Колку што е виновна управата, толку виновен е и Конте. Како прав професионалец лесно можеше да ја префрли вината врз управата, иако тие решиле да продаваат некој од Видал или Погба. Ќе останеше до крај на сезона со тоа што на почетокот во официјална изјава ќе кажеше дека со таквиот ослабен тим да не се очекуваат значајни резултати и покрај сите напори што тој ќе ги прави. Ќе навестеше отказ по завршување на сезоната и чао пријатно. Ама работата е тоа што Конте кога е во прашање Јуве не настапува со професионализам туку со срце.
Кога вчера читав дека Алегри е најблизу до Јуве, ми се пцуеше све по ред. Сега па викам и не е некоја трагедија да се исппроба кај нас. Млад е, во чекор е со модерниот фудбал, знаеше да смени тактика и стратегија во даден момент и најважно од се имаше рецепт за многу јаки тимови од ЛШ. Единствена работа е што Конте си беше целосно НАШ, Алегри е нешто туѓо, гледано со други очи и ќе треба време да се навикнеме на неговата фигура покрај аут линијата. Што е до мене па и нека дојде. Сме имале и бетер од него па пак сме зјапале во ТВ и сме навивале за нашиот Јуве.
Без нервози и песимистички прогнози. Шампиони сме, имаме Супер куп за играње, нова сезона во Серие-А, ТИМ куп, ЛШ. На многу натпревари игравме без Погба или Видал, го немавме Конте на клупа и пак газевме, а па на некои натпревари кога бевме комплетни се килавевме со послаби екипи, ни јадеа нерви, во ЛШ не преебаа смешни екипи, во ЛЕ одвај гол дававме, Наполи не уништи на последната, баш поради Контевите каприци и формација. Јуве е јак и професионален колектив и брзо ќе се поврати од ова.
Убаво беше додека траеше. Конте веќе е историја на која радо ќе се сеќава и со генерации ќе ја прераскажува секој фан.
Сега вртиме нов лист.