Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.790
Поени од реакции
17.723
не е тоа проблем манчестер да искешира али никој не го сака назад...и со сеа една сезона изиграл и викаш дека вреди повеќе од цела наша средина ...па знаеш тој уште колку треба да игра за да вреди толку ... и озбилно мислам дека погба ке остане во јуве...
2 Сезони, 1 златна топка за најдобар млад игач, и прогласен за најдобар играч на светското првенство :). Во потенцијал и она прикажано досега мислам дека да вреди али ок и ти си до некаде во право.
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
Јувенташиве последните 5 дена имаат повеќе мислења испишано во нашиот фан клуб.. отколку за 1 месец во нивниот :ROFLMAO:

(да не ме разберете грешка, немам ништо против Јувентус..ни па против Видал во Јунајтед :icon_lol:)
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.858
Поени од реакции
10.230
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
И ја вака се смеев кога пишуваа дека дотичниот од твојот аватар ќе оди кај вас......
И ние си мислиме дека Кедира е готова работа, ама шо вика Ilumious дур не пише BBC се е то боза
Не знам дали ми ја разбра поентата со тој пост, мислев на тоа дека секој ден се различно се пишува и дека овие Дејли се повеќе Феил отколку Дејли Меил. Истиот тој весник, пред 1 месец објавија дека Ерера се одлучил за да остане во Билбао, а после 15 дена, Ерера потпишува за Јунајтед. А тоа со BBC се согласувам, досега немат ништо утнато.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.766
Поени од реакции
9.552
Погба вреди поќе него цела ваша средина моментално и тоа што неостанал кај вас не е ничија кривица него ваша и сам си ојде му истече договорот немаше обврска кон вас како што ти не би имал кога би ти истекол од one/vip/t-mobile/ и имаш право на нов оператор, и да вреди 50 на денешниот т. пазар + има 20 год, 80 комотно ќе оди пошто повеќе тима го бркат и РМ, Барса,Сити, Челзи и ПСЖ да не спомнувам понудата на ПСЖ која беше кеш + Кавани кога имаш такви клубови во игра цената рипа, а ако Видал е клаен за продавање има да рипни и те како цената и со 30 милиони нема да го земите

. Ние си ги преценваме? Нани цела сезона не изигра и имаше ОК светскои вие го цените 20-30 милиони? Епа ко така продајте го бе за кеш оти на Интер му баравте само 12 мил-15мил? НЕ е работата за Италијанската и капацитетот чоекот е докажан и на интернационално и во ЛШ па кој средишен играч имаше 6 гола оваа сезона и 3 асистенци во ЛШ? Клеверли? Неможи екстра играч да купите за 30 милиони, ако можеше веќе ќе играше кај вас разберете.

Кога некој нешто продава и тоа нешто е посакувано од повеќе мора да платиш колку што ти барат, без разлика која е сумата, ако не платиш ти ќе дојди друг и тоа е тоа. А ако тоа нешто не е на продажба како што не е сега некој ќе си лупни ецна и ако ја платиш тогаш ќе го добиеш нештото. тоа е тоа.
За Погба не сакам да дискутирам за тоа ради што не останал во Јунајтед. Доколку се прашувам јас и за 5м да ни го давате сега не го сакам во клубот зошто покажа колкава лојалност има за клубот кој го створи. 300 проблеми ни отвори неговиот трансфер и можевме да добиеме бан на трансфер пазарот од неколку трансфер периоди, клубот му обезбеди мега услови за 15 годишен тинејџер со стан и работа за негови родители и немаше трпение од само неколку месеци и притоа му се правеше паметен на САФ, човек кој го доведе да се развива во место каде го унапреди својот талент. И ај тоа, цело време не прекина да го вади од уста Јунајтед...За договорот одлучи САФ да не нуди толкава сума која ја бараше неговиот агент како плата, што во тој период би земал скоро колку Чича, Рафа, Фабио..Никој не го оспорува како талент и како квалитет реално, но има уште фурни леб да јади за да вреди 80м како што кажвите. Крос со искуство и со ЛШ, СП и ред други трофеи зад него Реал го лапназа 25м. Модрич кој е доктор за Погба го зеде за 40, Цеск и покрај што сите го сметаа дека е катастрофа во Барса во статистика има најмногу асистенции изминативе 2 сезони таму па Челзи го зеде за 30м, Алкантара - ученик на школата на Барса под менторство на Чави и Иниеста, кој играше и добри мечеви и за Барса и на доста натпревари одлично го менуваше некој од претходно споменатиот двоец замина во Баерн за 25м, еден Погба кој игра во Серија А која досега била на најниско ниво во нејзината на историја каде на Јувентус му е конкурент 2 години по ред Наполи, и во толку слаба конкуренција каде друг клуб не гледам кој може нешто да направи посериозно од аспект на финансии и слично, исто и во лига каде Жервињо е Меси за тамошен стандард, а во ПЛ се влечеше по земја. Е тој Погба да ти вредел 80м, во трансфер период кога играчишта како Крос, Модрич, Цеск, Алкантара се даваат под 40. Остави го настрана Ерера, Иљарменди...Тоа ти го објаснаа претходно дека се клубови со кои не се преговара туку се откупува клаузула. Погба баш, гледајќи го на СП, поготово против Германија колку се залагаше, а и освен голот против Нигерија не покажа нешто што ќе ги воодушеви сите за да ги затне муцките со тоа што беше прогласен за најдобар млад играч. Реално Депај со 5 пати помала минутажа од него имаше поголем придонес од него. Колку тие награди на ФИФА/УЕФА се релевантни говори наградата на Меси на истово СП...затоа ги земам со голема резерва. Но пак ќе напоменам, не сакам да мислиш дека јас тврдам дека Погба е слаб, јас викам дека Погба одличен играч кој има талент и огромен потенцијал, но тоа што во моментов се со тимчињата кои не ви се ни на рамниште на Јувентус не го прави играчиште зошто гледам што се случи во изминативе 2 сезони во ЛШ со тој Погба. Против Галатасарај кога отпаднавте кога игравте на кал тој за 90минути една флека немаше на дресот и си се понашаше прележерно. Против Реал освен Видал јас не го видов Погба да игра нешто во вашата средина. Е тие се тие натпревари кога некој би добил епитет на играчиште и кога ќе се дрзните да речете за него 80м се малку. Суарез кој покрај неговиот карактер, газеше во ПЛ во моментов се шпекулира дека за околу 80 заминал во Барса, Бејл исто. Роналдо претходно исто...Тие се играчишта во споредба со Погба, а тоа дека имало во него 10 години фудбал не е голем фактор.

Друга работа. Ако Видал сам побара трансфер, или пак Јуве го стави за продавање автоматски со тоа од старт му паѓа и цената, макар во конкуренција да бидат и ПСЖ и Сити и Реал и Барса и кој не. И во тој случај би зеле добра сума...ама знам дека Јуве нема да се дрзне да го направи токму тоа туку доколку се одлучи да го продаде Видал. Јуве во тој случај би играл на карта дека не го дава, а со тоа ќе ја крева цената уште повеќе...Нешто што го правевме ние со Роналдо, вие со Зидан во минатото. Искрено ќе кажи времето за Видал. Исто порачувам и до фановите на Јунајтед да на правиме 300 филмови пред да да се случи за да не јадиме сеир како за Крос/Алкантара зошто не знам искрено колку се релевантни информацииве кои доаѓаат од Англија.

И друга работа околку Нани...Кај си прочитал барем летово дека некој од нас го вреднува Нани на 20-30м? Ние би биле среќни и за 15 доколку го дадеме...И сумата за Видал што се споменува се 30м фунти, нешто околу 40м евра, а доколку дојде до трансфер верувам дека таа сума ќе биде околу 50м ЕВРА плус/минус што е солидна сума според мене.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Врв беше за трансферот на Џонс кога кажаа дека е откажан а дечкото пројде лекарски прегледи.[DOUBLEPOST=1405417465][/DOUBLEPOST]@ziak92 зашо бе да не си правиме филмови и така без тренер ќе бидеме следната сезона мора индивидуално да видиме шо како

Де Геа (Линдегард за пенали ко у ракомет ќе влага)
Рафаел - Јагиелка - Хумелс - Шо
Фелаини - Видал
Јанузај - МекКарти - Мата
РвП
 
Последно уредено:
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.858
Поени од реакции
10.230
Не знам дали ми ја разбра поентата со тој пост, мислев на тоа дека секој ден се различно се пишува и дека овие Дејли се повеќе Феил отколку Дејли Меил. Истиот тој весник, пред 1 месец објавија дека Ерера се одлучил за да остане во Билбао, а после 15 дена, Ерера потпишува за Јунајтед. А тоа со BBC се согласувам, досега немат ништо утнато.
Незнаев за Ерера, ама овие што и да пишат не е меродавно, него зборот ми е дека ако пренесат позитивна вест во случајов за Видал одма се сфаќа сериозно :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.783
Поени од реакции
44.021
He was quoted as saying on www.chilevision.cl: "I'm not thinking of where I'm going to go, I want to take advantage of my holidays with the people I love. Right now I'm thinking of other things. Afterwards, when I arrive in Italy, I'll see.

"I'm already at a great team, Juventus, so I will be just as calm if the Manchester United option falls through."

http://www.chilevision.cl/la_roja/noticias/estadio-municipal-de-san-joaquin-llevara-el-nombre-de-arturo-vidal/2014-07-14/174927.html

Овој како да сака тука бе. А запнаа некои сеа, на нас не ни се давало 34м фунти. Или глуми нешто Вуди или веќе префрлени им се на Јувентус! :D
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Погба вреди поќе него цела ваша средина моментално и тоа што неостанал кај вас не е ничија кривица него ваша и сам си ојде му истече договорот немаше обврска кон вас како што ти не би имал кога би ти истекол од one/vip/t-mobile/ и имаш право на нов оператор, и да вреди 50 на денешниот т. пазар + има 20 год, 80 комотно ќе оди пошто повеќе тима го бркат и РМ, Барса,Сити, Челзи и ПСЖ да не спомнувам понудата на ПСЖ која беше кеш + Кавани кога имаш такви клубови во игра цената рипа, а ако Видал е клаен за продавање има да рипни и те како цената и со 30 милиони нема да го земите.
А од кога критеритум за цени на трансфер пазарот е средината на Јунајтед? :D
Па ние и никој да немаме во средина Погба 40м не вреди, не 80. Дечкото има потенцијал за да настани екстра играч, али сега дека вреди толку мало морген.
Ајде во Јунајтед нема да ја дискутирам неговата игра. Последно на светсково што направи за Франција? За разлика еве од Видал што беше баш лидер на Чиле.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.587
Поени од реакции
8.224
"The World Cup has been heavy going for me. I gave everything I had in every single game. That was it - I had nothing left. We worked really hard at the finals, and we are like lemons that have been squeezed dry."

- Robin van Persie
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.790
Поени од реакции
17.723
Друга работа. Ако Видал сам побара трансфер, или пак Јуве го стави за продавање автоматски со тоа од старт му паѓа и цената, макар во конкуренција да бидат и ПСЖ и Сити и Реал и Барса и кој не. И во тој случај би зеле добра сума...ама знам дека Јуве нема да се дрзне да го направи токму тоа туку доколку се одлучи да го продаде Видал. Јуве во тој случај би играл на карта дека не го дава, а со тоа ќе ја крева цената уште повеќе...Нешто што го правевме ние со Роналдо, вие со Зидан во минатото. Искрено ќе кажи времето за Видал. Исто порачувам и до фановите на Јунајтед да на правиме 300 филмови пред да да се случи за да не јадиме сеир како за Крос/Алкантара зошто не знам искрено колку се релевантни информацииве кои доаѓаат од Англија.

И друга работа околку Нани...Кај си прочитал барем летово дека некој од нас го вреднува Нани на 20-30м? Ние би биле среќни и за 15 доколку го дадеме...И сумата за Видал што се споменува се 30м фунти, нешто околу 40м евра, а доколку дојде до трансфер верувам дека таа сума ќе биде околу 50м ЕВРА плус/минус што е солидна сума според мене.

Неќам да зборам за Погба и пак ќе релам не сум дојден за да тролам или да прам нереди напротив ве почитува сите како анвиачи на Манчестер и остало само ги давам моите 5 центи за трансферов за Видал оти искрено во Англија вервај медиумите не ви ги пренесват целосно гласините како во Италија и Ди Марцио. За Нани разни членови и тука и на странски форуми сум ги прочитал. Тоа е тоа за тоа со Видал се согласвам да беше на продажба не вервам и да падни цената толку пошто има клубови како Реал/Сити/ПСЖ/ кои ќе го сакат и автоматски се дига цената Ч)

А од кога критеритум за цени на трансфер пазарот е средината на Јунајтед? :D
Па ние и никој да немаме во средина Погба 40м не вреди, не 80. Дечкото има потенцијал за да настани екстра играч, али сега дека вреди толку мало морген.
Ајде во Јунајтед нема да ја дискутирам неговата игра. Последно на светсково што направи за Франција? За разлика еве од Видал што беше баш лидер на Чиле.
Кажав што имам за погба погоре, како и да е ќе видиме како ќе се одвива се.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.766
Поени од реакции
9.552
Неќам да зборам за Погба и пак ќе релам не сум дојден за да тролам или да прам нереди напротив ве почитува сите како анвиачи на Манчестер и остало само ги давам моите 5 центи за трансферов за Видал оти искрено во Англија вервај медиумите не ви ги пренесват целосно гласините како во Италија и Ди Марцио. За Нани разни членови и тука и на странски форуми сум ги прочитал. Тоа е тоа за тоа со Видал се согласвам да беше на продажба не вервам и да падни цената толку пошто има клубови како Реал/Сити/ПСЖ/ кои ќе го сакат и автоматски се дига цената Ч)


Кажав што имам за погба погоре, како и да е ќе видиме како ќе се одвива се.
Настрана тоа, никој не вика дека тролаш другар, за отворена и фер дискусија без навреди сме сите овде и океј е секој да си каже свој став. Изминативе трансфер периоди некои извори се покажувале точни, некаде и грешеле и затоа и јас чекам нешто поконкретно за да бидам сигурен дали има основа да се надеваме дека ќе падни договор или не. Факт е дека има интерес од наша страна, но што понатака не се знае барем според мене...Годинава кај нас Ед работи многу тивко и во текот на денот на трансферот се знаат деталите за разлика од зимскиот преоден рок кога летаа информации многу лесно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom