вечерва пред 51 година, цело Скопје во мрак, сите спиева на отворено.(нешто од таа тема за тој настан)
--------
Марко од Пајко Маало
Пајко Маало беше распослано од Камениот Мост па се до Серава на левата страна на Вардар.
Од земјотресот многу настрада,повеќето куќи беа обележани со црвена боја.Пајко Маало улицата Стиф Наумов го дели на два дела.На куќата со број 16 исто така има црвена боја,што значи и смртна одлука и дека мора да се руши.
...Во таа куќа живееше стариот Марко Николовски. Во маалото тишина,нема народ,сите се во шаторските населби а децата се евакуирани низ Југославија.Но на Марко не му се напушта куќата,секојдневно цело лето е седнат на прагот пред неа.
Неговите деца се веќе во монтажните куќи во новите населби. Тие и го зеле едно време кај нив да седи, но Марко сакал назад во својата куќа во Пајко Маало.Почнал и штрајк со глад таму кај нив. Така „ги победил“да после тоа морале да го вратат назад во веќе паднатата куќа.Таму во дворот под скалите Марко си направил живеалиште. Повторно секојдневно седел на прагот на куќата во своето сакано Пајко Маало. Еден ден ја добил веста дека куќата мора да се целосно брзо руши.
По некој ден го нашле мртов на прагот од својата куќа со цигара во устата.
-----------------------------------
(лошо го напишав можеби ова ,со грешки во времето-граматиката,од сеќавање што сум читал)
Одамна го нема Пајко Маало. Еврејско Маало,Ново Маало и други.
Ако некогаш сакате да видите како тоа изгледаа тие скопски стари маала,се уште може да се осети таа нивна „душа“ во Маџир маало, поминете-прошетајте по тие тесни улички позади Народната банка па до Вардар, ѕирнете во дворовите некој се не променети,како и смоквите кој почнаа и да зреат,истите оние од пред 1963 год.
--- Споено дупло мислење, пред 3 минути ---
рушењето на зградата на ЦК на СКМ,(под Калето,Еврејско Маало,лево од стоковна куќа Мост)
За оваа зграда имам доста пишувано, а за ова рушењево сум сведител бидеиќи зградата беше,поточно нашата куќа беше во дворот на таа зграда. Позади е Калето без ѕидини кој беа паднати,па тука народот си направи патеки за угоре,посебно за празникот Прочка тие патчиња беа полни со народ,како некоја партизанска колона,цел ден,нагоре -надоле.
Можеби и некој од вас го памети тоа. Имав можност и ми е криво што не го зачував српот и чеканот од кровот.