Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.325
- Поени од реакции
- 6.004
Моџи има изјавено дека не постои играч кој не е на продажба. Сите се на продажба, само прашање е цената.
Таков е фудбалот денеска, може се да се очекува.
Битната работа е во тоа што, дали ако Јунајтед дадат таква понуда која не може да се одбие, парите ќе ги реинвестираат паметно и ќе направат уште посилен Јувентус. Не е далеку времето кога Интер го продадоа Ибрахимович (нивниот најдобар играч), а следната сезона Интер освои се што може да се освои. Истото е и со Зидан кога го продадоа во Реал Мадрид. Но има случаи кога некој клуб ќе направи big money трансфер, и парите ќе послужат за пополнување на финансиски губитоци. Се надевам дека Ањели и Марота се доволно паметни и знаат што прават.
Друга работа. Ниту 15 годишен играч не се продава/купува во Јуве, без амин од Антонио Конте. Така да, ако Видал замини, тогаш сигурно заминува со благослов од мистерот.
Наредниве денови ќе се реши за Итурбе, ќе се види дали имаат основа шпекулациите за Видал, Мората иди на медицински прегледи, итн. Медиумите си пишуваат што ќе посакаат, нивна цел им е да продаваат поголем тираж, повеќе кликови. Сега за сега, нема ништо конкретно. Изјавата на Видал, е двосмислена, секој може да си ја толкува како сака. И за Реал Мадрид имаше изјава дека сака еднаш да го облечи нивниот дрес, па ништо не бидна, така да ќе видиме следниве денови што ќе се случува.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)