Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Па види.... Кјуриоситу чинеше 2,5 билиони, Инсајт треба да чини пола билион, Опортјунити и Спирит беа билион итн. Опортјунити за сите овие 10 години помина 40 километри, заедно со Спирит направија доста слики со ниска резолуција, Инсајт ќе избуши едвај 2 метри во површината... ништо што не може да биде направено од човек за време на 3 месечен престој на Марс колку што се планира дека ќе биди. Впрочем, човекот може да направи далеку повеќе од сето тоа. За отприлика иста цена.
Иако не е баш споредливо, целата мисија Мангалјан чини $80 M.:D
 
S

Sagan

Гостин
Soyuz TMA-13M ќе биде лансиран од Бајконур на 28 мај во 21.58 часот по наше време.
Во него ќе бидат рускиот космонаут Максим Сураев, амерот Грегори Вајсман и германецот Александер Герст од Европската вселенска агенција. Бродот треба да се спои со ISS а лансирањето ќе биде пренесувано во живо. http://blogs.esa.int/alexander-gerst/de/2014/05/15/deutsch-alex-start-zur-iss-seid-live-dabei-in-koln-frankfurt-und-im-netz/
http://www.energia.ru/ru/iss/iss40/photo_05-21.html
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
абе да ве прашам нешто
како збори овој стивен хокинс ? како функционира...као да збори преку компјутер знае некој да ми каже ?
 
D

Daedalus

Гостин
Откриена е планета со потенцијал за населување на истата која воедно е 16 светлосни години оддалечена од нашата планета. На „Супер - Земја“ планетата, GJ 832 c, и' требаат 16 дена за да Ја помине орбитата околу црвено џуџе ѕвездата GJ 832 и има маса која е пет пати поголема од таа на планетата Земја. Прима околу иста количина ѕвездена енергија како и планетата Земја, а исто така на истата може да има слични температури како на нашата планета. Овие карактеристики ја прават една од трите најблиски по особина планети до земјата.



Тим на австралиски истражувачи го објавиле нивното откритие за планетата при издавањето на Астрофизичкиот Журнал.

Членот на истражувачката група, а воедно и водачот на истражувачката група, професор Крист Тини, тврди дека планетата има слична атмосфера како и планетата Земја, постојат некои можности за животот да опстои на истата, иако сезонските промени се екстремни.

„Земајќи ја големата маса на планетата, изгледа можно дека истата би поседувала масивна атмосфера, што може да ја направи непогодна за населување. Интензивната атмосфера може да ја зароби топлината и да ја направи планетата премногу топла за живеење,“ тврди професор Тини.

Извор: тука
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
http://www.sciencedaily.com/releases/2014/07/140710131024.htm

Откриена староста на дваесет и две нови ѕвезди слични на сонцето со помош на гирохронологија.
Староста на ѕвездите се детерминира со помош на периодата на стеларна ротација која е функција од староста и масата на ѕвездата. P=(t, m).

Спинот се одредува така што се набљудуваат дамки предизвикани од интензивни магнетни настани, мерејќи го времето потребно
дамката да "заврти цел круг".

Овие податоци ќе бидат од корист бидејќи веќе постоеше детерминирана вредност за возраста на измерените ѕвезди и тие
ќе бидат вметнати во пресметките за калибрација на самата технологија.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
http://www.sciencedaily.com/releases/2014/07/140710183614.htm

Откриени седум нови џуџести галаксии со помош на нов телескоп наречен Dragonfly Telephoto Array.
Интересно е што телескопот изграден од астрономи од универзитетот Јејл е "home made", односно е направен
спојувајќи телефото леќи.

Самото откритие на галаксиите и нивното понатамошно истражување ќе открие дали овие
седум џуџести галаксии орбитираат околу галаксијата Ветерница или само случајно се најдоа во нејзина близина на сликата
и воедно ќе одговори на прашања поврзани со формирање на галаксии.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
http://www.sciencedaily.com/releases/2014/07/140708121732.htm

Откриени нивоа количества на јонизирачки фотони во универзумот кои се несразмерно поголеми од бројот кој предвидено треба да го произведат нивните respective извори.
Светлината за која станува збор се емитува од квазари и млади ѕвезди и ги јонизира неутралните атоми на интергалактички водород.
Фотоните кои се емитувани од ѕвездите апсорбираат од гасот во нивната галаксија па така никогаш не стигнуваат вон неа,
што ги остава квазарите како единствени производители на ваков вид светлина.

Интересно е што оваа несразмерност се случува само на локално ниво, односно калкулациите функционираат сосема океј
кога станува збор за галаксии кои се премногу оддалечени од нас.
Засега не постои детално, издржано објаснување за причинителот на овој феномен и некои астрономи дури ја спомнуваат темната материја,
односно нејзиното распаѓање како производител на оваа светлина.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.393
Поени од реакции
5.019
Откриена е планета со потенцијал за населување на истата која воедно е 16 светлосни години оддалечена од нашата планета. На „Супер - Земја“ планетата, GJ 832 c, и' требаат 16 дена за да Ја помине орбитата околу црвено џуџе ѕвездата GJ 832 и има маса која е пет пати поголема од таа на планетата Земја.

Извор: тука
Интересно е што планети со двојно поголем радиус од Земјиниот, неколку пати поголема маса и површина имаат 1.2, 1.3 и сл. пати поголема гравитација од таа на Земјата, што ги прави населиви, доколку дозволуваат останатите услови.
 
D

Daedalus

Гостин
Интересно е што планети со двојно поголем радиус од Земјиниот, неколку пати поголема маса и површина имаат 1.2, 1.3 и сл. пати поголема гравитација од таа на Земјата, што ги прави населиви, доколку дозволуваат останатите услови.
Гравитацијата може да биде мал проблем. Не сме еволуирани за таква гравитација, така што проблеми со кичмата и мини фрактури не ти бегаат послем 10 години живот таму.
Једино ако не направиме изолирани живеалишта со модифицирана гравитација.

Друг проблем може да биде температурата, која исто треба да биде регулирана во изолираните живеалишта, под услов да имаме вода и воздух соодветни за наши потреби.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Гравитацијата може да биде мал проблем. Не сме еволуирани за таква гравитација, така што проблеми со кичмата и мини фрактури не ти бегаат послем 10 години живот таму.
Једино ако не направиме изолирани живеалишта со модифицирана гравитација.
и салам човек, домаќин, да ја регулира гравитацијата, да не одлетаме во васељената додека пиеме пиво.
 
D

Daedalus

Гостин
и салам човек, домаќин, да ја регулира гравитацијата, да не одлетаме во васељената додека пиеме пиво.
Једин начин да преживееш е да почнеш да веруваш во Центрифугал и Центрипетал. Божјата сила наречена гравитација, ќе биде нивна одговорност, веќе постои Ред кој учи за нив, ќе добиеш попуст од 18% ако се пријавиш у наредниве 5 дена.

ТУКА
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
и салам човек, домаќин, да ја регулира гравитацијата, да не одлетаме во васељената додека пиеме пиво.
Бате Митре тоа се подразбира. Ние ќе ја смениме гравитацијата така што ќе копаме и ќе ја смалиме планетата а сите знаат дека копање е поштена, даун ту 'рт работа.
 
D

Daedalus

Гостин
Бате Митре тоа се подразбира. Ние ќе ја смениме гравитацијата така што ќе копаме и ќе ја смалиме планетата а сите знаат дека копање е поштена, даун ту 'рт работа.
Или ќе го постигнеме истиот ефект со помош на Центрипетал богот и оној на праволиниското движење, а ќе ги лажеме другите дека тоа е изворната и чиста моќ на богот Гравитон. Земи ги во предвид бенефициите кои ќе ги имаме. Повише пари ќе идат у нашата религија = повише пари за курви.
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Дискусијаваа :eek::facepalm::tapp:
Какви центрипетали богови гравитони бе?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Бате Митре тоа се подразбира. Ние ќе ја смениме гравитацијата така што ќе копаме и ќе ја смалиме планетата а сите знаат дека копање е поштена, даун ту 'рт работа.
Кај ќе копаме бе, овој вика тешко било, има да се згрбавиме сите, масовно цело село.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom