Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата templar55
  • Време на започнување

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Евроконтрол соопштил дека украинските власти го затвориле воздушниот простор во источна УКраина и дека малезискиот авион се наоѓал 300 метри над забранетата зона за летање.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.517
Поени од реакции
24.302
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Неколку сати после несреќата повеќето авиокомпании целосно ја заобиколуваат Украина. Некои сеуште не.

 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
а каде пишува дека е тоа така ... 1 минута откако исчезнува авион излагаат информации кој го срушил, со нели докази снимки па уште и пресретнати телефонски разговори аууу се реши одма мистеријата за 5 секунди !!!! смрди тука работата се гледа од далеку дека е наместено и дека тие луѓе се колатерална штета за некој зацртан план на некоја фаца ... одма се разреши злосторот а телата уште не оладени а од друга страна 6 месеца не можат да дознаат каде летал како летал и што правел МХ370 !!!
Јас давам докази и аргументи, ти даваш неосновани теории на заговор за кои немаш ни грам доказ, а според мене ни грам логика.
Дај некој доказ, некое тврдење да поткрепиш, такви колатерални штети, наместени несреќи за зионисти во позадина и матни зделки, тоа на некој друг.[DOUBLEPOST=1405634065][/DOUBLEPOST]
А кои се тие платеници?
Не си запознат со конфликтот во источна Украина?
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
Јас давам докази и аргументи, ти даваш неосновани теории на заговор за кои немаш ни грам доказ, а според мене ни грам логика.
Дај некој доказ, некое тврдење да поткрепиш, такви колатерални штети, наместени несреќи за зионисти во позадина и матни зделки, тоа на некој друг.[DOUBLEPOST=1405634065][/DOUBLEPOST]
Не си запознат со конфликтот во источна Украина?
извини а кој се тие херои кој убиваа луѓе кој скокаа од запалени згради со безбол палки ?
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
Каква врска има ова со патничкиот авион?
има .. викаш терористи па гледав снимки од ладнокрвни животни кој тепаат мртви луѓе со безбол палки ... не сум упатен па прашувам ти како упатен кој се тие луѓе ... ослободители на човештвото од тиранијата да не се ?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Завземам страна против платеници што рушат патнички авион, што не е јасно?
Платеници кои најверојатно ќе испадне дека биле наседнати дека тоа е воен авион. Далеку си и ти од не-пропаганден завземач на одредена страна. Прозирно е многу, нема потреба да се објаснуваш.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.638
Поени од реакции
35.499
Кој добива а кој губи од овој чин и трагедија?
Вистинското прашање!
Да видиме што може да се заклучи со помош на достапните информации.


...забрана за летање низ источна Украина или било каква воена зона нема и никогаш немало
Нема потреба од официјална забрана за летање над ист. Украина, доволен е здрав разум. Впрочем види колку малку скршнување кон југ е потребно за да се прелета преку Црното Море, наместо преку воена зона и бојно поле.
Не е случајно ова:

Баче, те сметам за попаметен од вакво непромислено донесување заклочоци на база на „докази„ од видот на (по дифолт) сумњиви скриншотови со наводни изјави од фаци како Стрелков, и некакви јутуП видеа со сликички и демек аудио телефонски снимки.
Патем западните медиуми се уште понеобјективни од руските. Секако мора да се слушнат сите страни и информациите да се просеат низ сито и решето, па потоа да се носат заклучоци.

Значи остајте, „добри и лоши„ или Амери спроти Руси... небитно е тоа за вистината. Мене само не ми е јасно како можеа Малезија Еарлајнс да испаднат оволку неспособни, колкава минималната заштеда во гориво ќе вреди во однос на тужбите од фамилиите на загинатите?
Угледот и реномето им беа паднати уште од исчезнувањето на претходниот авион, после паѓањето на овој авион не ми е јасно кој воопшто ќе се осуди да лета со Малезија Еарлајнс. Џабе да ми даваат карта не им влегувам во авион.

Како што напишаа и поназад, ова е тешка геополитичка игра во која влоговите само што станаа поголеми (кредит за @мкд владе).
За да се разбере што навистина се случува, вистинското прашање секогаш е „кој добива а кој губи од овој настан„ (кредит за @The xx).
Исто така, и можеби и подобар принцип е... „СЛЕДИ ГИ ПАРИТЕ!„.



Како и да е, од аналитички аспект една причина за настанов може да биде за потребите од фолс флаг на едната или другата страна во судирот во Украина, за да се оправда евентуална воена интервенција. Тука некако Русите логично отпаѓаат затоа што подолго време постојано се обидуваат да ја деескалираат ситуацијата... ако сакаа воено да интервенираат ќе интервенираа уште многу порано, како на пример по масакрот на проруските демонстранти во Одеса.

Практично настанот и последиците од него многу повеќе им одговараат на тие западната страна, всушност САД да бидам конкретен. Сега за ова ќе се обвинуваат Русите, веќе излегоа „докази„ дека авионот е срушен со руски САМ (докази го ставам во наводници затоа што еден куп земји имаат руско оружје, вклучувајќи ја и Украина).

Друг аспект од целата работа е економскиот аспект. Цените на пшеницата (и другите житни култури) како и цените на златото, среброто и на другите скапоцени метали вртоглаво рипаат:
 
Член од
9 април 2011
Мислења
814
Поени од реакции
1.055
Јас давам докази и аргументи, ти даваш неосновани теории на заговор за кои немаш ни грам доказ, а според мене ни грам логика.
Дај некој доказ, некое тврдење да поткрепиш, такви колатерални штети, наместени несреќи за зионисти во позадина и матни зделки, тоа на некој друг.[DOUBLEPOST=1405634065][/DOUBLEPOST]
Не си запознат со конфликтот во источна Украина?
На прашање ми одговараш со прашање, те прашав кои се тие платеници?
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Само ми оди во прилогна мојата теза, освен секако ако не мислеше дека пошто се работи за СССР ( Русија ) па демек ке смени нешто.
А зошто вакви теории не извадовте кога наводно украинците гранатирале некој руски пограничен град пред некој ден?

Зошто тогаш не напиша дека можеби русите сами си ги грантирале градот? Или ако напишеше некој - ќе го правеше будала.
Ете ти пример погоре дека русите се способни на тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom