- Член од
- 12 мај 2014
- Мислења
- 236
- Поени од реакции
- 422
Кои Грци на туристички места? Па, таму по хотели, плажи, кафичи, ресторани работат Бугари, Македонци, Срби, Англичани, а прашај тие што биле на Закинтос, Скијатос и такви места колку врие Албанци од Албанија. Тие што ве услужуваат вас се се само не Грци.Не можам да знам на другите која им е разликата, мене само погледот (бескрај), мирисот и самиот песок што најчесто го има по плажите покрај море, прави огромна разлика.
Друго, за да не бидам сфатена погрешно, места како Полихроно, Олимпик Бич и остали екс рибарски селциња, ретко кога можат да го доловат тоа чувство.
Самата природна убавина, што за почеток ја имаат островите грчки, е нешто што не може на ниедно езеро да го има, било тука или Германија.
Што се однесува до услугата на Грците (Бугарите не ги ни споменувам, еднаш се излажав и за сите времиња доста ми беше), - Гркот знае како да ти ги земе парите.
Од сите одмори на море најчесто во Грција сум одела, еден единствен пат никој не ме навредил, не ми исклучил бојлер, не ми се искурчил келнер, едноставно сум била услужена максимално.
Гркот кој живее од туризам не го интересира дали си Македонец, Блгар или Авганистанец, те гледа како евро, а ти со ќеиф му го даваш, од причина што добиваш одлична услуга за истото.
Периодов ми се случи така еден викенд да бидам во Грција, веќе следниот во Охрид, замисли, ИСТО пари потрошив двата викенда (не го рачунам горивото, туку сместувањето, храната и сл). ама иста услуга не добив.
Зарем Охрид нема природна убавина? Дај жити се не зезај, но јас ја разбирам потребата и желбата да заминеш на друго место кога веќе можеш. Секој сака да шета на различни места секоја година.
Кога зборуваме за Бугарија и на кое место да отидеш се се тоа all exclusive хотели со 5 ѕвезди со базени, сауни, џакузи, интернет се што ти посака душа. Јас бев во Несебар. Не знаеш кој од кој хотел е поубав. Платиш и таму никој не те замара. Отиди во Хрватска на одмор каде што си сместен во куќа каде што живее и газдата, па ќе видиш дали нема да те замара. Секаде е така. Така и Грција. Се се тоа нови вили и мали хотели коишто се правени нови и таму не живее газдата, па нормално и нема да те замара. Да живееше со тебе да видиш дали нема да те замара.
Колку од тоа дека Грците само туризам ги интересира доволно е да видиш дека во ниедна кафана, ресторан или било што нема македонско мени, не се свири македонска музика или било што, а прв и втор крак се вооглавном македонски и српски туристи. Мислам не е место за политика тука, но доволно е да го разбереш зборот цинизам и глумење доброта само затоа што имаат ќар од тебе. Да не им се македонски туристи на тие места на прв и втор крај бел леб нема да видат повеќето Грци.