СП 2014 - ФИНАЛЕ | Германија - Аргентина | 13.07.2014 (21:00) Маракана -Рио де Жанеиро

  • Креатор на темата Rigel Kent
  • Време на започнување

Кој ќе победи во финалето ?


  • Вкупно гласачи
    183
  • Гласањето е завршено на .

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
Brazil 3rd WC title in 1970, 4th in 1994 after 24 years
Italy 3rd WC title in 1982, 4th in 2006 after 24 years
Germany 3rd WC title in 1990, 4th in 2014 after 24 years?
Па ако го гледаш редоследот на настаните ништо чудно.А и гледано во каква форма се само доколку се случи тешка трагедија ви тимот, Германија може да изгуби вечерва.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Ау ма немој . :facepalm:

Меси се влечкал на терен а да не беше тој Аргентина немаше ни групи да помине , fuck logic .
Меси игра цели натпревари и само на еден натпревар беше поштеден 20 мин пред завршување на мечот . Меси ги дава клучните голови и асистенции а тоа не било доволно , пфф без коментар.


Германија заслужи со тоа го торпедира Бразил , а тоа што се мачеше со Франција и Алжир не е битно , а изигра и нерешено со Гана , ама кратка меморија имаш .:vozbud:
Ало бре, сака да биде најдобар на сите времиња??? ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИ??? Нормално дека он треба да ги води, нема ваљда Демикелис да им биде најдобар играч.

Како прво, никаде не реков дека Германија ако победи ќе биде заслужено. Многу работи зависат од финалито, барем за мене.

Ако Аргентина изигра еден натпревар како што досега нема изиграно на светсково, да го издоминира противниккот, јас ќе им симнам капа. Во друг случај, а под тоа подразбирам бункер и рвање до пенали и победа таму, апсолутно ќе биде незаслужено.

Истото важи и за Меси, ако им збрца гол два и биде главниот виновник за евентуалната титула, и на него ќе му симнам капа, иако не се виде во нокаут фаза, сепак големите се гледаат на вакви натпревари. Некако се провлекоа во финале, ЕВЕ МУ ШАНСА ДА ДОКАЖЕ, толку.

Се слагам дека Германија не покажа ништо посебно, ама сепак успеаа да го декласираат домаќинот на начин што досега не е виден веројатно во поновава историја, едноставно неможе а да не им дадеш повеќе кредит од аргентинците.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ау недокажлив. Значи тој што ќе постигне гол во финалето тој е најдобар . Марадона не постигна гол во финалето во 1986 година па пак го креваа на рамена соиграчите .
Значи таа логика кој ќе постигне гол во финале тој е најзаслужен за титула упорно си ја тераш. Ок , се надевам Демикелис ќе постигне гол и да го прогласиш за МВП.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Марадона не се влечкаше во нокаут фаза.
Марадона им даваше голови на Италија, Белгија, Англија, не на Иран, Босна и Зимбабве.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И јас сум од тие што го бранат џуџето ама факт е дека против Холандија исчезна накај 70 минута. Не мора да постигне гол денес ама не и да не се спои со топка.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Големо финале ќе биде,нема сомнеж во тоа...

Самиот факт дека се работи за финале на светско првенство ја прави утакмицата вечер доста неизвесна без разлика на перформансот на Германците до сега....Германците мора да бидат свесни дека убиството што го извршија врз Бразил нема да има толкаво значење ако не освојат вечер..

Од друга страна Аргентина има свои предности кои може да бидат голем проблем за Германија...Одбраната е стамена,барем до сега,за нападот не треба да се збори..Средината на теренот им е слаба во однос на креативноста,ама ако се врати Ди Мариа или ако Перез игра како против Холандија ондак и тука ќе се добро покриени...

Како и да е,очекувам епско финале,и сликата на Филип Лам како го крева пехарот на крај како круна на една маестрална фудбалска кариера.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Тој импакт што го има Меси во Аргентина , го имаше Нејмар кај Бразил , како и Робен кај Холандија.
Кај Германија нема таков фудбалер кој се издвојува над другите , но затоа тие се силни како колектив.
Аргентина има одлични фудбалери во својот состав но нема плеј тоа ја кочи играта.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Не е дека изигра лош турнир, напротив, сигурно ќе биде и во тимот на првенството.

Ама, едноставно, премалку е тоа што го покажа( и он и тимот) од аспект на тоа што се очекува ако освојат Арг да го прогласат за најдобар во историјата.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Jaс нешто сакам да кажам .. Сакам Аргентина да освои од една причина - Меси да се закити со најпрестижниот трофеј и да умрат сите озборувања и да стане Нумеро Уно играч на сите времиња бидејќи дечкото и те како заслужи .. Јас мислам дека ова му е прва и последна шанса за него бидејќи не верувам наредните 2 -3 првенства Аргентина да игра во финале, додека верувам дека Германија и на наредните 2-3 првенства минимум 1 ќе игра во финале .. Реално и поштено си кажувам искинаа Германците, али многу сакам поради Меси да земе Аргентина :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.679
Поени од реакции
14.560




Pack ma's бре!!!

После одличната сезона со 5 трофеи лани, време е Лам да го запише своето име рамо до рамо со Бекенбауер и да го дигне златниот трофеј.
За другите има време - Лам, Швајни и Клосе ЗАСЛУЖИЈА оваква титула.

 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Големото финале, врвот на едно интересно и возбудливо првенство. Навивам и сакам да победи Германија, но не би давал никакви прогнози, фудбал е, топка е, секако може да се сврти.

Но зошто сметам дека Германија треба да го освои пренството. Прво, Аргентина иако некои викаат треба да освои ради Меси, за да се потврди дека тој е најдобар, јас викам Меси е уште млад, ќе има и наредно првенство за да се покаже, од друга страна сметам дека ќе биде голем грев, со прикажанта игра, легендарни германски репрезентативци меѓу кои некои и преку 10 години се во репрезентација и играле на три првенства како Клосе, Подолски, Мертесакер, Швајнштајгер да не се закитат конечно со светскиот трофеј. Тоа го заслужуваат и сите млади надежни германски ѕвезди кои во комбинација со спомнатите ветерани направија еден речиси перфектен тим, како Милер, Крос, Ноер, Озил, Геце и другите.

Ќе бидам максимално за Германците и ептен ќе ми биде криво ако не го освојат трофејот.
Џабе е млад, кога со ваква игра Аргентина на наредно и понаредно првенство ништо нема да направи, додека верувам дека и наредно првенство германците ќе играат во финале .. Така да ова е ЕДИНСТВЕНА шанса за Меси ... Крај краева нека победи подобриот или тој што ќе има повеќе среќа :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вечер Германија ќе ја запише најубедливата победа во едно финале. Едноставно покажаа дека се машина, освен во натрпреварот кога рударот си играше менаџер. Па и на крај краева заслужено треба да го однесат пехарот, докажаа дека се најдобар тим моментално во Светот.

Одјава со химната Auf uns:
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Реално гледано и двата тима не ми беа импресивни.

Германија победи против просечната Португалија, дури и Роналдо призна дека со ваква екипа ништо не можат. Едвај ремизираа со Гана, а на тој меч навивав баш Гана да им го земе скалпот. Да беа малце подисциплинирани можеа подобро. Едвај се справија со САД во убиј боже натпревар, мада умртвија игра во последните 20 минути и двете селекции бидејќи Португалија ја реши Гана. Ептен ми е криво за Алжир, каква лавовска борба прикажаа. Ги победи кондицијата ама можеа да истуркаат пенали само не ги пратеше среќата со последниот удар кој заврши во стативата. Со Франција имаа среќа Ноер да им одбрани зицер на французите. Со Бразил сепак одиграа неверојатно, покажаа квалитет за да направат повеќе од импресија, мада побитно покажаа дека оваа селекција на Бразил не беше ништо посебно, освен на име. Штета за Чиле и Колумбија.

Аргентина одигра минимално со Босна, посакував реми со Иран, иранците го заслужија. Конечно добар натпревар покажаа со Нигерија, мада и двата тима не запнаа на крајот бидејќи имаа сигурен пат. Со Швајцарија-крикет беше поинтересно да се гледа. Со Белгија не го пратев мечот. Со Холандија беше како да гледав дуел на два Метапод покемони, двете дефанзиви беа добри па и се очекуваа пенали.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
mnogu ekipi pobedile so puves igra :)
da ne nabrojuvam ama mnogu mnogu ekipi osvojuvale ls i red drugi trofei so nikakva igra,pa ne e cudo da iznenade argentina iako mnogu slabo igraese na svetskoto
Ова највеќе на Челзи ме асоцира :D
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Вечер Германија ќе ја запише најубедливата победа во едно финале. Едноставно покажаа дека се машина, освен во натрпреварот кога рударот си играше менаџер. Па и на крај краева заслужено треба да го однесат пехарот, докажаа дека се најдобар тим моментално во Светот.

Одјава со химната Auf uns:
Гана, САД, Франција, слаба Португалија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom