16 октомври 2006
Полицијата го потврди овој инцидент, но и уште четири други од истиот ден. Според нив, на 24 октомври околу 11 часот, на булеварот "Крсте Мисирков", на еден од паркинзите кај Универзитетскиот кампус,
околу 10 Албанци физички го нападнале дваесет и едногодишниот З.Ј. од Скопје, при што му нанеле повреди на главата и телото. Истиот ден, околу 14,30 часот, на булеварот "Никола Карев", во автобусот на ЈСП со број "65",
20-ина Албанци се качиле во автобусот, ги прашувале патниците како се викаат, по што физички го нападнале седуманесетгодишниот ученик од ЕМУЦ В.И., при што му нанеле повреди по главата и телото. Во исто време, во автобус на ЈСП, што сообраќа на релација Хиподром - Државна болница,
поголема група ученици-Албанци од АСУЦ и од ЕМУЦ се качиле во автобусот и со тврди предмети го нападнале дваесет и едногодишниот А.Д., при што му нанеле повреди по телото. МВР известува и дека околу 18,45 часот, на автобуската постојка во населбата Нерези во Скопје,
околу 10 Албанци во автобус на ЈСП што сообраќа на релација Скопје - Сарај, му се обратиле на шеснаесетгодишниот М.Б. на албански јазик. Откако тој не ги разбрал, Албанците го нападнале физички, нанесувајќи му повреди на главата и телото.
20 февруари 2008
Средношколци – Македонци претепани од соученици – Албанци
Кичево – Мирниот протест на средношколците од Кичево прексиноќа заврши со палење на македонското знаме на градскиот плоштад и со претепување неколкумина средношколци – Македонци, кои застанале во одбрана на знамето од нивните соученици – Албанци.
Македонското знаме беше запалено откако беше оттргнато од рацете на учениците – Македонци околу 20 часот на протестот што се одржуваше за поддршка за зачувување на уставното име на Република Македонија.
26 ноември 2008
Имено,на 04.09.2008 год. околу 13,50 часот на ул.„Алија Авдовиќ“бб пред влезот на колонијалната продавица
„Баже Комерц“,сопственост на лицето Б.Ј., машки малолетни лица од албанска националност фрлале со камења кон продавницата. Од страна на Б.Ј. и неговиот син А.Ј., лицата усно биле опоменати по што истите си заминале. Околу 14.00 часот пред продавницата пристигнало лицето М.С. кој со себе носел стап и по куса вербална расправија со Б.Ј. со стапот му задал неколку удари во пределот на рацете и телото, а потоа помеѓу двајцата избила тепачка во која си размениле неколку удари со тупаници и клоци по целото тело. Околу 14.20 часот М.К. дошол пред спомнатиот колонијал кој бил затворен, а внатре се наоѓале Б.Ј., А.Ј. и С.Ј., извадил пиштол и од него низ стаклото од влезната врата во правец кон А.Ј. испукал два проектили при што со еден проектил го погодил и му нанел прострелна рана во пределот на левата плешка. Со намера да го спречат да продолжи да пука С.Ј. и Б.Ј. се упатиле према М.К. да му го земат пиштолот но во тој момент
пријавениот испукал уште еден проектил кон Б.Ј. и му нанел прострелна рана во пределот на стомакот по што М.К. со огненото оружје побегнал.
24 јануари 2009
Средношколците Македонци од струшкото училиште „Нико Нестор“ ја бојкотираат наставата по завчерашната тепачка во која брутално беа претепани петмина нивни соученици. Родителите на средношколците стравуваат од нови меѓуетнички немири затоа што по извесно време ученици Македонци повторно се нападната од нивните соученици Албанци.
2 февруари 2010
Повторно нападнат Македонец во тетовската гимназија
Учениците Македонци од тетовската гимназија го продолжија бојкотот на настава, откако денес уште еден од нив беше истепан пред да влезе во училишниот двор.
23 март 2010
Тинејџер претепан во автобус
Тинејџер бил претепан од група средношколци завчеравечер во автобус на ЈСП во населбата Чаир, соопшти МВР. Инцидентот се случил околу 23 часот на улицата Цветан Димов, во автобусот број „57“.
Шестмина средношколци му се нафрлиле на К.Н.(18), удирајќи го со тупаници и со клоци.
7 мај 2010
Раскрвавени глави на осмооделенци во меѓуетничка тепачка
Во училиштето „Вук Караџиќ“ го потврдија инцидентот но допрва ќе го решаваат проблемот.
Очевидците зад камерата на Канал 5 тврдат дека четворица осмоодделенци Албанци без причина нападнале со тупаници 14 годишно момче пред влезот на „Вук Караџиќ“.
20 октомври 2010
Полицијата ги претресува автобусите во потрага по насилните средношколци
Тројца малолетници се фатени со ладно оружје во акцијата на полицајците и специјалната единици “Алфа“ на подрачјето на скопската Автокоманда по инцидентот во автобус на ЈСП при што едно момче беше расечено со нож.
Полицијата вчера попладне ги привела Х.И. (16) кој со себе носел нож, Ф.Ф. (15) поради носење метален боксирач и Д.Т. (16) кој во ранецот носел метална шипка. Сите тројца се ученици во средните училишта од тоа подрачје, велат од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случи вчера во автобусот број 50 додека стоел на автобуската станица во Авткоманда дошло до масовна тепачка меѓу средношколци до македонска и албанска националност.
3 Март 2011
Скопски средношколец прободен со нож од соученик
Инцидентот се случил околу 13 часот на улицата пред училиштето за време на меѓусмена. Група од
тројца-четворица ученици од четврта година од македонска националност оделе на настава кон училиштето. Тие биле пресретнати од поголема група ученици од албанска националност, од скопските села Моране и Студеничани, од пониските класови.
Тогаш еден од поголемата група му пришол на С.Ф. и го прашал „што ме гледаш така“, а
потоа извадил нож од џебот и го пробол во ногата.
17 март 2011
Жителите на Љубанци бараат полициска заштита
Жители на скопското село Љубанци и сопствениците на викендички во селото вчера одржале средба со градоначалникот на Општината Бутел, Петре Латиновски, и побарале поголема безбедност поради зачестените подметнати пожари и грабежи во куќите.
Таму во понеделникот во подметнат пожар изгоре викендичката на Владимир Зафировски, откако една недела претходно била запалена куќа на Македонец во село Бродец, а пред три недели намерно била опожарена уште една викенд-куќа во Љубанци. На средбата, на која присуствувал и командирот на полициската станица Бутел, жителите на Љуботен побарале да се сретнат со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. Тие се револтирани од надлежните институции бидејќи, според нив, тие ги кријат последните случувања во селото, па
јавноста не е запознаена дека на Македонците им се палат куќите на Скопска Црна Гора.
Жителите на Љубанци велат дека за еден месец ова е десетти опожарен објект во реонот на Скопска Црна Гора.
4 мај 2011
Со нож избодено 18-годишно момче
Четири момчиња од албанска националност завчера напладне претепале и со нож изболе 18-годишно момче во Транспортниот центар во Скопје. Според полицијата завчера околу 14.00 часот во Скопје на булеварот Никола Карев” бб во Транспортниот цЦентар, пред канцелеријата на контролорите, Мартин Ј. (18) од Скопје бил физички нападнат од страна на 4 лица од албанска националност на возраст од 17 до 19 години. Насилниците го удирале момчето со тупаници по лицето и телото, при што еден од нив извадил нож на расклопување со должина околу 15 см и со еден удар го пробол во стомакот. Веднаш потоа лицата избегале кон Народната банка.
21 мај 2011
Шверцери повторно напаѓаат кај Калето
МВР соопшти дека група од 20-тина припадници на навивачката група Шверцери нападнале и повредиле две лица во близина на барот Пивница кај скопското Кале.
Во инцидент кој се случил синоќа половина час по полноќ две лица се повредени откако група од 20-тина припадници на навивачката група Шверцери ги нападнала. МВР соопшти дека групата нападнала 5-мина кои седеле на клупите во близина на барот Пивница.
Двајцата што не избегале биле натепани. На едниот му бил скршен заб и му биле нагмечени ребрата, а имал и расекотина. Вториот поминал полесно имал траги и црвенило по главата и модринки по нозете.
Девојка која била во нивно друштво успеала да избега пред насилната група. Се качила во својот автомобил, со уште двајца пријатели. Пред да тргне со колата групата ја стигнала и удирале со рацете и нозете по автомобилот. Го оштетиле автомобилот и избегале.
10 јули 2011
Група од десет лица без причина претепале момче во автобус
Група од десет непознати лица, вчера по полноќ без причина претепале 20-годишно момче во автобусот број 57. Од ударите, момчето се здобило со црвенило на грбот, крвавење на устата и гребнатина на окото.
Непознатите лица од албанска националност го нападнале момчето удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Од нападот, Н.Б. се здобил со видливи повреди во вид на црвенило во пределот на грбот, крварење на усната и гребнатинка над десното око.
До физичкиот напад дошло без повод и причина.
Случајот Монструм, случајот Ангел, случајот Кале и ре други дивеења во автобуси. Да набројувам уште
@puno или уште докази ти требаат дека не сакаме соживот со вас?