претходното прашање?

Значи со мене, можеш слободно да ја користиш таа дефиницја за духовност. Ја прифатив.

Немаш потреба да чекаш друга дефиниција :)
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Како сакаш:) Прашањето ти е тука, ти стои

Да не излезе да остане неодговорено.
Останаа неодговорени и други прашања, али ти ги скокаш. И сакам да ми биде одговорено. Се додека ти поставуваш некои нови прашања, јас нема да земам учество од проста причина што претходните не се одговорени. Ова а втор пат како ги сипнуваш работите, првиот пат кога ми наметнуваше мислење и зборови и се изгуби поентата на дискусијата, и еве сега со “се повелекувам“ но “еве уште едно прашање од мене“. Па побогу, зошто се повлекуваш ако имаш да прашаш нешто? Или кога ти иде во прилог е ОК, а кога не иде, тогаш “повлекување и консолидирање на редовите“?
Кај мене не иде така. И не ги пофторувам прашањата, си ги знаеш убаво кои се. ;)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Останаа неодговорени и други прашања, али ти ги скокаш. И сакам да ми биде одговорено. Се додека ти поставуваш некои нови прашања, јас нема да земам учество од проста причина што претходните не се одговорени. Ова а втор пат како ги сипнуваш работите, првиот пат кога ми наметнуваше мислење и зборови и се изгуби поентата на дискусијата, и еве сега со “се повелекувам“ но “еве уште едно прашање од мене“. Па побогу, зошто се повлекуваш ако имаш да прашаш нешто? Или кога ти иде во прилог е ОК, а кога не иде, тогаш “повлекување и консолидирање на редовите“?
Кај мене не иде така. И не ги пофторувам прашањата, си ги знаеш убаво кои се. ;)
Јас сепак мислам дека не си во право.

Тврдам дека сум одговрил на сите прашања што биле упатени директно до мене.

Ако не ти е проблем повтори ги неодговорените прашања и ќе ти ги одгворам, бидејќи навистина не знам на кои мислиш.

п.с. Се обидувам да наметнам конструктивна дискусија, онаква каква што сакаш да има;)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тврдам дека сум одговрил на сите прашања што биле упатени директно до мене.
Сигурен си? Ај да ти повторам. Што е духовност според христијанството. 10 пати го поставив а одговор нема. Еве тоа е причината. Ако е веќе дискусија на некоја тема тогаш и јас сакам одговори, а не “се согласив со твојата дефиниција“.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Јас сепак мислам дека не си во право.

Тврдам дека сум одговрил на сите прашања што биле упатени директно до мене.

Ако не ти е проблем повтори ги неодговорените прашања и ќе ти ги одгворам, бидејќи навистина не знам на кои мислиш.

п.с. Се обидувам да наметнам конструктивна дискусија, онаква каква што сакаш да има;)
ТИ ја прекина дискусијата!!! И сега “наметнам конструктивна дискусија“, која ТИ ја уништи. :mad:
Значи, врати се наназад до пред да се повлечеш и ќе си ги најдеш прашањата.
Уствари, и да ги најдеш, веќе мене ми се одмили и примрзе, така да бадијала е сега се'. :(
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Сигурен си? Ај да ти повторам. Што е духовност според христијанството. 10 пати го поставив а одговор нема. Еве тоа е причината. Ако е веќе дискусија на некоја тема тогаш и јас сакам одговори, а не “се согласив со твојата дефиниција“.

Мислам дека со ова сакаш да избегнеш дискусија на поставеното прашање:)

Едноставно откако вчера се договоривме што е религија и духовност, за мене духовност е тоа што го договоривме.

Бидејќи немам повеќе спротивставено мислење за религијата и духовноста, и го прифатив твојот став, сулудо е да дадам одговор за нешто што исто мислиме нели?:confused:[DOUBLEPOST=1405687471][/DOUBLEPOST]
ТИ ја прекина дискусијата!!! И сега “наметнам конструктивна дискусија“, која ТИ ја уништи. :mad:
Значи, врати се наназад до пред да се повлечеш и ќе си ги најдеш прашањата.
Уствари, и да ги најдеш, веќе мене ми се одмили и примрзе, така да бадијала е сега се'. :(
Ок. Твое право и твое мислење.

Ја прекинав и ти викам у право си - духовноста е тоа што рековте, религија е тоа што рековте, и одвоени се, и тоа не ти се допаѓа. Интересно:)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Бидејќи немам повеќе спротивставено мислење за религијата и духовноста, и го прифатив твојот став, сулудо е да дадам одговор за нешто што исто мислиме нели?:confused:[DOUBLEPOST=1405687471][/DOUBLEPOST]

Ок. Твое право и твое мислење.

Ја прекинав и ти викам у право си - духовноста е тоа што рековте, религија е тоа што рековте, и одвоени се, и тоа не ти се допаѓа. Интересно:)
Ок штом имаме исти став, чуму тогаш прашањава. Тогаш не ме прашувај мене, прашај се сам и го имаш одговорот нели? :P
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ок штом имаме исти став, чуму тогаш прашањава. Тогаш не ме прашувај мене, прашај се сам и го имаш одговорот нели? :P
Па прашувам, за да ми се разјаснат работите, што ме мачат.

Ти зошто поставуваш прашања? Со некоја друга цел ли?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom