Откриена е планета со потенцијал за населување на истата која воедно е 16 светлосни години оддалечена од нашата планета. На „Супер - Земја“ планетата, GJ 832 c, и' требаат 16 дена за да Ја помине орбитата околу црвено џуџе ѕвездата GJ 832 и има маса која е пет пати поголема од таа на планетата Земја. Прима околу иста количина ѕвездена енергија како и планетата Земја, а исто така на истата може да има слични температури како на нашата планета. Овие карактеристики ја прават една од трите најблиски по особина планети до земјата.
Тим на австралиски истражувачи го објавиле нивното откритие за планетата при издавањето на Астрофизичкиот Журнал.
Членот на истражувачката група, а воедно и водачот на истражувачката група, професор Крист Тини, тврди дека планетата има слична атмосфера како и планетата Земја, постојат некои можности за животот да опстои на истата, иако сезонските промени се екстремни.
„Земајќи ја големата маса на планетата, изгледа можно дека истата би поседувала масивна атмосфера, што може да ја направи непогодна за населување. Интензивната атмосфера може да ја зароби топлината и да ја направи планетата премногу топла за живеење,“ тврди професор Тини.
Извор:
тука