T
templar55
Гостин
Малезиски патнички авион од типот "Boeing 777" се урнал денес во Украина, во близина на руската граница, пренесува "Reuters".
За падот на авионот јавила руската агенција Interfax, повикувајќи се на извори од воздухопловната индустрија. Од Reuters не можеле веднаш да ја потврдат оваа информација.
Во малезискиот авион имало 259 луѓе. Се наведува дека "боингот" бил на лет од Амстердам до Куала Лумпур, пренесува Interfax.
Малезискиот авио-превозник потврдил дека се случила несреќа и набрзо се очекува официјално соопштение.
Медиумите потсетуваат дека денешната несреќа се случила само неколку месеци откако летот MH370 на Malaysia Airlines исчезнал на 8. март. Овој авион се' уште не е пронајден.