СП 2014 - ФИНАЛЕ | Германија - Аргентина | 13.07.2014 (21:00) Маракана -Рио де Жанеиро

  • Креатор на темата Rigel Kent
  • Време на започнување

Кој ќе победи во финалето ?


  • Вкупно гласачи
    183
  • Гласањето е завршено на .
P

pepito*

Гостин
Ако Меси вечерва постигни 3 гола и 1 асистенција, а Аргентина не освои повторно нема да биде со епитет најдобар играч на сите времиња, додека ако си трчка цела утакмица и Аргентина победи со 1-0 ќе биде величан до немајкаде. Најглупиот муабет ми е тоа дека мора да освои СП за да биде рамо до рамо со Пеле и Марадона. Најсилното натпреварување за мене е ЛШ, а тука веројатно Лео е најдобриот играч на сите времиња, има многу посилна конкуренција и повеќе натпревари.

Германија го игра фудбалот на Пеп цело првенство, чудно е тоа како наеднаш на сите почна да му се допаѓа таквата игра после утакмицата со Бразил кој што беше ренде на секој дел од теренот и си влезе во машина во таква тактички спремна репрезентација. Да не беше Аргентина во финале дефинитивно и јас ќе бев за Германија. Одеднаш сите го сакаат фудбалот со посед и со повеќе проигрувања, ги заборавија причините поради кои го сакаат нивниот клуб. (ова за сите освен за од Баерн навивачите). Толку бе го мразите Меси? Да беше Холандија сигурен сум дека немаше да биде вака, а исто играа.

А, уствари и не е толку килава играта на Аргентина како што сакате да прикажите, тоа можи да се види по статистиките од сите утакмици досега, на сите беше доминантна во шутеви на гол, додавања, успешни стартови, посед... Единствено Нигерија проба повеќе да напаѓа со Аргентина и затоа прими 3 гола.

Очекувам многу добра утакмица, можеби нема да има многу голови, но знам дека ќе биди утакмица со голем интензитет и нема да можи да се трепни 90 или 120 минути. Се надевам дека ќе им вратат Аргентинците за поразите во 2010 и во 2006. Во 2006 бев особено разочаран, затоа што тогаш Аргентина го играше најдобриот фудбал на првенството, а домаќините ги исфрлија на пенали.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Уште еднаш од мене:

Светсково од потенцијално најдоброто и највозбудливо во историјата, може да стане најглупото со само еден момент, ако го освои најшупачката репрезентација на сите времиња - Аргентина.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.403
Поени од реакции
5.078
Сеа се поставува прашање дали стварно Германците беа толку јаки или па Бразил беа толкава хаварија шо и нашите на тој меч да играа ќе извадеа победа.Заради тоа нема да кажам дека вечер ќе им биде толку лесно на Германија,ама пак мислам дека некако ќе дојдат до трофејот.Изгубија финале во 2002,немаш шанси и сега.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
ZARADI MESSI BE HEHE NE LI SVAKAS?

Од коа сум почнал да глеам фудбал 98’, не можам да ги поднесам. Најодвратна репрезентација, посамобендисани од Шпанците + Швабите + Бразилците заедно. Никад не пленеле со играта (ко Бразил), не биле доминантни (ко Шпанија), ниту дисциплинирани (Германија), а увек се величат ко да се нешто невидено.

Можда играле на времето со Марадона таков фудбал, ама откако ја пратам никад не биле такви. Плус сиот тој култ D10S, миос, кој бил за наркоманот, а се повторува и сеа за Меси ми е одвратен. На тоа додај ги и фановите, од кои 2/3 се ко Филе.

Нормално, капак на се е тоа што и Меси е Аргентинец, полошо не можел да одбере. :icon_lol: Имало многу играчи кои сум ги сакал, а кои биле Аргентинци, еве и сеа ќе ми биде мило за Ангеле, Гарај и Игуан ако освојат, ама џабе, одбивни се ко репрезентација до максимум.

Its okay now? :D
ДА бе да мило ти е за играчи на Реал, а Меси бидејќи е D10S не ти е мило..
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
vecer nekade pred polnokj nekoi ke placat.

a toa ne se argentincite.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Ако Меси вечерва постигни 3 гола и 1 асистенција, а Аргентина не освои повторно нема да биде со епитет најдобар играч на сите времиња, додека ако си трчка цела утакмица и Аргентина победи со 1-0 ќе биде величан до немајкаде. Најглупиот муабет ми е тоа дека мора да освои СП за да биде рамо до рамо со Пеле и Марадона. Најсилното натпреварување за мене е ЛШ, а тука веројатно Лео е најдобриот играч на сите времиња, има многу посилна конкуренција и повеќе натпревари.

Германија го игра фудбалот на Пеп цело првенство, чудно е тоа како наеднаш на сите почна да му се допаѓа таквата игра после утакмицата со Бразил кој што беше ренде на секој дел од теренот и си влезе во машина во таква тактички спремна репрезентација. Да не беше Аргентина во финале дефинитивно и јас ќе бев за Германија. Одеднаш сите го сакаат фудбалот со посед и со повеќе проигрувања, ги заборавија причините поради кои го сакаат нивниот клуб. (ова за сите освен за од Баерн навивачите). Толку бе го мразите Меси? Да беше Холандија сигурен сум дека немаше да биде вака, а исто играа.

А, уствари и не е толку килава играта на Аргентина како што сакате да прикажите, тоа можи да се види по статистиките од сите утакмици досега, на сите беше доминантна во шутеви на гол, додавања, успешни стартови, посед... Единствено Нигерија проба повеќе да напаѓа со Аргентина и затоа прими 3 гола.

Очекувам многу добра утакмица, можеби нема да има многу голови, но знам дека ќе биди утакмица со голем интензитет и нема да можи да се трепни 90 или 120 минути. Се надевам дека ќе им вратат Аргентинците за поразите во 2010 и во 2006. Во 2006 бев особено разочаран, затоа што тогаш Аргентина го играше најдобриот фудбал на првенството, а домаќините ги исфрлија на пенали.
Koлку само лоша и пристрасна анализа.
Баш откога прекинаа да го играат срањето наречено тики-така со лажен напаѓач и Лам во средина почнаа да мелат све пред себе.
Германците се таква нација и менталитет што ужива и перфектно се вклопува во тој тркачки стил на игра со висок пресинг и без вештачки наметнатите екстра пасови кои ги кочеја на почетокот.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
ДА бе да мило ти е за играчи на Реал, а Меси бидејќи е D10S не ти е мило..
Лол, па шо е чудно? Тие играчи ми се едни од омилените и секако дека ми е мило ако освојат. Меси, за разлика од нив, не ми е омилен, шо не е тешко да се увиди.
 
P

pepito*

Гостин
Koлку само лоша и пристрасна анализа.
Баш откога прекинаа да го играат срањето наречено тики-така со лажен напаѓач и Лам во средина почнаа да мелат све пред себе.
Германците се таква нација и менталитет што ужива и перфектно се вклопува во тој тркачки стил на игра со висок пресинг и без вештачки наметнатите екстра пасови кои ги кочеја на почетокот.
Така тоа си оди, еднаш играш вака, еднаш играш така. Го преместија Лам на десен бек и ставија напаѓач и се од корен се смени. Многу глупо ова стварно.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Германија покажа дека може да се носи со притисокот,го видовме тоа против домаќинот Бразил.Не покажаа страв и не играа дефанзивно.
Гаучосите покажаа неодлучност против факинг изгубената одбраната на Швајцарија и лошата Белгија.Одвај се протнаа до финалево
Лоша Белгија? Изгубена одбрана на Швајцарија? Што мислиш 2 утакмици по ред ќе губат со 6 разлика(ко од Франција)? Не се Северна Кореја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom